EX_POSITIONS 1/10.000 - Изложба на ДЕЈАН ЏОЛЕВ

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.535
Поени од реакции
8.299
Веб-сајт
www.flickr.com
EX_POSITIONS 1:10.000

Start Time: Thursday, April 22, 2010 at 7:00pm
End Time: Thursday, April 29, 2010 at 7:00pm
Location: Кино МИЛЕНИУМ

Уметничкиот пристап во делата на Дејан Џолев вешто и манипулативно настојува да измолкне од секаква прецизна дефиниција која се однесува на медиумот или значенската структура. Основната нарација во поставката, составена од вкупно пет дела, кои како основна предлошка ја имаат фотографијата, не се развива преку темата, туку преку ретроградно, аналитичко или интермедијално надоврзување на различни уметнички форми и медиуми. Иницијалната функција на наратор ја добива лик кој претрпува низа метаморфози, претставен во улоги одиграни од светски познати актерки и превземени од култни филмски сцени. Притоа, првичната идеја, извлечена од театарската практика, содржинска форма добива преку филмската тематика, практична реализација преку медиумот-фотографија, а својства на уметничка креација преку цртежот аплициран врз истата.
Процесот на дефиксирање или изместување на сите стереотипни елементи кои се препознатливи за еден медиум (ултимативно сведување или надополнување на реалноста во фотографијата преку цртеж) дозволува мноштво толкувања и различни интерпретации.
Авторот нуди можност за избор - 1:10.000...па, секој со/од своја позиција...

Јованка Попова


За Авторот

Фотогравторот е роден по еден телефонски разговор меѓу кураторката и псевдографот, во пет наврати: на 4 мај 1929, на 10 март 1958, на 15 јули 1966, на 20 јуни 1967 и на 29 април 1970. Поради петте датуми на раѓање, неговата натална карта е хаотична и апсурдно аспектирана. Следствено на тоа, од трите бои гледа само во црвено, па не му останува ништо освен основен инстинкт да го убие Бил со очи широко затворени, додека е... (продолжението ќе биде претставено на самото отварање)

Димитар Самарџиев

Изложбата ќе ја отвори Љупка Вучевска.
 
Големо браво за другарот Спирт :)
Таму сум!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom