da_be_man
Entropy
- Член од
- 17 октомври 2005
- Мислења
- 628
- Поени од реакции
- 126
Еве нешто од струкава...ќе пробам да го објаснам на едноставен начин за да е интересно....како ќе имам простор со времето ќе го дополнвам бидејќи кај нас редко ќе прочитате нешто за оваа технологија за квалитативно (кој и што) и квантитативно (колку) одредување на хемискиот состав на било која проба со било каква конзистенција.
Рендгенските зраци во англискиот познати како икс-рејс (X-Ray’) кај нас се викаат така според Вилиам Конрад Рендген кој експериментирал и продуцирал како прв електромагнетни зракови со таа фрекфенција која ние ја знаеме од германскиот како рендгенска.
Иначе рендгенскиот зрак е високо енергетски зрак кој се наоѓа на самиот раб од познатиот електромагнетен спектрум. Се преклопуваат со гама зраците и според енергијата имаат доста слиќности. Разликата со гама зраците е во тоа како настануваат. Гама настануваат во атомското јадро а рендгенските во со премини на електрони на внатрешните орбиталикои се одма до јадрото.
Еве како изгледа електромагнетниот спектрум:
Ниска фрекфенција значи мала бранова должина и поголема енергија. Значи радио брановите кои ни го носат звукот преку радиоото се со многу голема бранова должина..па и до неколку стотици метри. Нашето око како детектор на електромагнетни бранови може да детектира само во еден мал простор од електромагнетниот простор...само околу 400 нано метри. Другите бранови делумно ги осеќаме. На пример инфра црвените кои се со поголема бранова должина и кај нас на кожата се осеќаат како топлина. Микробрановите не ги осеќаме освем ако некој не не стави во микро-бранова печка па да скуваме однатре. Ултравиолетовите исто не ги осеќаме кога дејствуваат на нас ами само нивниот резултат ако иставиме да не гаѓаат со нив (сонцето).
Еве поедноставна слика во која се гледа од прилика кој зрак или електромагнетен бран (дуална природа) предизвикува.
Микро брановите предизвикуваат само едно нешто. А тоа нешто е само ротацијата на молекулот на вода. Со самата ротација се прави триење и се загрева објектот. Ако нема вода во предметот и 2 сати во микрорелна нема да помогнат.
инфра црвената значи е топлината (деформации промена на аголот , вибрации помеѓу врските на атомите во еден молекул) , визуелното зрачење кои нашите очи го гледаат како бело (ако се испрати низ призма и се искршат зраците ќе добијеме од црвена до зелена боја). Ултра виолетовите како и делумно визуелните (ефекти кои се користат во огнометите) имаат и делумно разорувачко деструктивно дејство. Тие се толку јаки да можат да исфрлат електрони од надворешните орбитали на еден сол (Натриум хлорид на пр.) и така ја разорат (уништат материјата).
Ако пробате да горите домашна сол ќе видите дека гори со интензивна жолта боја (огномет). Преминот на електроните на надворешните орбитали кај натриумот не бараат голема енергија и таа енергија се наоѓа во визуелниот дел близу инфра црвениот спектар.
Ако некого го интересира повеќе за оделните делови на спектрумот и нивната аналитичка корист од техничка гледна точка ќе напишам нешто додатно. Сега да се концентрираме на рендгенскиот зрак и неговата корист и инструментите кои во последниве пет години направија прав економски бум (за жал ја заобиколика пак Македонија).
Кога еден рендгенски зрак ќе удри на една проба тој е абсорбиран од атомите. Во атомите се слчуваат физикални промени. Најлесно е преку слика:
Значи се исфрлаат електрони од внатрешните орбитали. Со самото исфрлање се остава празно место. Тоа празно место го пополнува електрон кој доаѓа од соседната или соседните орбитали кои се со повисока енергија. При овај „пад„ тие ја испуштаат таа вишок енергија. Таа енергија која ја напушта материјата може да биде фатена од детектори и така префрлена во електронски сигнал кој потоа преку еден ДАК (дигитал то аналог конвертер) бива среден да биде прифатен од софтверот кој него го толкува како аналитички резулт.
Инструментите кои во меѓувреме се користат за оваа намена се веќе од пред едно 10 години во рачна форма. ПРед тоа се користеа радио изотопи како извор ама со минијатуризирање на рендгенската цевка добија и форма на пиштол.
Овие инструменти имаат фиксна калибрација од 25 елементи па до 35 и оператот само собира информации а не го калибрира инструментот.
Како е можно да се постигне тоа да во исто време анализираме 30 елементи без да калибрираме. Од физичката гледна точка на оваа метода се знае дека (ако се користи боровиот атомски модел само за едноставно објаснување) секој атом има своја големина и по тоа различни дистанции помеѓу орбиталите.
Периодниот систем одсликува исто една периодност на големините на атомите. Да не навлегувам зашто е тоа така еве како шематски би изгледале атомите во периодниот систем:
Замислете дека секој атом испрача сигнал кој е карактеристичен за секој атом. Тоа е фундаментална големина во оваа технологија. Што повисок сигналот или импулсот то повисока и концентрацијата од тој елемент.
Лимитација на оваа технологија е што се работи со отворено зрачење кое не е јако ама сепак потребно е прописно ракување.
Друга техничка лимитација е пенетрација на самиот рендгенски зрак. За разлика од медицината каде што јачината на рендгенот оди на трансмисија овде се оди на површинска анализа. Значи анализираме еден објект или земјиште само на површината. На пр кога би мереле некој метал, некородивен челик тогаш зракот оди само 70 до 10 микрони длабоко. Кај анализа на металите и тоа не е некој проблем пошто металите се хомогени (и легурите изработени по стандард не во среден век).
Друга лимитација е од аналитичка гледна точка. Најлесен елемент кој може да се анализира со еден рачен анализатор е магнезиумот. Не може да јагленород како важен елемент во тешката индустрија.
Еве како изгледаат тие инструменти пред да продолжам да пишувам за нивната намена и нивното значење во некои индустриски гранки.
Иначе има неколку фирми во меѓувреме. Најдобрите две се овие...мислам дека Инновексовиот инструмент, Делта серијата ена најпоследно техничко ниво ама за тоа ќе пишувам поодолу каде можам да напишам нешто детално за нивната намена и нивна историја.
XL серијата од Niton со радиоизотопи како извор и нивна намена во екологијата:
еден од првите инструменти со минијатуризирана рендгенска цевка исто од Niton паралелно излезе серијата Alpha од Innov-x некаде околу 2003та.
анализа на цевководи...
Алфа серијата со ПДА како носител на оперативниот систем
најновите два модели од Термо или екс Нитон при анализа на украдените слики од мунк музејот пред неколку години
XL2 моделот во анализа на метален отпад.
анализа на површина во рударството
Omega Innov-X со ногалки и ГПС систем за мапирање па преку гоогле еартх прикажување.
tracer моделот од Брукер
најновата генерација Делта серијата од Иновекс