ВМРО
Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
- Член од
- 12 септември 2005
- Мислења
- 1.863
- Поени од реакции
- 26
Ги прашавме познатите македонски фаци што би правеле со нашите политичари и политичарки кога би се дружеле со нив и најголемиот дел од нив таквата прилика би ја искористиле да им ги потрошат парите или да ги натераат да ја сменат гардеробата, а не се ретки и тие што сакаат да ги однесат во кревет
Искра Мишиќ- Џамбазова, тв- водителка
Го сакам Никола за телохранител
Жерновски еднаш го имам видено како се однесува со неговото бебе, па кога би имала јас бебе, би сакала да ми биде дадилка. Никола Груевски би можел да ми биде телохранител, како бивш боксер, а на Бучковски не би му давала обврски за да има повеќе време да се занимава со државата. Не би му одвлекувала внимание, барем додека е на функција. А кога нема да биде би сакала заедно да ги трошиме парите што ги заработил за својот мандат.
Александар Ношпал, моден креатор
Мери ќе ја носам во Алкатраз
На Бучковски би му препорачал да ме стави за модно аташе во Франција, а ако сака може да дојде со мене. На Жерновски нема што да му правам, природата доволно се потрудила за него. На Груевски и на Доста би им препорачал да ме консултираат за МНОООГУ пари во следната изборна кампања и како да се облечат, бидејки стајлингот е се, а победуваат оние што се модерни. Мери би ја понел на една туристичка прошетка во Алкатраз, а за тоа што ќе и направам на Радмила трееба наскоро да се видиме и да се договориме.
Џина Папас Џокси, поп-пејач
Сите ги сакам ако ми падне мрак на очи
Немам афинитети кон мажи, а и не се мои типови. Но, ако ми падне мрак на очи ќе биде виновно електростопанство. Со Мери, Радмила и Доста би поминал многу убаво. На "Златни рат" на Бол, на Брач. Со прекрасно црвено вино, на изгрејсонце. Калабалак.
Сашо Мацановски- Трендо, тв- водител
Политичарите не се предмет на моите садо-перверзии
На Бучко, Груевски и на Жерновски не би им правел ништо. Политичарите одамна не се предмет на моите САДО перверзии. А на МАЗО веќе навикнавме. Чуј, не би им правел ништо и кога би ме молеле, ни кога во еден глас панично би викале- "Трендо, дај направи нешто!", "Не си оди Трендо!", "Трендо, ќе бидеме добри, живни партија и економска програма, живни Македонија и Европска Унија!!!" А ќе викаат, што ќе прават? Знаат дека Трендо знае добро да врзува. А звукот на возот, се повеќе се приближува...
Весна Петрушевска- Тренкоски, тв- водителка
Со Рада на машки стриптиз
Со Бучковски би отишла на семинар за екологија, би ги гледале лалињата во Холандија и би дискутирале за легализација на слободните активности во однос на сексуалниот живот. Патем, како вистинска дама би му купила цеде од Џорџ Мајкл. Со Жерновски би изџогирала покрај кеј на Вардар и би дискутирале за дивоградбите во градов. Би дискутирале за злоупотреба на планината Водно за други активности. Со Никола би одиграла претстава, да речеме би му ја понудила "сината соба" и да научи текст обврзно до петтата читачка проба.
Радмила Шеќеринска би ја однела на машки стриптиз, верувам дека многу би се забавувала. На Мери би и дала за игра во "Основен инстикт 3", како алтернација за Шерон Стоун. Доста евентуално може да направи римејк на еротскиот филм "Емануела", кое претпоставувам дека би било во реиздание на "Вест", ексклузивно со лимитиран тираж.
Сара Леши, манекенка
Бранко е хард кор
Бучко е жива карикатура. Јас не сакам политичари, не ми се ама баш ич секси. Грујо е многу малечок, не е мој тип на маж. Мислам дека нема харизма во себе. Жерновски е сладок и многу запалителен. Стварно е убав за гледање. Ама само би го ставила во плакар и по потреба би го извадила од плакарот. Мој тип на маж е Бранко Црвенковски. Стварно ми е хард кор. Е , со него стварно би направила нешто добро и откачено.
Мелита Ракичевиќ, тв-водителка
Груевски нека си купи куче
За Бучко знам дека сака добри журки. Паметам кога со Манич во тогашна " Манда" во Мавровка правеа добри журки кои мене ми останаа во памет. Сакам со него да одам на добра журка, и секако во шопинг оти Бучко супер убаво се облекува. Грујо би го поканила на кафе за да го убедам да си купи милениче. Сега е разведен, па да не биде осамен да му прави друштво. Така ќе си најде лек против осаменоста. За Жерновски сум слушнала дека е голем заводник. Па сакам да дознаам дали е стварно токму голем шармер. Сакам лично да се уверам во тоа.
Жаки Макарена, фолк-пејачка
Би го легнала Жерновски
Бучко е крупен , висок, згоден и дефинитивно е мој тип на маж. Има некоја прецизност во него што ми се допаѓа. Стилот му е интересен, убаво се облекува, ама јас по принцип не сакам политичари. Нив не ги бива баш за секс. На Груевски ништо не би му правела. Не е мој тип, многу е низок и делува несигурно. Но, само ако немам друг избор, ако е последниот маж на светот, е само тогаш би била со него. Инаку не го сметам за привлечен маж. Него немам желба да му покажам што јас знам. Аааа, кај Жерновски ме погоди. Интелектулаец на прво место. Добар е нема што. Ми се допаѓа заради изгледот, секогаш е тип топ дотеран . Ми делува отмено и фино. Го има тоа што мене како жена ме пали, а тоа е висината. На Жерновски му давам чиста десетка и од срце би го легнала.
Кристина Арнаудова, поп-пејачка
Би се потеле со Бучко
Би сакала со Бучко да одиме заедно во теретана . Мислам дека би ми бил одличен партнер за вежби и за џогинг, а после тоа би го однела на кафе муабет за да го прашам се што ме интересира во врска со неговата работа. Со Никола Груевски би сакала да одам на шопинг и тоа е се. Политичарите по принцип не се мој типови на мажи. За Жерновски сум слушнала дека е голем љубител на музиката, па него би го однела на добар рок концерт. Не го познавам лично, па ете можност да го запознаам. Ми делува многу културно и фино, но сепак мене политичар не може да ми биде секси.
Сашо Тасевски, актер
Да завршам во кревет со Доста
На Шеќеринска ништо не би и правел од сексуалните активности. Не е воопшто привлечна. Се облекува како тетка и делува постара за 30 години. Би ја однел кај евро комесарите, би и обезбедил јадење и пиење, би ја соблекол гола и би им дал да си игра "не лути се човече" со комесарите. Мери Младеновска би ја ставил во Хаг, заедно со Љубе Бошковски. Таа не ме привлекува како жена. Е, Доста Димовска би ја однел во теретана , а потоа да возиме ролери на кеј.Би ја зел со мене во Хаг за да ги прислушуваме Мери и Љубе, па потоа ќе одиме во Виена да им го земеме "не лути се човече" на Рада и евро комесарите. Потоа би ја однел на вечера со свеќи. Може да го земеме и Љубчо ако сака. Потоа сигурно би завршиле во кревет ама ми е малку страв оти Доста е јака женска. Па да не ми испаднат очите. Знаеш јас сум ситен по конституција . Бучко не ми се секси ама баш ич. Жерновски- би го однел на "Кет карневал", па право во НАСА и во спејс шатл. Би го испратил на Марс. Груевски би го пробал само за бокс, ме интересира каков аперкат има.
Александар Биљановски- Дадар, шминкер
Сакам остри жени како Рада
Рада сум ја шминкал. Се облекува строго и конверзативно, барем така велат. Но, по принцип јас сакам такви деловни жени. За мене таа е премногу паметна и остра. Доста отсекогаш ја паметам по фризурата која и е заштитен знак. Ама сепак, убаво и стои, на главата. Би сакал малку да ослабе, само заради здравјето. Мери ми е убавка и слатка и со неа би сакал да осам на вечера. За Бучко не сакам да зборувам. Немам коментар. Никола ми е елегантен пример за згоден човек. А Жерновски, според мене, дефинитивно е најголем фраер на политичката сцена, кој најмногу време троши за дотерување.
Петар Младеновски, вокал на "Суперхикс"
Со Мери на танго
Што би им правел на политичарки од таков профил? Отсекогаш сум бил повеќе по девојки во анфас отколку во профил, да бидам искрен. На Мери Младеновска како на госпожа заборавена од своите кавалери колеги би и подарил цвет и би ја поканил на едно Танго. Ако има Правда ќе прифати, ако не ќе побарам нејзино отповикување од функција и ќе ја поканам Илинка на танго.
Со Радмила (нели го фатија дечко и со друга, па тој се беше правдал...???) би поминал една цела вечер во дијалог зачинет со секси брзозборки и строги бескомпромисни погледи, иако мислам дека ме јаде во вакви дисциплини.
На г-ѓа Доста со сета почит и восхит би и предложил да заминеме заедно на крстарење по Азурот. Главно би уживале во моментите на строга "марула" диета и неколкучасовен Синди Крафорд фитнес тренинг, зашто се е поедноставно кога си лесен...
На Бучко, Грујо, Жерновски би им ги сменил костумите и краватите. И така сите менуваат понешто во политиката секој ден.
Тања Кочовска, актерка
Ќе играм оро
Со Жерновски би играла "Пајдушко" пред зграда како пред многу години. Имавме еден заеднички проект, тој дојде кај мене пред зграда, а јас бев малце потпивната и расположена. Си пуштивме музика, се фативме за раце да го играме "Пајдушкото". Истото би го повторила и сега. Би го натерала Жерновски да игра пајдушко со мене. Друго ништо не би му правела.
Елена Велевска, фолк пејачка
Би ги пикнала во моите мини здолништа
Без разлика за кој политичар станува збор сигурна сум дека веднаш би паднал на мојата сексапилност. Верувам дека веднаш би ја заборавиле фотељата и би им се препуштите на убавите нешта.
Кога би имала можност само еден ден да сум на местото на Рада, Мери и Доста мислам дека многу работи би се измениле на политички план. Замислете, како би изгледало тие да влезат во моите мини здолништа. Многу поуспешно би ја водела нивната работа, а за тоа дека вратите многу пошироко би ни биле отворени и да не зборувам.
Викторија Јаначковиќ, манекенка
Сакам да му бидам забарка на Жерновски
За премиерот Владо Бучковски знам дека е моден гуру во политиката. И кога би можела нешто да му направам тоа би било врзано за модата. Па еден шопинг по градските дуќани со премиерот и не е лоша идеја. Е, тогаш ќе му помогнам во изборот на краватата или чевли.
Никола Груевски е помлад од премиерот, па со него би можела да направам нешто поинтересно и поагресивно. Тој знам дека бил боксер, а и јас шест години тренирав теквондо. Затоа со него ќе напрвам една спаринг партија (мислам на боксерската арена). На бокс мечот ќе му дадам мала предност, и ќе го поштедам од нокаут. Андреј Жерновски за мене е најубавиот политичар, иако не го познавам. Него дефинитивно ќе му бидам лична забарка.

Prevzemeno od Vest