Загинувањето на Трајковски не е несреќа

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување
Пеери. Сите знаеме кој проба да го убие лисецот, го уби Боро, а проба да ги убие и Грујо+Иванов во пакет.....Да не бистриме политики, на сите ни е јасно. Тука се и се борат за престолот.Гадови.:toe:

Сите знаеа, али изгледа само мирка имаше муда да дискутира во јавноста....

Еве ви клип на рандом парт.изгледајте ги сите делови.:tv:

АТЕНТАТ И НИШТО ДРУГО И ТОА ОД ДОМАШНИ ИЗДАЈНИЦИ ...
 
Грос: Има докази за убиството на Трајковски
Швајцарскиот парламентарец Андреас Грос останува на тврдењето дека загинувањето на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски е убиство и најавува втор извештај за овој случај, објавува Дојче Веле на македонски јазик.
„Тоа е мое лично убедување, јас сум убеден дека станува збор за убиство, а тоа го темелам врз нови информации, за кои сè уште не можам да зборувам. Ова мое лично тврдење се темели и врз познавањето на неверојатните противречности кои логично водат до хипотезата за убиство“, вели Андреас Грос, кој во изјавата за Дојче Веле најавува дека наскоро ќе ја посети Македонија кога ќе биде дефиниран и начинот како ќе бидат пренесени овие информации во јавноста.

Грос вели дека контекстот му наложил да проговори за смртта на Трајковски.
„Во друг контекст немаше да го изнесам ова тврдење, но тука се почувствував обврзан, бидејќи тоа може да предизвика сосема непожелен развој, иако знам дека не е добро да се каже тоа без да се изнесат веднаш доказите. Доказите не се во моите раце, јас не сум раководителот на истрагата, јас сум само мал помошник во неа. Тие кои што ме познаваат знаат дека не зборувам напразно.“, вели Грос.

Андреас Грос го најавува и својот втор извештај поврзан со загинувањето на претседателот Трајковски. Неговиот мандат е до јуни годинава и најавува дека, доколку не успее да ги собере сите потребни докази, ќе побара негово продолжување. /крај/дв/ач

http://makfax.com.mk/106392
 
Грос: Има докази за убиството на Трајковски

Швајцарскиот парламентарец Андреас Грос останува на тврдењето дека загинувањето на поранешниот претседател на Македонија Борис Трајковски е убиство а не несреќа, и најавува втор извештај за овој случај, објавува Дојче Веле на македонски јазик.

Извор: Точка
 
Па јавна тајна е дека Трајковски е убиен. Не знам што се чудите толку? Самиот тој се жалел на луѓе дека се плаши и дека му претеле. Борис дојде на власт откако се сложи дека нема да ги попречува односно дека ќе работи за интересите на Голема Албанија. Изгледа почнал да изврдува, па затоа го скинаа. Рабоатата е дали некој смее јавно да каже и да остане жив. Швајцарецов збори ама до пола, наместо да каже јасно и гласно кој стои позади убиствово.
 
Па ваљда загрозен му е животот ако преговори јавно ќе го скинат и него , како што го скинаа пилотот на полскиот претседател по неколку дена од кога го покажа клипот што го скинал :toe:
 
Па ваљда загрозен му е животот ако преговори јавно ќе го скинат и него , како што го скинаа пилотот на полскиот претседател по неколку дена од кога го покажа клипот што го скинал :toe:

Хм, вака им дава прилика да го скинат пред да ги објави информациите. Нелогично ми е.

Повторувам, нека ми каже некој зошто би го скинале Трајковски, човек кој пред смртта имаше подршка од мизерно мал процент на граѓаните и немаше ама баш никаква моќ во државата?

Сите шпекулации за Полската несреќа се побиени со аргументи, па дури и „убиениот во болница“ камерман го дадоа жив и здрав.
 
како очекуваш некој да ти каже зошто бил убиен ... од обични смртници тоа го бараш :)
можеби беше марионетка странска па нешто скршнал од патот ...
шо и да кажеме, кој и да каже ќе шпекулира ...

едно е јасно ...
лажеа дента дека е паднат авионот во непристапен предел ...
а на телевизија видовме изјави од старец од лице место кој кажа дека веднаш стасале џипови и војска (Унпрофор Нато ли кој беа таму тогаш), пределот ама ич не беше непристапен итн ... значи причина за сомнеж постои со самите лаги изнесени уште на старт и некои други нелогичности кои ај некако може да се покријат ... ама лагата неможе ...

па ќе видиме кои информации ќе се изнесат сега ... кои Грос ги најавува .. :toe:
 
Хм, вака им дава прилика да го скинат пред да ги објави информациите. Нелогично ми е.

Повторувам, нека ми каже некој зошто би го скинале Трајковски, човек кој пред смртта имаше подршка од мизерно мал процент на граѓаните и немаше ама баш никаква моќ во државата?

Сите шпекулации за Полската несреќа се побиени со аргументи, па дури и „убиениот во болница“ камерман го дадоа жив и здрав.

Зошто би го убиле ??????? Па зошто го убија Панде Петковски, Зошто од неразјаснети причини пола од старешинит кои беа дирекно иволвирани во 2001 загинаа на неразјаснети причини, Борис знаеше некои работи кои не требаше да ги знае, тоа дека некој од Македонија го уби не ми се верува, не сме толк многу организирани можеби некој знаеше но сам македонец не може да изврши ваков атентат од проста причина што се гледаше дека сите се поврзани во ова. 2001 не е разјаснета ни причините ни зошто ни кој ја почна. Панде кој беше старешина под пензија го викнаа и заедно со Борис ги договараа сите планови и знаеа се, Панде успеа да напиши книга за сето тоа што се случуваше во 2001 од кога ја издаде книгата по неполн месец доживеа тешка сообраќајна несреќа за среќа остана жив но по половина година на планина кога ловел "умрел од срцев удар" . Дај да не бидеме наивни и да не се препукуваме на политичка основа Бранко го изврши атентатот Љупчо го изврши, тоа се глупости овде има замешано многу повисока политика.
 
Јас сепак мислам дека Трајковски загина поради грешка на Француските контролори на летање а за да не пукне брука во НАТО почнуваат да заташкуваат толку аматерски.

Инаку Борис Трајковски како полу ретардирана овца во конфликтот 2001 само се сликаше, немаше никаква моќ нити донесување одлуки нити пак нешто некој му кажувал од тогашната власт а уште помалку го прашуваа за мислење.

Јеботе командант на вооружени сили а ниедна наредба не донесе.

Добар човек али слаб и никаков претседател.

А Грос ако најавува, нема ли да го скинат сега пред да ги објави?
 
Се согласувам со поголем дел од постот Ајзенхорн ..
дали Грос ќе го свиткаат ќе видиме, сепак вели дека тој само има информации од истрага и од други личности ... значи не е сам ...

а околу Трајковски ... кој кажуваше дека го имал бројот мобилен на Буш и можел да му се јави во секое време?
 
а околу Трајковски ... кој кажуваше дека го имал бројот мобилен на Буш и можел да му се јави во секое време?

И не му се јави.

Рекла - казала е омилена Македонска (и Балканска) игра, теории колку сакаш.

А за мене Буш беше претседател на УСА колку Трајковски беше на Македонија - фигура без моќ.

Не знам, следните избори Трајковски ке ги изгубеше и за година две ке беше заборавен, стварно немаше потреба да го убијат.
 
Ти не го изгледа видеото погоре, нели?
 
Ти не го изгледа видеото погоре, нели?

Ми цркна звукот на компито. Али јас сепак не ја гледам прочината да се убие човек што немал никакво контрола нити власт.

Безгласна буква и церемонијал мајстор, ништо друго.
 
На Трајковски му се давани директни закани од преставници на НАТО на 2 ден од нападот на Арачиново, со закана дека авионите од Авиано се веќе полетани и дека имаат легитимни цели.
Инаку истите тие цели месеци пред тоа беа означени со радилокатори што луѓе на тајни служби ги поставуваа низ целата територија на РМ.

НАТО беше изненаден од успехот во Арачиново и они со своите инстурктори имаа план да ја покажат неспособноста на македонската влада да врати во владение територија одземена од бунтовници.
Затоа ги фатија на дело и со блиндирани автобуси ги изнесуваа.

Но, сеуште Македонецот со 100,905% сака во НАТО.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom