Ако бог го створил светот, кој го створил бог?

  • Креатор на темата Креатор на темата CopyOfDeath
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
StevoMC напиша:
Sto poveke citas tolku poveke stanuvas ateist.
Можда си у право знаеш зш какви одговори има.

Сите се правите Атеисти а за велигден идете у црква ај сеа.

но сепак јас останувам Верник без разлика што има напишано,кога ке ми објаснат со цврсти докази како настанал човекот и светот тогаш можеби ке престанам да верувам во Бог.
 
CopyOfDeath напиша:
Ако веруваш дека бог го сторил светот ок
А кој го Стврорил бог?

прашање без врска...

а што мислиш, ако знаеш да поставуваш прашања што и сам знаеш дека немаат врска...
... тоа тебе ти докажува дека Бог не постои?

знаеш, ние луѓето кога нешто не ни одговара лесно можеме да си поставиме прашања ова она вака така... ама тоа е само убедување на самите себеси за некој работи што не ни одговараат да си ги објасниме туку така едноставно со некој глупи прашувања...

Господ оставил еден куп докази за неговото постоење, види се самиот себеси, погледни ја природата, погледни се околу тебе... ама тебе не ти одговара...

Да те прашам пример... ако имаш родители, од кај знаеш дека се твои? си отишол да направиш ДНК тест и слично? ако имаш деца си отишол да провериш дали се твои? мора за се да правиш тестови докази... итн.
Ете вакви се твоите прашања... ако не си приметил...
 
Зошто црквата ги прогонувала „сатанистичките” научници како Галилеј, Коперник?
Затоа што ден за ден почнувале да ги објаснуваат тие феномени...

Последниов век, кога црквата ја изгуби својата сила да убива луѓе во име на Бога, се појавија илјадници научници кои еден по еден ги објаснуваат природните феномени! Со вакво темпо црквата, т.е. верата ја губи својата моќ врз луѓето!

Кој денес од вас верува во Адам и Ева? Претпоставувам многу малку...
Ако сте верници тогаш верувате дека Библијата е безгрешна?
Нели во Библијата пишува за Адам и Ева?

Јас верувам во нешто што сеуште не можам да го објаснам но знам дека постои... но исто верувам дека таа вера со годините е искористувана од луѓе и организации кои сакале своето учење БРЗО да го предадат на луѓето.

Сега веќе имаат цврсти корени... тие вери... но во минатото:
Случај 1 - Излегува човек на улица и вика: доаѓаат вонземјани.... Сите ќе го направат луд!
Случај 2 - Излегува човек на улица и вика: доаѓаат ангели испратени од бога.... почнуваат сите да веруваат дека Бог им праќа претставник
 
IsusHristos напиша:
Можда си у право знаеш зш какви одговори има.

Сите се правите Атеисти а за велигден идете у црква ај сеа.

но сепак јас останувам Верник без разлика што има напишано,кога ке ми објаснат со цврсти докази како настанал човекот и светот тогаш можеби ке престанам да верувам во Бог.
Ако ние не сме прави атеисти, тогаш и ти не си прав верник. Тоа на аватар треба да биде Исус? Плус, самиот ник ти е сквернавење... немаш право да реплицираш на теми на религија а особено да бидеш прорелигиски ориентиран. Божји заповеди, не создавај слика од Господ, и не го спомнувај името господово напразно... :star:
 
Ne koga vleguvate vo crkva sto gledate,dali koga se molite gledate vo taa prekrasna arhitektura,nejzinite freski so kakva maka se izgradeni.So kolku pot,krv i solzi i kolku bila znacajna taa crkva,jas ne se molam ne gi gledam ni popovite ni lugeto ja gledam negovata celost kako bolka sto so vekovi ja trpele nasiot narod da izgradi nekoja monumental kadesto moze da se ispraznis od toj mir i tisina.Gledaj malku podlaboko iako sum ateist jas sekogas gledam podlaboko vo bilo sto.
 
dawn напиша:
прашање без врска...

а што мислиш, ако знаеш да поставуваш прашања што и сам знаеш дека немаат врска...
... тоа тебе ти докажува дека Бог не постои?

знаеш, ние луѓето кога нешто не ни одговара лесно можеме да си поставиме прашања ова она вака така... ама тоа е само убедување на самите себеси за некој работи што не ни одговараат да си ги објасниме туку така едноставно со некој глупи прашувања...

Господ оставил еден куп докази за неговото постоење, види се самиот себеси, погледни ја природата, погледни се околу тебе... ама тебе не ти одговара...

Да те прашам пример... ако имаш родители, од кај знаеш дека се твои? си отишол да направиш ДНК тест и слично? ако имаш деца си отишол да провериш дали се твои? мора за се да правиш тестови докази... итн.
Ете вакви се твоите прашања... ако не си приметил...
А што ти е поголем доказ твоите родители или науката?
 
StevoMC напиша:
А што ти е поголем доказ твоите родители или науката?

очигледно не си сконтал што зборам...
 
Едно не ми е јасно... Ако Ева е мајка на се` живо, тоа значи дека децата на Адам и Ева се размножувале меѓусебно?
 
KohlBass напиша:
Едно не ми е јасно... Ако Ева е мајка на се` живо, тоа значи дека децата на Адам и Ева се размножувале меѓусебно?

што ке ти е тоа прашање... ама ај... тоа било друго време, и не било проклетство да се размножуваат така... доколку сега је проклетство...
тогаш Господ предодредил така и се раѓале здрави прави... и одкога е дојден доволен број луѓе... тогаш веке врската станала многу подалечна... и тогаш неморале да бидат со блиските... и потоа е дадена забрана од Господ да не бидат заедно блиски роднини....
се надевам сфати, ама ако си само еден атеист... тогаш не ти требаат вакви прашања и одговори... зошто? затоа што ова се само прашања за буцкања... кој што тебе не ти е грижа... и се преминува во празни разговори...
 
Чекај вие зборувате за библијата и за господ. Но зошто на пример се верува баш за еден бог? Зошто не останало како порано да се верува во повеќе богови? Или сеуште да веруваме во свети животни(т.е. тотемизам)? А и ако сме сите од адам и ева тогаш нема ли сите во светот да имаме колку толку слична днк? Како може ние македонците да имаме еден тип на днк а јапонците друг? Ова со бог нема смисла на ништо. Тоа е само верување во нешто што не постои. А и среќа што не пробуваме да ја разрешиме квантната физика :)
 
dawn напиша:
Господ оставил еден куп докази за неговото постоење, види се самиот себеси, погледни ја природата, погледни се околу тебе... ама тебе не ти одговара...

Единствен "доказ" е библијата. А таа е чиста фикција. Или има некаде некоја карпа и со графит напишано "God was here"?
 
Samara напиша:
Единствен "доказ" е библијата. А таа е чиста фикција. Или има некаде некоја карпа и со графит напишано "God was here"?

Yes God was here > That was Jesus...

Доказ е тоа што го наброив... а ако отвориш Библија истото го пишува таму баш во стил со вакви зборови : самата природата зборува дека Бог постои... и на друго место пророкот вика... погледни како чудесно сум создаден... итн. долга тема е за тоа кој докази каде, што, како, зошто....
Толку за ова... иначе ако си предопределена за атеист, тогаш во ред, јасно ми е, и не би требало да зборуваме на оваа тема... сакам да кажам јас дека не би правел муабет... од чиста причина нема ништо заедничко во тој муабет, верник, атеист... само докажувања, кавги, препирки, итн. без резултати...
 
хаха и што ти повеќе веруваш во тоа што ти е пишано во некоја скоро распадната книга отколку суперзачувани фосили?
А и за ова со кавгите. Епа секој сака да си го одбрани својот став. А тоа што е без резултати е бидејќи никој нема цврсти докази да го докаже едното или другото. Дали бог го создал човекот или човекот бог. Јас сум повеќе за тоа дека човекот го створил бог а дека библијата е само некоја стара книга полна со прашина која било кој можел да ја напише и со текот на времето претрпувала оооогромни промени
 
Saiya Jin напиша:
хаха и што ти повеќе веруваш во тоа што ти е пишано во некоја скоро распадната книга отколку суперзачувани фосили?

Да, а и тие фосили се спомнати во неа...

Saiya Jin напиша:
А тоа што е без резултати е бидејќи никој нема цврсти докази да го докаже едното или другото.

јас ги имам цврстите докази секаде наоколу... а атеистичките докази за мене се екстремни... ЗОШТО? затоа што треба да имаш многу луда вера и екстремна вера за да се убедуваш дека се е туку така само создадено... као да веруваш дека тоа компјутерот пред тебе сам се создал... е за тоа мене ми треба многу поголема вера отколку оваа што сега ја имам во Господ... понормално е ова верување...

Saiya Jin напиша:
а дека библијата е само некоја стара книга полна со прашина која било кој можел да ја напише и со текот на времето претрпувала оооогромни промени

ако беше само уште една книга напишана од човек, тогаш немаше да постои вака како што сега постои, една од највлијателните книги на сите векови...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom