Група Х (Шпанија, Швајцарија, Чиле, Хондурас)

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Во оваа група се зборуваат пет јазика, од кои четири во Швајцарија. Едниот преостанат, во останатите три земји.
 
Шпанија е сигурна понатаму,вториот патник ќе се реши во меѓусебниот дуел на Швајцарија и Чиле. Повеќе шанси им давам на Швајцарците.
 
Фуриозните Шпанци, актуелни Европски прваци ќе се главни фаворити на ова СП, со мала предност во однос на Бразил и Англија!Групава со нималце вложен труд ќе ја решат со 3/3 победи и ќе се дистанцираат во вршење услуги, па така да ќе остане борбата меѓу Чиле и Швајцарија. Чиле покажа класа при квалификациите за СП, со иста игра ќе минат група.

1. Шпанија - 2. Чиле
 
Група во која не се ни сомневам дека Шпанците за кои сметам дека се најголеми фаворити за тронот (иако пристрасно во таа темата си гласав за Мексико :)) ќе освојат 9 бода. За второто место ќе се води изедначена битка, и скоро и да неможам да типувам кој ќе заврши како втор. Чиле многу напредуваше откако имаше застој после првнеството во Франција 1998, а Швајцарците мислам дека собраа и повеќе од доволно искуство од минатите неколку собири без разлика дали беа европски или светски за да можат да се носат со Чиле. Екипите од Американскиот континент, секогаш колку и да не ни се познати, знаат да се носат со европските екипи. Играат фудбал кој е убав за око, па очекувам дека сепак Чиле ќе биде тој кој што ќе се најде во вториот круг. Хондурас ми се тотални фудбалски анонимуси, и од сегашна гледна точка и неможам да кажам со каков квалитет располагаат, па затоа ќе ги сместам на четвртото место, иако се е можно во борбата за втората позиција.
 
Шпанија има ренде да ги направи сите од оваа група. Хондурас 6-7 ќе прими. За второ место мислам дека Швајцарија е најголем фаворит.
 
Шпанците ќе си испробаваат моќе тактики за понатака.Мислам дека нема да имаат проблеми за да идат понатака.Плус им треба првото место пошто сврзуваат со доста јака.Се ќе се реши таму.Сигурно ќе ги избегнат Бразлиците и можно е да киксне Шпанија за да ги одбегне.Али Шпанија е Шпанија може и за инат ќе сакаат со Шпанците.
 
Единствен проблем е тоа што одма уште од 1/8 финале вркстуваме со најтешката група.Ако не Бразил,тогаш Поругалија или Брегот.Дел Боске е голем тренер и он ќе си испробува во групава.Овде ќе си коментираме што се однесува до групата,а за Шпанија си имаме посебен фан клуб.
 
Ако се биде како што треба и оди според плановите, Шпанија не би требало да има проблем да го заземе првото место во групата. За второто јас типувам на Швајцарија, пред се ради тренерот, Отмар Хицвелд, кој е докажан тренер, има освоено ЛШ со два тима, и мислам дека направи солиден тим за Швајцарија. Па ќе видиме како ќе испадне.
 
1.Шпанија
2.Чиле
3.Швајцарија
4.Хондурас

Лесно ке им е на Шпанија, за второто место мислам дека Чиле ке биде!:vozbud:
 
Чиле ако здиват може и зад грб да ги остават Шпанциве, со тоа ќе го јадат коцкарите кои играле пред почеток на Шпанците, а од друга страна пак ќе се ждребнат Бразил со нив, финале пред финале.
Швајцарија не припаѓаат овде, не сеуште, имаат авторитетен и паметен тренер, но он нажалост нема што да извлече од нив.
 
Eве гледам повеќето ги форсираат Швајцарциве....но мислам дека Чиле ќе иде понатаму....
 
Шпанија и Чиле од оваа група
 
1.Шпанија
2.Швајцарија
3.Чиле
4.Хондурас
:toe:
 
1.Spanija
2.Svajcarija/Chile
3.Svajcarija/Chile
4.Honduras
Spanija si minuva bez problem, Svajcarija ima silen tim, a i Chile verojatno e dosta silen. Honduras, bi mozel eventualno da zamrsi nekoja smetka, ne veruvam deka imaat sila za poveke.
 
Нема сомневање дека Шпанија тука е најсилна, Хондурас не знам што играчи имаат и би требало да се најслаби.

Чиле имаше смена на генерации и сега мислам дека има солиден тим и речиси се изедначени со Швајцарија во шансите за пласман.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom