Во пензија со наполнети 67 години

  • Креатор на темата Креатор на темата vselenec
  • Време на започнување Време на започнување
Вака колку и да е загрозен пензискиот фонд, пензијата 64 со 62 е океј, за админситацијата, додека за рудари секачи и градежници на скеле е понижувачко до кога сиромасите ке плакат за богатите, за нив не смее да биде над 60, па дури и трееба да се врзе со некоа формула стаж+години

пример 100 збирно нека е, познавам човек кој сече дрва 42 години а има 59, тој би ги задоволил условите, ова ретко ке го фане образован човек кој бил на факс до 25, тој до 60 неможе да има повеке од 35 стаж и пак би му требале 65 години старост......нешо и владава најави вакво нешо ама брзо се откажаа

Така беше порано, со 40 години стаж се одеше во пензија. Некој што работел текстил и почнал на 18 години заминуваше на 58, некој што учел факултет до 30 години чекаше старосна пензија.
 
Малку Офтопик
Дали има влијание колку години имаш стаж со висината на пензија или само зависи од висината на платата?. Знам дека треба 15 години минимум стаж за пензија.
 
Да има, годините стаж ги множат со некојси републички просек на плата за да ти ја пресметаат пензијата.
 
Малку Офтопик
Дали има влијание колку години имаш стаж со висината на пензија или само зависи од висината на платата?. Знам дека треба 15 години минимум стаж за пензија.

Мислам дека висината на пензијата има најмногу врска со висината на платата која што пензионерот ја земал во својот работен век(просекот од тие плати), а не со тоа колку стаж се има ........ мислам дека пензиите сега за сега се 70% од платата која што си ја земал, но во иднина сигурно ќе паднат на 50% од платата која што си ја земал ............ пошто пензискиот фонд е во нок-даун и се одржува во живот со помош на апарати за дишење ! :ROFLMAO:
 
Малку Офтопик
Дали има влијание колку години имаш стаж со висината на пензија или само зависи од висината на платата?. Знам дека треба 15 години минимум стаж за пензија.
Има секако. Не сум сигурен, но ми се чини коефициент од 1,8 за година е земен за процентуална пресметка за висина на пензијата.... Доколку на пример како што рече се оди со минимум 15 години работен стаж на 64 полни години (засега) во тој случај износот на пензијата ќе се пресмета (15*1,8)+=27... значи со 27% од остварената просечна плата за тие 15 години. Индексот е земен со претпоставка дека повеќето одат во пензија со 40 години раб. стаж, нели во тој случај 40*1,8.... досега беше 75%, ама лешпериве од ПИОМ во името на големите идеи нели го намалија на 72%... Така барем слушнав, не сум сосем сигурен... меѓутоа одговорот на прашањето е дека и тоа како зависи висината на пензијата од стажот, а не само од просечната плата.
 
Како мислиш ТИ ЛИЧНО?

Старосната пензија се утврдува од месечниот просек на платите што осигуреникот ги остварил за време на вкупното траење на осигурување...
Т.е. се зема личен просек а не „некојси републички“ На ова мислам. Додуше не ми јасно што се случува со девалвација на валута инфлација и останати деприцијации на вредност на плата посебно на таа пред 30 години а која ти влегува во просек.:confused:
 
На ова мислам. Додуше не ми јасно што се случува со девалвација на валута инфлација и останати деприцијации на вредност на плата посебно на таа пред 30 години а која ти влегува во просек.:confused:
Сепак похумано е ова... се исплашив дека јас со моите 25*1,8, ќе остварам 45% а вака 53%!:) само се плашам да не е некоја стара табелава!? Зошто бе жениве се привилегирани мајката!?
Инаку доколку валутата во стажот на осигуреникот девалвирала, тогаш за тие години се прави ревалоризација.... За депресијација и инфлација не важи!;)
 
Има секако. Не сум сигурен, но ми се чини коефициент од 1,8 за година е земен за процентуална пресметка за висина на пензијата.... Доколку на пример како што рече се оди со минимум 15 години работен стаж на 64 полни години (засега) во тој случај износот на пензијата ќе се пресмета (15*1,8)+=27... значи со 27% од остварената просечна плата за тие 15 години. Индексот е земен со претпоставка дека повеќето одат во пензија со 40 години раб. стаж, нели во тој случај 40*1,8.... досега беше 75%, ама лешпериве од ПИОМ во името на големите идеи нели го намалија на 72%... Така барем слушнав, не сум сосем сигурен... меѓутоа одговорот на прашањето е дека и тоа како зависи висината на пензијата од стажот, а не само од просечната плата.
Оваа е формулата Х=години на стаж У=просечна плата кој си ја земал во Х години.

Пензија=У*((Х-15)*1,8 + 35)/100
(за мажи)
--- надополнето: 1 октомври 2012 во 22:21 ---
Сепак похумано е ова... се исплашив дека јас со моите 25*1,8, ќе остварам 45% а вака 53%!:) само се плашам да не е некоја стара табелава!? Зошто бе жениве се привилегирани мајката!?
Инаку доколку валутата во стажот на осигуреникот девалвирала, тогаш за тие години се прави ревалоризација.... За депресијација и инфлација не важи!;)
Хмммм ако е така не ти се исплати да работиш за пензија повеќе од 15 години ти нудат 1,8% за секоја година плус пфффф ни инфлација не покрива тоа. Мој заклучок само работи 15 години до пензија значи да речеме од 49 години за маж. Преходно повеќе ти се исплати на црно.
 
Т.е. се зема личен просек а не „некојси републички“ На ова мислам. Додуше не ми јасно што се случува со девалвација на валута инфлација и останати деприцијации на вредност на плата посебно на таа пред 30 години а која ти влегува во просек.:confused:

Епа тоа ти го зборам, порано земале со милиони динари плати, како ќе ги конвертираш во денешни денари?
Затоа го споредуваат со републичкиот просек, пример ако си земал 800.000 динари а просекот бил 1.000.000, тогаш ти пресметуваат 80% просек за таа година.
 
Ок (y)
 
Така беше порано, со 40 години стаж се одеше во пензија. Некој што работел текстил и почнал на 18 години заминуваше на 58, некој што учел факултет до 30 години чекаше старосна пензија.

да не не ме разбра добро, ајде може и јас не објаснив добро, знаеш добрите идеи секогаш се исмевани или незабележани на почетокот:sneaky:
 
Фала луѓе најдов...зависи и од стаж и од просек на плати кој што ги имаш земано ТИ ЛИЧНО. Има фина табела.
http://www.piom.com.mk/prava_osigureniot/stara_penzija/31.html

Мислам дека таа тебела се однесува на тие што сега или скоро ќе одат во пензија. Младите генерации, барем оние вработени пред (чинам) 2006 година можат да бираат каде им се уплаќаат придонесите, оние покасно немаат опција, мораат во новите пензиски друштва. А за идна пензија, што да кажам, бери му гајле уште од сега и не се потпирај на ничија (најмалку државна) помош. Мене придонесите ми се fire and forget стратегија, не ги мислам, бидејќи не очекувам идна исплата и не се замарам колку ќе биде, ако има арно. Го знаеш она, со дебелиот врат на волкот ... :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom