The Global Hawk

  • Креатор на темата Креатор на темата Borg_Drone
  • Време на започнување Време на започнување
B

Borg_Drone

Гостин
Eве нешто интересно од NASA; беспилотното летало "Global Hawk" е проект на кој се работел десет години и првиот пробен лет го имал на 7 април.Неговата намена служи за истражувањето на средината.
Во куполата каде што би требало да биде сместен кокпитот, сместена е антената заедно со телефон за сателит, кај носот сместени се инструментите за мерење на времето, додека пак на дното од самото беспилотно летало сместен е ласер кој врши истражување на облаците и аеросолните структури како прашина и загадување.

Повеќе:

http://news.bbc.co.uk/2/hi/science/nature/8619044.stm
 
Дали ова е исто или тоа се две различни програми?
http://dnevnik.hr/vijesti/znanost-it/video-od-cetvrtak-u-orbiti-bespilotni-shuttle.html

Ова е друго, и неговата намена не е за истражување на средината.Ова ти е беспилотен шатл, а ова што е сега неодамна за првпат тестирано од NASA (Global Hawk) ти е беспилотно летало или: "drone" на англиски, и неговата намена служи стриктно за истражување на средината (времето, аеросолните структури, температурата и.т.н.)
 
Ок, синоќа само што го гледав на хрватската Нова, па се поклопи со твојата тема. Времето на тестирањата и испраќањето исто така беа многу идентични, па ме наведе да помислам дека се работи за исто иако приметив дека во изгледот на леталата има различност.:smir:

П.С. Би можело ли вакво летало (Global Hawk) да се користи на пример во конкретниов случај за испитување на атмосферата околу активираниот вулкан на Исланд и неговото влијание на атмосферата, околу подрачјата зафатени од вулканската прашина?
 
Па сега неодамна е тестиран, но мислам дека може зошто да не може.Сепак, тоа е неговата намена а и овој Паул Њуман (тој што го презентираше леталото на видеото) кажа дека служи за испитување на прашина и загадување.
Како и да е, NASA e веќе активна и таму, не со беспилотни летала туку со сателити.
Со пепелта мама им се еба на европските авио-компании, дневно бележеа загуба од 200 милиони евра.

Да надополнам:Леталово може за еден ден да прелета 11 000 наутички милји или во превод: може за еден ден да ја прелета едната половина од земјината топка.
 
Глобал хавк оригинално е дизајнирано шпиунско летало кое ќе дава прецизни real time data од....а ништо чудно и ова покрај времето...да "мери" и невреме:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom