Матура

  • Креатор на темата Креатор на темата elektro
  • Време на започнување Време на започнување
И јас да прашам нешто .Кај оние извештај , молба и слично се бројат ли и долу градот и датото како зборови и од потписот,поднесувач на молба и слично .
И учите ли сите тие лирски, епски подвидови што се во прирачникот ?
И имате ли поднесувано сега некои документи за матура или остана само на пријавата од почетокот на годината што се потполнуваше ?

за дали се бројат градот дат незнамм и мене то ме интересира.
а тие подвидовите јас не ги учев. Но професорката ми кажа дека ги имало ‘-‘

а сега се носат свидетелствата од 123 година и извод и толку :)
 
Ја имам книга од Богдановска по Македоснки јазик и книга Математика за матуранти ако има некој од Кочани одтука можам да му ја дадам да си науче да си заврше работа...
 
И јас да прашам нешто .Кај оние извештај , молба и слично се бројат ли и долу градот и датото како зборови и од потписот,поднесувач на молба и слично .
И учите ли сите тие лирски, епски подвидови што се во прирачникот ?
И имате ли поднесувано сега некои документи за матура или остана само на пријавата од почетокот на годината што се потполнуваше ?

Мислам дека и тоа влегува во вкупните зборови,на пр. ако пишуваш молба, молбата ќе ти биде во две реченици, а другиот дел ќе ти отпадне на податоци на молителот и сл.
Најважно е да ги знаеш родовите (лирика, епика, драма) и по некој карактеристичен вид од нив. Најважно е да знаеш кои се глевните карактеристики ан родовите. Може на пример да ти дадат `О писменех`(За буквите) од Црноризец Храбар и да те праша каков вид е делото... (трактат).
 
Броењето на зборовите во огласот, барањето и составот е напорно в крај. Ако има повеќе или помалку од 5 збора од предвиденото, нема да се прегледува, затоа внимавајте.
За да си олесните и да не броите секој пат, кога еднаш ќе изброите до 50, таму ставете знак, кога втор пат ќе изброите до 50 пак ставете знак.
И уште нешто, на крајот има состави и од нив прашања, многу добро читајте ги составите оти има прашања со финти.
 
Денес бев на консултации со професорката моја по македонски и ми кажа дека кај кратките форми (известување, молба, жалба) ќе биде дозволено 10 плус-минус зборови, а за оние поголемите да се внимава да се биде во граница на даденото.
Исто така, се брои и датумот, односно секоја бројка е посебен збор, така да онапред сметајте дека ако е определно од 20 до 40 зборови, сметајте дека 15 зборови се отидени на наслов, датум, место и потпис.
 
Да не ја знае некој точната бројка на задачи на испитот по математика? Зошто почнав да слушам муабети дека ќе бидат 40 задачи а не гледам никаде во програмата таков податок.

Како што ни кажа професорката, ќе имало околу 40 задачи и ќе биле полесни од задачите од минатата година и вкупниот број поени ќе бил 70, а не 100.
 
Значи се брои кај молбата, жалбата и она до кого е на пример (до наставничкиот совет ) ?
 
Дали знае некој како се пишува биографија ???
 
zdr

dali znae nekoj so kolku vkupno poeni se polaga maturata,a i ako nekoj gi znae poenite za ocenkite neka gi pise :helou:
 
dali znae nekoj so kolku vkupno poeni se polaga maturata,a i ako nekoj gi znae poenite za ocenkite neka gi pise :helou:

Никој не ги знае нит ќе ги знае, секоја година ги утврдуваат различно во однос на успехот кој што го покажале учениците...
 
Прашање до тие што сега ќе полагаат матура: Доколку имаме потреба да пишеме датум дали ќе треба во банкарски стил или пр. 2 април 2010 ?
 
Да полагав англиски место математика ќе ги кренев нозете сега ќе уживав до 14ти -.-
 
Еј дечки дали некој препишувал или се снаоѓал некако на матура екстерните предмети Македонски/Англиски и дали тешко е за препишување
тоа комисијата колку ја сочинуваат дали е вистина дека на секој ученик по 5-10 минути висат на глава и шетаат нон-стоп.
 
:pos: Што сте се уплашиле толку, не јадат, луѓе се и они.... И што ако ти виси над глава 5-10 па и 30 минути? Твое е да си научиш и да си положиш па ако сакаат и крокодили нека ти играат на клупа...
Може во некои училишта да ти висат над глава, негде само шетаат, негде само седат, се зависи од тоа кој ќе ти се погоди во просторијата кај што полагаш. Во едно исто школо може некој да се утепа од препишување а друг да не смее да крене глава... Се е релативно... Има разлика од комисија и надгледувачи, ти сигурно мислеше на тие што ќе ве чуваат а тие се надгледувачи и не се комисија...
Ако не планираш да учиш, испланирај да препишеш али може и да не се снајдеш... идеш на ризик...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom