dawn напиша:
доволно е за оној што сака да разбере... ако ти е бедно тогаш нека ти е... не е битно... што сакаш мисли....
Тебе ти е доволно тоа објаснување? Дека прво можело да се размножуваш со роднини, па откако се собрале доволно луѓе, господ рекол, `Ај, више не, чисто за да нема караници по дома, кој е подобар, мама или тато...`
P.Overdrive кажа се` што требаше да биде кажано...
dawn напиша:
А да те прашам зошто ти учиш основно... зошто не одиш директно на факултет?
тоа ти е исто кога земаш да учиш да свириш, сакаш одма да бидеш виртуоз на некој инструмент? или тоа оди постепено...?
така и со човештвото... постепено тоа учи и дознава работи...
а ако Бог не создал така како што ти сакаш тогаш ке бевме само роботи а не со слободна волја... Он не создал со слободна волја...
Тоа се вика развиток, еволуција, нешто што Библијата го негира... Затоа и Samara праша. Ако нема еволуција, зошто тогаш луѓето мора од почеток да почнуваат и да учат се`, кога господ создава се`?
dawn напиша:
А твојата вера е екстремна, веруваш во некојси човек од сега и ти кажал земјата стара волку толку... и ти екстремно му веруваш, тоа е исто како да ти е Бог тој... видел ли тој дека толку е стара? видел ли како се одвивало создавањето? од кај знае??? од кај си ти убеден во тоа??? значи твојот Бог е тие што вадат од разни теории само да не се поврзани со Создател... и јас не сум бил на создавањето и они не биле така? не си ми јасен... да имаш таква вера што е далеку полуда од верата во Бог, и веруваш на човек што му текнало нешто и утре ке умре... а се чудиш на тоа како може верници да има, што веруваат на Библијата што не е пишувана од некојси денес и што е непроменлива цело време сите векови... итн.
Тоа не е вера. Тоа е тестирано, има доволно силни докази за тоа. Освен тоа, сите што `веруваат` (as in believe) во тоа не одат по приципот `Тоа е крајната вистина!` туку по принципот `Тоа е тоа што повеќето образовани, интелигентни луѓе би го прифатиле како точно.`
dawn напиша:
Не му биле тешки на Ное, ама тебе ти се тешки овие работи да ги прифатиш...
Е, зашто тогаш денес нема диносауруси??? Господ ги убил??? Па нели е праведен и милозлив... Животните неможат да згрешат, и да направат нешто, тоа е чисто инстинктивно, не е свесно смислено. Каде е правдата?
dawn напиша:
А ние сме создатели така? а чим нешто не е создадено од наши раце како што е природата и се останато, тогаш не постои друг создател? тогаш се е само создадено не сме ние и чим не сме ние нема друг... овие згради си ги видовме и ние ги создадовме а другово не видовме и немааа НИЕ сме тие само... ГОРДОСТА на човештвото...
Тоа ти е исто како некое дете што било одгледувано во дивина и донесено во град и ке ви вика не ова е создадено само заедно со природата... и вие ке го убедувате... со тоа што ке градите пред него... арно ама Бог нема да ве убедува... Он се создал за нас за да ние само да веруваме... ама неќеме... затоа што гордоста владее... таа е родена од Луциферовата волја... и сега се простира во човековото срце...
ама еден ден ќе ја снема...
Ајде вака (ова го пишав некаде, ама ај)...
Има еден расказ `Дневникот на кучето филозоф`. Во расказот се збори за едно интелигентно куче кое размислува како човек. Кучето има дневник и секој ден се збори за случките кои му се случуваат, меѓу другото зборува за неговиот бог... Неговиот бог е огромно куче, кое глода огромна коска. Тоа огромно куче е создателот на се` што постои, луѓе, кучиња, градби, предмети... Има рај, каде што кучињата јадат коски цело време, и пекол каде што се измачувани...
И тоа куче исто толку цврсто верува колку тебе во се` тоа, и ги има истите докази... Да можеш да зборуваш со тоа куче ќе пробаш да му објасниш колку греши???