Група Ф (Италија, Парагвај, Нов Зеланд, Словачка)

Статус
Затворена за нови мислења.
Незнам зошто но на ова СП.....Италија нема многу да се покажи како минатото СП..........
 
не ги направив фаворити,ама не смеат да се потценат....ќе имаме прилика да гледаме како ќе настапат,сигурно не за џабе играат во завршницата....

Првен види во каква квалификациска група се натпреваруваа, па после коментирај :)

Тие ти се како Андора или Лихтенштајн, може малце појаки.

Според мене Италија и Парагвај во втората фаза ќе се пласираат.
 
Italija ima mnogu srek'a.I so grupata i so ekipite ponatamu.Zatoa moze daleku da dogura.Rasporedot i odgovara, inaku nema mnogu kvaliteten tim.Argentina,Brazil,Spanija,Holandija...se pojaki spored mene..
 
Paragvaj ke bidat prvi vo grupata so maksimalno osvoeni bodovi.
Posle Brazil navivam za niv. Imaat dobra ekipa i dobar trener.
 
Земја учесничка на СП - Парагвај

Парагвај во претходните седум настапи на Светските првенства ниеднаш не успеа да ја помине првата елиминациска фаза, а на своето четврто учество по ред ќе се обиде, конечно, да запише повеќе од една победа. "Албироха" беа најпријатно изненадување во јужноамериканските квалификации. Долго време беа на првото место пред Бразил, а на крајот завршија со само еден бод помалку од петкратниот светски првак и обезбеден пласман на Мундијалот на три кола пред крајот на циклусот. Тоа, заедно со одбраната која прими само 16 гола на 18 натпревари, се најголеми адути на Парагвајците пред првенството во Јужна Африка.

Парагвај е двократен јужноамерикански првак и репрезентација на која долго време заштитен знак & беше силната одбрана и убиствените контранапади. Меѓутоа, во споредба со Светското првенство во Франција 1998 година со кое почна и серијата од четири учества по ред на Парагвај, сега оваа селекција има значајна промена во филозофијата на играта што од неа направи и доста атрактивен и квалитетен тим. Аргентинецот Марино почна да форсира формација 4-3-3, па во такви услови нападот сè полесно и почесто го наоѓаше патот до противничката мрежа. Ако порано главен лик во парагвајската репрезентација беше контроверзниот, но исклучително квалитетен голман Хозе Луис Чилаверт, сега тоа се напаѓачите како Роке Санта Круз, голгетерот на Бенфика, Оскар Кардозо, инаку најдобар стрелец во португалското првенство, како и откритието на Борусија Дортмунд, Лукас Бариос. Тука е уште еден Нелсон Валдез, кој долги години успешно игра во Бундес-лигата, а мора да се знае дека Парагвај поголемиот дел од квалификацискиот циклус играше без првата ѕвезда Роке Санта Круз, кој беше повреден.

Неколку месеци пред ова Светско првенство, Парагвајците доживеаја несреќа откако најдобриот стрелец во квалификациите, Салвадор Кабањас, беше застрелан во главата во еден бар во Мексико каде што настапува и долго време не се знаеше дали воопшто ќе преживее. За среќа, успеа да заздрави, но нема да биде подготвен за Мундијалот, што сигурно ќе биде голем хендикеп ако се знае дека со неговите шест гола во квалификациите му донесе многу голови на Парагвај.

Се разбира, нападот не е единствениот квалитетен дел од репрезентацијата на оваа земја. Чилаверт доби легитимен наследник во Хусто Виљар, кој е член на Ваљадолид, а одбраната во која порано играа легенди како Гамара и Ајала, сега ја сочинуваат интернационалци како Да Силва, Торес, Хулио Цезар Касерес и ветеранот Денис Каниза, кој на Мундијалот очекува да стигне до 100. настап во репрезентацијата. Средниот ред е можеби најслаб дел од тимот иако и таму не недостасуваат квалитетни фудбалери.

Како и да е, главна цел за Парагвај во Јужна Африка ќе биде конечно да стигне до четвртфиналето. Клучен натпревар во групата ќе биде оној против Словачка, а потоа најверојатно ќе се сретне со Холандија, што сигурно ќе биде голем тест за оваа генерација на "албироха".

paragvaj%20grupna.jpg
 
Serbia [0 - 1] New Zealand..............22' [0 - 1] S. Smeltz
 
1.Италија
2.Парагвај

Овие другиве нема шанси да се борат за понатаму...иако Словачка не е за фрлање...
 
Според мене Италија и Парагвај одат понатаму
 
Нов Зеланд не се нешто звучни ама може да напраат некое чудо...Италија ќе помине некако ќе се провлече ама за понатаму нека им е со лесно...
 
Секогаш сите гледат со резерва кон ИТАЛИЈА, но Липи има своја тактика :smir:
 
Нов Зеланд не се нешто звучни ама може да напраат некое чудо...Италија ќе помине некако ќе се провлече ама за понатаму нека им е со лесно...

Да бе шампион ке биде :vozbud:. Шала на страна го типував Нов Зеланд дека ке заврши без освоен бод :tapp:
 
Ej мизерија играта на Италија, а посебно одбраната им е катастрофа, ги поминуваа како мали деца.
Со ваква игра поарно да не заминуваат за Африка :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom