Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Зошто младите зборуваат на дијалект, наместо на македонски литературен јазик?
Затоа што дијалектите се богатство на нашиот јазик и од нив произлегол литературниот јазик кој не само кај нас, туку и во целиот свет се дефинира како "вештачка творба", односно мешавина, склоп на карактеристики на одредена група на дијалекти, правила и норми. Значи, природни (родени) говорители на литературен јазик во светот, не постојат! Оттаму, фактот што 100% од младите и од старите во меѓусебната комуникација користат дијалект.
Првиот проблем тука е: Зошто во официјалната комуникација недоволно се користи македонскиот литературен јазик? Зошто на илјадници вести, соопштенија, билборди, радио и тв програма, веб страници и други видови на мас медиуми имаме печатни и јазични грешки, недоволно користење на литературниот јазик и негово изопачување со скопски, охридски, кумановски, струмички и сл. дијалект. Не може еден тв водител да "цепи на својот дијалект" или да говори литературно со скопска или охридска дикција. Јас мразам да слушам кога телевизскиот презентер на вести зборува литературно со скопски нагласок и тотално го промашува акцентот на зборовите, или пак охридскиот презентер на вести користи зборови кои се употребуваат во локалниот дијалект.
Другиот огромен проблем е: Зошто упорно и упорно се форсира латиницата, "ересот врз македонскот писмо", која се употребува буквално на секој чекор. Зошто не може нештата да бидат напишани на единственото македонско писмо - кирилицата? Заради ова трпи и нашиот јазик кој "неправилно се збогатува" со неологизми, т.е. англицизми и интернационализми, зборови кои само се препишуваат од латиница на кирилица, без да им се најде соодветно или ново значење и форма во македонскиот јазик.