Зошто младите зборуваат на дијалект место на македонски литературен јазик?

  • Креатор на темата Креатор на темата vasko100
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 август 2008
Мислења
43
Поени од реакции
25
Ме интересира ваше мислење околу тоа зошто се повеќе млади се решаваат да го зборуваат дијалектот, отколу макед. литер. јазик.. Се надевам на плодна дискусија
 
Тоа што ние младите го збориме не е дијалект. Тоа е македонскиот литературен јазик, но само со нешто повеќе сленг и уличен жаргон :smir:
 
Хм, мислам дека прво образовниот систем ни е катастрофален па и самите професори малку знаат литературно да говорат, потоа, медиумите не пласираат исправен литературен јазик, има безброј грешки и на крајот доаѓа интернетот каде главно се комуницира на англиски а на форумите ретко има литературно исправна дискусија, со исправна интерпункција зашто на сите нас ни е полесно “да си цепаме као шо си праиме у маало“.

Па во ситуација каде сме бомбардирани од све друго освен литературната форма на јазикот, немаме многу опции.
 
Чудно ми е тоа што има луѓе кои им се смеат на луѓе што се трудат да зборуваат литературно (ова претежно е кај помладата генерација).
Улицата, нетот, телевизиите, не ни дозволуваат да говориме литературно Македонски.
Баш има добра емисија на Македонската тв, каде во дадени ситуации "уличарските" зборови ги заменуваат со правилните литературни.
Тешко дека некогаш би зборувале литературно сите. Бараме да не признаат како нација, со свој идентитет, своја историја и свој јазик, а самите прво не се почитуваме како такви и не се обидеме да го задржиме. Во случајов станува збор за јазикот:toe:
 
Па не се само младите што не зборуваат на мак. литературен јазик...или грешам? :toe:
 
Како што кажа членот над мене, не само младите зборуваат на дијалект, туку и постарите. Не гледам ништо страшно, нормално е во меѓусебна комуникација, посебно меѓу пријатели да се употребува дијалект, сленг и слично.
 
А што има проблем со дијалектот??

Јас сметам дека баш дијалектите се богатство за еден јазик...и ги има сегде:smir:
 
Зошто младите зборуваат на дијалект, наместо на македонски литературен јазик?

Затоа што дијалектите се богатство на нашиот јазик и од нив произлегол литературниот јазик кој не само кај нас, туку и во целиот свет се дефинира како "вештачка творба", односно мешавина, склоп на карактеристики на одредена група на дијалекти, правила и норми. Значи, природни (родени) говорители на литературен јазик во светот, не постојат! Оттаму, фактот што 100% од младите и од старите во меѓусебната комуникација користат дијалект.

Првиот проблем тука е: Зошто во официјалната комуникација недоволно се користи македонскиот литературен јазик? Зошто на илјадници вести, соопштенија, билборди, радио и тв програма, веб страници и други видови на мас медиуми имаме печатни и јазични грешки, недоволно користење на литературниот јазик и негово изопачување со скопски, охридски, кумановски, струмички и сл. дијалект. Не може еден тв водител да "цепи на својот дијалект" или да говори литературно со скопска или охридска дикција. Јас мразам да слушам кога телевизскиот презентер на вести зборува литературно со скопски нагласок и тотално го промашува акцентот на зборовите, или пак охридскиот презентер на вести користи зборови кои се употребуваат во локалниот дијалект.

Другиот огромен проблем е: Зошто упорно и упорно се форсира латиницата, "ересот врз македонскот писмо", која се употребува буквално на секој чекор. Зошто не може нештата да бидат напишани на единственото македонско писмо - кирилицата? Заради ова трпи и нашиот јазик кој "неправилно се збогатува" со неологизми, т.е. англицизми и интернационализми, зборови кои само се препишуваат од латиница на кирилица, без да им се најде соодветно или ново значење и форма во македонскиот јазик.
 
Македон , во право си за ова ... и мене многу ме нервира кога на телевизија се зборува на скопски ( или било каков друг дијалект ) , а посебно кога се зборува на неправилен акцент т.е. нагласок ... исто така страшно многу ме нервира трендот кој се случува веќе десетина години , а тоа е заменувањето на македонските зборови со интернационализми ... примери има многу ( баланс , тендер , менаџирање итн. ).
 
Убаво е да се говори на дијалект, ако со тоа се покажува богатството на македонскиот јазик со големиот број на дијалекти. Но кај нас дијалектите, се повеќе се користат за да се сокрие незнаењето на македонскиот литературен јазик. Па со т.н. форсирање на дијалектот се обидуваме да се правиме интересни, а за сметка на тоа да го сокриеме непознавањето на литературниот јазик. Користењето пак на интернационализми е резултат на нашето убедување дека, на таков начин ќе ни се одржува високото мислење и рејтингот во очите на другите и ќе не задржува во некаков повисок статус во општеството, создавајќи за нас слика на образовани луѓе. Притоа често пати забораваме дека токму тие интернационализми доведуваат, заради погрешната употреба да создадат обратен впечаток во очите на другите.
 
Во комуникација со луѓе од друг град нормално и правилно е да е зборува на литературен јазик. Секогаш го практикувам тоа, исто и овде на форумот, затоа што така треба да биде, неважно што на помладиве тие лекции не им се научени. Кога се комуницира со некој сограѓанин дијалектот нормално е да се користи. Како што би кажале Бугарите, За всичко си има процедура. :)
 
А шо, македонските дијалекти не се ли дел од македонскиот јазик?
Баш треба да се зборува на дијалекти бидејки тие се богатството, а литературниот јазик е една формална форма која знаеме каде и кога треба да се користи.
 
Најчесто за да бидат иноватинви или вглавном .. како ги викаа овие бе..
..Аха да шизици на новото време :pos2:
 
Постарите повеќе зборат на Дијалект. Дијалектот не го измислиа младите , дијалектот си постои од памтивек... Ти да не си мислел на Сленг ?
-Типични скопски зборови (кој најмногу ги мразам) има некој и од англискиот јазик позајмено: фејкер , мување , фура не ми текнуваат уште бидејќи не употребувам такви жаргони.

Па Стандарниот јазик е составен од дијалекти , има дијалекти земено од истичниот дел , од северниот , од западниот и од јужниот дел на Македонија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom