Што би промениле во вашите училишта/факултети?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Значи јас сум на правен барем до септември и можам да кажам дека мојот факултет плаче за реформи на секое поле

1 Би вовел казна за секој професор ,асистент или демонстратор што ќе закасни повеќе од 15 минути
2 Би отворил еден компјутерски центар што ќе биде бесплатен застуденти
3 Би ги реновиал амфитеатрите пошо личат како да се од 42 година
4 Би намалил цени во кафитеријата( пример кока кола 0.5 е 50 ден), зашто се што е наменето исклучиво за студенти треба да е најефтино
5 Олеснета постапка за отпуштање професори како би добиле на знаење дека не се семоќни
6 Би ставил 100 клими низ цел факултет
7 Филозофија да бде описен предмет
8 Ќе избацам тестови и испити на заокружување зашто тоа се тестови за идиоти
9 Во трета и четврта година да домнира практична настава а не да ме замараат на предавања нешто што можам и дома да го прочитам
10 Ќе формирам совет за заштита на права на студенти којшто ќе биде од мешан состав студенти и лица со истакнат авторитет надвор од факултетот
11 Конечно ќе направам сите административни работи како што е уписи, пријавување испити и заверување семестри да биде преку интернет
12 сите известувања исто така ќе бидат праќани на мејл или закачувани на страна наместо да шпартаме секој ден и да бараме низ факс
13 Правило-ако професор биде фаен како зема мито ќе биде должен да му плати на студентот 10 пати од износот којшто самиот го барал.
 
Општо во образованието и локалната самоуправа би наложил да не смее дете од една општина да се запише во градинка и основно во друга општина. Ај средните неможеш да ги лимитираш пошто има стручни али првите мора.
 
Општо во образованието и локалната самоуправа би наложил да не смее дете од една општина да се запише во градинка и основно во друга општина. Ај средните неможеш да ги лимитираш пошто има стручни али првите мора.
Веројатно си поинформиран, ама мислам дека важи ова правило за основните (за градинките не знам, ама претпоставувам истото е).

На темата: Кај мене би сакал да воведат редовност како услов за влез на испит, приемните испити при уписот да бидат задолжителни и резултатите од приемните да се вреднуваат повеќе од успехот во средно/матура при рангирањето и распределбата на квотите. И кровот да се смени...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom