Летало се урна во Бутел?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Абе слушнав сабајлево као авион кога прска од комарци, многу низок и јак звук, а после тоа гребење...ај викам комшиите носат нешто, се додека не прочитав овде.

Задња информација од граѓаните од Бутел е дека виделе уште у ваздух како експлодира/светнува-сеедно, виделе чад, а најверојатно е негде кај заобиколницата. Голема среќа, за малку во населба.

Сега дури ме фати јанѕа. Ја сум на 1 км од заобиколницата, ај нека е и 2 до кај што паднало, две школи се околу тоа место, градинки, куќи...што можело да бидне да тибам сликањето глупо.
 
Незнам, ама мене сето ова ми изгледа на фино прикривање на информации...

Станат бев од 6 и 30 сабајле. Околу 7 и 50 убаво (ама УБАВО) слушнав како лета авион, а потоа експлозија. Звукот беше ист како соборен авион, односно, како авион што забрзано паѓа надолу... Експлозијата убаво се слушна до центар.

Пошто нашите не верувам дека би летале беспилотни летала, претпоставувам дека станува збор за летало на НАТО. А ако е нивно, воопшто не би било тешко и чудно да се измени приказната...
 
Абе слушнав сабајлево као авион кога прска од комарци, многу низок и јак звук, а после тоа гребење...ај викам комшиите носат нешто, се додека не прочитав овде.

Задња информација од граѓаните од Бутел е дека виделе уште у ваздух како експлодира/светнува-сеедно, виделе чад, а најверојатно е негде кај заобиколницата. Голема среќа, за малку во населба.

Сега дури ме фати јанѕа. Ја сум на 1 км од заобиколницата, ај нека е и 2 до кај што паднало, две школи се околу тоа место, градинки, куќи...што можело да бидне да тибам сликањето глупо.
Тркни, ѕирни.
Или ќе бидеш релевантен извор или ќе добиеш некоја паричка да молчиш.
 
Ја слушнав низок прелет на млазен авион. До сеа не сум видел боци да летаат!:) :helou:

И јас!

Звук на соничен авион и како да пробива звучна бариера. Само што звукот беше ептен слаб, па ми падна чудно како може да пробие бариера а да не затреси.

Како и да е, прелета нешто.
 
Дури ни баба не верува во приказната за експлозивна направа која експлодира, па полетува, експлодира во воздух и потоа се урива па пак експлодира....

И нека разјасни некој колку е оддалечена фамозната Железара од обиколницата кај која се урнало... нештото.
 
Како може плинска боца да остави спирални траги од чад?
 
Прво ...јас слушнав значи сабајлево во Аеродром (тука живеам) како прелета нешто што ДЕФИНИТИВНО беше на млазен погон. Тонот на звукот беше тој. Потоа се слушна одек како пробивање на звучна бариера само многу потивок. Тоа ми падна чудно.

Звукот беше од мал авион, бидејќи леташе ниско, а не беше силен како голем млазен мотор.
 
Над Ново Лисиче помина 100% ако тоа е мистиката.
А што беше не знам.
Дефинитивно не беше плинска боца од железара пошо помина над Ново Лисиче.
 
True True! Помина. Некаде беше 7:50-8:00 кога го слушнав.
 
Дури ни баба не верува во приказната за експлозивна направа која експлодира, па полетува, експлодира во воздух и потоа се урива па пак експлодира....

И нека разјасни некој колку е оддалечена фамозната Железара од обиколницата кај која се урнало... нештото.

111ixx.jpg

Чудно, да летне толку, што и да е, треба експлозија од која нема да можат да го состават работникот после, а бога ми ни железарата.

А ни јас не сум чул за експлозив кој експлодира три пати. :)
 
Хех еве нешто ново:

Силната експлозија која утрово се случи во северно Скопје потекнува од кругот на “Макстил“, каде е повреден најмалку еден работник, и нема потврда дека се урнало летало, јавува еРепортер.

Извори во Макситил наведоа дека при извршување на работи на багеристи во кругот на фабриката, случајно се активирало експлозивно тело, при што дошло до силна експлозија.

Делови од железо се катапултирале далеку од локацијата на фабриката и паднале во населбата Железара.

извор

И уште нешто со слики... http://makfax.com.mk/_tools/article/106498/view

Пак клучно прашање... колку далеку е Макстил од местото на уривање?
 
Јас го видов :) Оставаше бела трага по него,мислев дека е авион кој се руши.Имаше бучава и вртоглаво паѓаше кон земјата.Само помислив да не иде накај мој стан,дека ќе живеам :))) Среќа без жртви.
 
Тркни, ѕирни.
Или ќе бидеш релевантен извор или ќе добиеш некоја паричка да молчиш.
Хаха, или ќе ме "снема". Тркнав и ѕирнав (иако со температура) не ме држеше место :)
Не видов ништо кај обиколницата, ниту кај втората капија на Железара (меѓу железарските езерца и заобиколницата). Значи бев до црвениот круг (на сликата) се беше ептен вообичаено.
И уште нешто со слики... http://makfax.com.mk/_tools/article/106498/view

Пак клучно прашање... колку далеку е Макстил?
Можно е да одлетале пошто втората капија на Железара е негде кај што покажува овој црвен круг на сликата на Ханзо
97p6oh.jpg

а десно од тоа место се езерцата.

Да почекаме на званични информации.
 
Како е можно да надлета и над центар,аеродром и ново лисиче и да биде боца или застарена ракета? Под колкав притисок и да е нема шанса.:tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom