единствен поштен судија мислим дека е битолчанецов
Пресилски барем до сеа што сум го гледал на утакмицеве на Тетекс најфер судел
Кој е тој судија??? Да не мислиш на Крстевски - Крцул?
Приказната за судиите во нашата лига и за целата судиска организација е многу долга и широка.
Генерално, судењето во нашата лига и многу поквалитетно отколку фудбалот што се игра во лигата.
Еден најопшт пример. Ако направиме споредба со Германија. Судењето во Германија и фудбалот во Германија ако ги споредиме со судењето кај нас и со фудбалот кај нас, ќе видиме дека судењето во Германија е 10 пати подобро од нашето, ама па фудбалот таму е 1000 пати подобар од нашиот. Многу прост пример не го сфаќајте буквално, сакам само да дадам слика некаква.
Овде е многу тешко да си судија, затоа што тука сите сме паметни и не прифаќаме некој да ни „соли памет“ и да ни кажува дали е фаул или не е. Ова е факт. На запад и судиските грешки се прифаќаат полесно отколку кај нас. Мислам на ситните грешки од типот фаул е не е фаул, офсајд итн. Грешки од типот на Анри за Франција голот со рака, кај нас не може да има бидејќи не се игра на толку високо ниво со толку голем влог. Случајно да има таква ситуација - одма убиство ќе има на терен. Културата доаѓа во преден план.
Да не испадне дека судиите ни се идеални, напротив, мора да се каже дека голем дел од нив (особено од втора лига па надоле) не се на висина на задачата и се тотално дојдени само за дневницата. Сум имал прилика да се движам во судиски кругови и верувајте повеќе од половина судии се синови или внуци на некој поранешен судија или делегат, контролор. Не дека има нешто лошо во тоа, слободно може и синот да биде судија, ама самиот да се избори за тоа. Кај нас не е така.
Нашите УЕФА судии, судат натпревари од претквалификации или па прво коло од Лига Европа, она што е пред да се формира лигата. Понатака не судат затоа што имаме слаб клубски рејтинг, а не затоа што судиите се лоши. Обратно не може да кажеме. Не може да кажеме дека Ренова и Работничи не одат во трето коло од УЕФА затоа што имаме слаби судии
Да не испадне предолг и досадан постот, ако се развие дискусија можам да ви набројам мал милион пример за лоши и добри судии и за роднински врски.
На крај една мала филозофија. Како што не може да се разреши дилемата што е постаро, дали јајцето или кокошката, исто така не може да кажеме што треба најпрво да се подобри, дали квалитетот на судењето или квалитетот на фудбалот. Тоа секогаш оди заедно.