da_be_man
Entropy
- Член од
- 17 октомври 2005
- Мислења
- 628
- Поени од реакции
- 126
Дали е можно човекот да потекнува (ако се суди по Дарвиновата теорија) само од еден географски регион (Африка)? Теорија како Теорија е непотврден научен постулат.
Пред кратко во Сибирија беше откриена коска од исто така непознат човечки предок.
Можно е да имало истовремени (плус минус неколку илјади години) еволутивни промени на човечките примати на повеќе региони (Африка, Азија, Америка па и Европа)...сепак мајмуни не живееле само во Африка.
Тие примати биле и различни како што и денеска се луѓето во некои нијанси различи. Зашто на пр. Азиатите (Кинези, Јапанци, Виетнамци...итн) го немаат ензимот АДХ за алкохол дехидрогенеза. Овај ензим е во желудникот и има заштитна функција и така спречува да алкохолот преку дифузија влезе во други соседни органи. АДХ го разредува алкохолот пред да влезе во крвотокот. Овој Ензим има две подгрупи (Изо ензими) кои го оксидираат алкохолот подобро или помалку подобро. Кај некои етнички групи овај ензим е присутен кај некој не...затоа и Азијатите и побрзо се опијануваат (едно пиво две и дрва се....ова како пример за разликата а од искуство со нив го знам). Зашто еволуцијата овде направила разлик?
Еве ова денес излезе:
---------------------------------
ДПА 6. April
Јужноафрикански Научници пронајдоја досега непозната форма на пра-човек. Спред нив ова откритие треба да даде подобра слика за еден важен временски прозорец на човечката историја.
Научниците презентираа два делумно скаменети скелети пронајдени во јужноафричкиот Маропенг западно од Јоханесбург. Се претпоставува дека оваа врста на хоминиди живеела пред скоро две милиони години.
Овие Фосили ни даваат една подетална слика на еден нов дел од човечката историја, вели Ли Бергер од Универзитетот во Јоханесбург.
Резултатите на пронајдокот треба да се објават во Петок во следниот прој на америчкото списание "Science"
Кај околу 1.9 милиони години стариот скелет се работи за една возрасна жена и едно околи 10 год старо момче. На непознатата „врста„ научниците му го дадоа името "Australopithecus sediba".
Овие пра-луѓе биле адаптирани за живот на дрво како и за живеење на земја. Имале долги екстремитети (раце) со кратки ама јаки дланки со кои можеле да се качуваат доста брзо и лесно на дрва. Истовремено имале и долги нозе и оделе исправени како денешниот човек а највероватно и можеле да трчаат. Женскиот скелет имал веќе развиени широки колкови и малечки заби како и подоцнежните наследници. Нејзината височина била 1.30м и тежела околу 35кг а детето околу 27 кг.
Во споредба со модерниот човек имале помал мозок.
Научниците велат дека скоро е „невозможно„ да се дефинира точната позиција на новава пра-форма во развојот до денешниот човек. Сепак се надеваат дека овај пронајдок ќе помогне да се открие тајната околу преминот од дрво на земја.
Фосилите се околу 1 милион години помлади од "Lucy" како најпознатиот предок на човекот кој беше откриен пред околу 30 год во Етиопија. "Lucy" важеше за најстариот скелет се до 1992 кога беше пронајден "Ardi", еден предок кој би требало да живее пред 4.4 милиони години.