Група Х (Шпанија, Швајцарија, Чиле, Хондурас)

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
браво за Швајцарија, прекрасна игра според мене, бидејќи тие не беа 100% ориентирани во одбрана иако водеа со 1-0 кога им се укажуваше шанса повторно напаѓаа... а тој Инлер е ѕвер, сам ја држеше средината и тој ги организираше сите напади

ПРЕКРАСНА ИГРА

facepalm.jpg
 
Стварно Веб беше скоро перфектен во судењето... Не знам кој може нешто да му приговори.
 
Да немаш решение за Швајцарија значи дека потфрлиле. Тука мислам пред се не на играчите туку на Дел Боске кој требаше да претпостави вакватактика на Хицфелд и да најде решение. Во секој случај повеќе „матерјал“ во поглед на фудбалски квалитет има на располагање дел Боске а сепак не најде решение за Швајцарците на Отмар.

Дел Боске стана редовен пациент на Хицфилд. Се надевам ја паметите сезоната 2000/2001 кога Баерн беше шампион на Европа. Ги здроби Отмар, „кралевите“ на Дел Боске два пати во полуфинале. И дома и во гости.

Но, репрезентација е нешто сосема друго. Немам ништо против Дел Боске и не мислам дека нешто згреши денес со тактитака. Напротив Шпанија беше прилишно добра и моќна, само им недостигаа мали финеси. Голот висеше неколку пати, беа швајцарците во мат позиција ама ...
Екипа како Шпанија нема тоа да си го дозволи два пати по ред. Ќе се среди тоа брзо и наредно коло типувам на првата „петарда“ на ова СП.
 
Дел Боске стана редовен пациент на Хицфилд. Се надевам ја паметите сезоната 2000/2001 кога Баерн беше шампион на Европа. Ги здроби Отмар, „кралевите“ на Дел Боске два пати во полуфинале. И дома и во гости.



Знам бе брат и јас искоментирав а 2001 пред неколку страни :smir:

Во принцип многу го почитувам Дел Боске и мсилам дека е топ тренер и е една од најголеми грешки на Реал (со Макелеле) што го пуштија ама денес потфрли според мене.
 
Само не ми е јасно што сакаше Дел Боске да постигне со тактиката Навас на наврлува од десно. Ниту една ама баш ниту една топка не помина и упорно форсираа таква игра. Лингштајнер одлично ја затвори левата страна и пробаа по десно но некако и тоа не им успеа. Имаа две три добри еден два акции по средина шпанија и мислам дека доколку ја форсираа таа игра имаа поголема шанса за погодок, а не со нафрлени топки од Навас.

Како и да е ова и не беше баш класичен бункер цело време. Бункер играа последните 10 минути и плус 5 продолжение. Иако мислам дека премногу беа 5 бидејќи прекинот на Иниеста и небеше толку голем имало многу поголеми прекини па не се продолжувало до толку.

Сепак како и да е Шпанија ја имаа играта но не и решение за реализација за погодок. Едино според мене Алонсо изигра солидно и кога го стави на местото на Бускетс го немаше како во претходниот дел од натпреварот. И Бискетс им е најслабата точка во екипата и јас би го играл Алонсо на неговото место а на местото на Алонсо би го ставил фабре.
 
ПРЕКРАСНА ИГРА

facepalm.jpg

Кога ќе сватите еднаш со вашите недозреани глави, дека убавината у фудбалот не е само во напад! Подеднаков уживам кога гледам тим што игра добро у одбрана како тим што растура у напад. Друго е да не знаат главата каде им е нели, Но Швајцарците не им дадоа да мрднат на Шпанија! е тука е убавината, да гледаш безгрешен тим-машина.
 
Добро бе па и вие, што к.р го мешате Реал сеа? Шпанија игра не Реал:tapp:

--- надополнето ---

Знам дека сте среќни вие Баварци заради Отмар и јас сум што се палеа фановите на Шпанија, ама не треба да се мешаат клубовите сеа коа е СП.
 
Бев у ауто поголем дел од утакмицата, не ми се веруе дека Шпанија изгуби
 
Изненадување а ? :)))
Се распостели одбраната на Шпанија, и оп, еден гол. Едноставно, после тоа мало повлечување на Швајцарија. Не се бранеа цело време, тоа и ги спаси, ако се бранеа нон-стоп ке беше поопасно, така да прекрасно си изиграа и мислам дека ги заслужија трите бода.

Не ми е јасно како, земја како Шпанија овој нивниот тренер започнува со 1 напаѓач, чудно ми е, наместо да ги стави и Виља и Торес, и од бочните страни Иниеста и овој Навас, подобро ке беше, ама од почеток.

Се виде дека не оди играта по средината со пасови, па затоа тренерот се реши така, и мислам дека ако беше ова уште од многу порано односно од почетокот многу по друго ке беше и ке се извлечеше Шпанија.
Ама па сепак и Швајцарија имаа малку среќа, а не беше ништо посебно и Шпанија.

Интересен меч беше, иаку 0-2 гола, досега сите освен 2 утакмици за во кладилница. Јас ја фатиф 0-2 г. =)
 
Man of the Match е Фернандес , мислам дека не заслужи ништо не видовме од него само голот. Инаку добро играше Швајцарија.
 
Срамота за Шпанија во која играат играчи како Виља,Торес,Фабрегас,Иниеста,Чави,Чаби Алонсо,Рамос,Пујол,Пике,Касиљас ,се на се тим вреден околу 600 милиони ,да губи од Швајцарија.Некако немаа желба сите играчи да дадат максимум. Плус им се погоди тренерот,Хицфилд :pos2: Измислен е за чување резултат.
 
Натпреварот можеше да биде многу поразличен доколку шпанците беа повеќе сконцентрирани во нападот, особено прво полувреме. Имаа сериозни ситуации, ама многу лесно ги пропуштија. Можеби затоа ги стигна казната. Сега после битка, сите се генерали нормално па може да се каже дека „Швајцарија одиграла прекрасно“. Малку фалеше за да биде спротивно.
Како и да е, 25 шутеви на Шпанија од кои 8 во рамки на голот и даваат надеж дека ваква (не)реализација не може да им се повтори. Наредно коло - ПЕТАРДА.

P.S. На светсково првенство сум за Германија.

Добро бе па и вие, што к.р го мешате Реал сеа? Шпанија игра не Реал:tapp:

--- надополнето ---

Знам дека сте среќни вие Баварци заради Отмар и јас сум што се палеа фановите на Шпанија, ама не треба да се мешаат клубовите сеа коа е СП.

Реал е случајно спомнат. Не се пали.
Муабетот е за тренерите на Шпанија и Швајцарија.
 
Man of the Match е Фернандес , мислам дека не заслужи ништо не видовме од него само голот. Инаку добро играше Швајцарија.

Епа тоа е најважното, тој гол им ги донесе трите бода на Швајцарците.
 
ЕЕЕЕххххх умре времето кога првенството го решавале само два до три поединци и ако ги имаш во екипата освојуваш трофеј. Во последниве неколку години се докажа дека играат сите екипи и двете страни имаат по 11 играчи, така да нека не ви биде изненадување големо ваквиот исход, а и исходите неочекувани понатака. Ако играте фиксеви во кладилница сте наебале, само со игра 0-2 можеше да се чари нешто (освен на два натпревари)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom