Vinnetou
Continium Transfunctioner
- Член од
- 15 мај 2005
- Мислења
- 3.513
- Поени од реакции
- 482
Ок, се изначитав сешто. Го разбирам револтот кој го искажувате, човечка особина е, но зошто имате потреба да искажете толку негативен став на една обична тема за една обична поезија од еден обичен човек.
Поезијата на Ма-ста-Пе е таква каква што е, и кога тој ја пишува тој е среќен. Среќен е што има можност да каже што му лежи на душа, и среќен е за можноста дека некој можеби тоа ќе го прочита.
На форумот, особено во овој подфорум се појавиле секакви блујаници од постови, песни и луѓе. Никогаш не смееме да си дозволиме да забраниме нешто само затоа што не ни се допаѓа или сметаме дека не е доволно добро од аспект на квалитет. На форумот не го освојуваме светот, ниту го зачувуваме достоинството на семејството. Тука се дружиме и дискутираме, како на оваа тема, и читаме што другите имаат да кажат, како на другата тема за Ма-Ста-Пе.
На крајот, никој нема право да оцени едно дело како уметност или како неуметност. Може да каже некој дека не му се допаѓа, може и стручните критичари да се сложат со тој став, но во време кога сликањето на платно со фецес е уметност, сигурно и поезијата на овој човек ќе ја наречеме уметност.
п.с. Поезијата на Ма-Ста-Пе неколку пати измамиле насмевка, а сигурен сум дека го сториле тоа и на други форумџии. Дали тоа се случило заради неверојатниот квалитет или прекрасниот хумор на авторот, дали е заради чудењето на начинот и изборот на рими е тотално небитно. Поентата е постигната, пораката е пренесена.
Се согаласувам со постов. Од каде таа негативна енергија што ве тера да плукате по делата на човек кој очигледно вложува големо време и пасија во тоа што го прави. Алал да му е, го поддржувам човекот 200% да продолжи со тоа што го прави, макар и сите да му викаат да престане.
Ако тоа те прави среќен - фурај мајсторе ич да не ти чуе!
Ако има некој што е попаметен и поелоквентен, нека повели па нека направи нешто слично.
+/-2мб серверски простор нема на никој ништо да му промени.
Некој поназад напишал дека Ма-Ста-Пе со неговата поезија го претставува форумов? ВАТ-Д-ФАК?!?!
p.s. Ова дело е прогласено за masterpiece:

You see what I mean?