Најубавото нешто што некој го кажал или направил за вас!

  • Креатор на темата Креатор на темата IV43
  • Време на започнување Време на започнување
Најубаво нешто што некој го направил за мене ... хмм.. мојот бивши... ми го даде најубавиот и најромантичниот одмор за сите овие години (да се разбереме, не го плати нити ме однесе) се сретнавме таму.. али се сретнавме во време кога јас бев во најлошиот период од мојот живот. Ме врати во живот и тие 10 дена.. (па и наредните 2 години) ми ги направи да изгледаат како бајка. Ме научи да љубам и засекогаш ќе биде дел од моето срце, без разлика дали сме заедно или не...
 
Ме издржа 4 години.Не постои нешто поромантично од тоа.
Не за друго, ама многу тешка и нестабилна личност знам да бидам понекогаш.
 
Една анон девојка back in the days додека имаше некој ивент ка Китка introduce me to hash (for free):D , неа ја забораив :pos:ама хашот не.
 
Другарчето ме пушти да играм со омилениот ми тим кога игравме плејстејшн 1 на 1. :icon_lol:
 
Еве ќе издвојам една убава работа за која една личност ме има изненадено.

Значи се запознавме непланирано, он работи на аеродромот таму( не е битно која држава) се знаевме месец дена, потоа заминав за враќање во Македонија. Кога се качив во авионот и седнав да се наместам во економската класа, ми пријде една од стјуардесите прашувајќи ме дали сум таа и таа личност , а кога се увери ме префрли во бизнис класата....

Бев збунета и не знаев што се случува..........Авионот полета и истата стјуардеса почна да ме служи да се понаша кон мене ептен љубезно, на секои 10 мин донесувше по нешто ...( ок де, така ги служат во бизнис класа)

Заврши летот и кога слетавме на аеродромот во Македонија, стјуардесата ми даде книжна ташна од оние во кои се ставаат поклони ( внатре во ташната имаше чоколадни бомбони, разгледница со натпис „ се надевам наскоро ќе те сретнам повторно“ и шише црвено вино) Кога ми ја подаде ташната ми рече „ Ова ти е поклон од колегата што си го запознала таму и таму , а поради негова заслуга те ставивме да леташ во бизнис класата.

Јас се изненадив , се заблагодарив само и заминав.
 
Една баба ми стана во автобус и ми рече „седни синко, се гледа дека си уморен од работа“. Не ми се веруваше. Никогаш нема да ја заборавам.
 
Кога бев во Закинтос на одмор со таа личност имаше епидемија на свински грип и јас се разболев.Таа кутрата паничарка по душа и помисли дека и јас се заразив со тоа.Почна да се јавува кај своите дома да бара лекови,а моите дома по наравоучение ми дадоа малку пари.Па почна да вика како толку малку пари ти дале,па совети од мајка и кутрата она јас ладнокрвно целовреме и се смешкав по малце на нејзината паника,но сепак беше толку грижлива за мене што нема да и го заборавам тој гест за мене.
 
Во една од многуте расправии ми рече... " Ти штом сакаш да раскинеш, иди си од мене, али од мене тоа не го очекувај,јас никад нема да си отидам од тебе.. " И нормално, ме погоди тоа што го кажа и моментално прекина расправијата...
 
Koga decko mi mi kaza deka e sreken sto ima devojka kako mene i nikogas nema da si dozvoli da me izgubi xD
 
Во една од многуте расправии ми рече... " Ти штом сакаш да раскинеш, иди си од мене, али од мене тоа не го очекувај,јас никад нема да си отидам од тебе.. " И нормално, ме погоди тоа што го кажа и моментално прекина расправијата...

Колку прекрасно! :love:
 
Пред неколку години, професорка ми кажа дека претпоставува дека ќе ми се допаѓа "Злосторство и казна". :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom