„Зајди, зајди“ Алфа ТВ

  • Креатор на темата Креатор на темата mishko
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.677
Поени од реакции
807
Локација
Скопје
„Зајди, зајди“ - Брендот на Алфа ТВ со нова сезона


Емисијата „Зајди, зајди“ на Алфа ТВ стана бренд и единствена нова, актуелна продукција која ги препознава и ги афирмира трајните фолклорни вредности.
Сега со Елена Георгиева и Милан Завков како водители на емисијата, најгледаната музичка емисија доби нов импулс и свежина. Свој придонес кон ова дава и оркестарот на Милан Завков со една побогата, чалгиска, димензија.„Зајди, зајди“ е македонска музичка ризница на традиционалните народни и староградски фолклорни нумери што повторно не врати на нашите корени.Емисијата „Зајди, зајди“ ве потсетува на најубавите стихови и балади од фолклорниот завет.
Еднаш неделно во најгледаните термини во вашите домови ќе ги имате најистакнатите исполнители на македонските народни песни од сите генерации. Во „Зајди, Зајди“ ќе ги видите и најмладите и најактуелните, но и оние кои оставија длабоки траги во интерпретацијата на фолклорот во Репубика Македнија.Она што е исто така посебна карактеристика на оваа емисија е настапот во живо. Нешто што одамна го нема во телевизиските студија и нешто што се чувствува во етерот кога емоциите и посебната состојба се неопходна за исполнување на народното творештво.Белег на емисијата досега, а и понатаму ќе биде подеднаквата застапеност на фолклорните традиции на сите националности во земјата.
 
што бара темава во серии?

@wot префрлај ја во телевизии и емисии, да не те опоменувам сеа :icon_lol:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom