Divider
Seraphim
Незнам само каде вие видовте сериозна поезија на овие 26 страни, од кратките погледни на секојдневието на обичен човек, во неговиот свет?!
Јас сум лаик, тапа за сериозна поезија. Ма, за секаква поезија. Само како образовани луѓе, кои тврдат за себе дека се врвот на уметничката реч, доаѓаат до вакви смешни заклучоци? А, најинтересен момент е да се наречеш врв, споредувајки се со, квази-култура, шунд и кич.
Обично, луѓето кои вредат во својата бранша, можат само да се насмевнат на нечиј обид, и да продолжат понатаму.
Ѓороски, ако некому му се даде тема, да пишува вакво стихоклепство, во сериозен подфорум, наречен, уметноста, литературата, јазикот, тогаш е логично и да се заклучи дека се дава тежина на напишаното. Доколку беше само за шегобијство и лично споменарче, дневник, тогаш можеше да биде поставено во ЧДА.
А ако доволно внимателно забележиш во изреченото, ќе успееш да согледаш дека навредата за се она што е поетска реч е со самото небунтување против бессмислата на второодделенското лепење рими на зборчиња без да се понуди мисла, замисла, цел.
Понатаму, кратко и јасно:
немам намера да полемизирам за нелиј неквалитет ако тој е повеќе од очигледен.
Јас не можам дури и да посакам да се споредам со бесмисол, со кич, со шунд. Јас само му напоменав на авторот на шундот, кој несебично ми се понуди да ме науши и поучи рима, да се потруди и да изнајде некое мое сочинение и да погледне што е поезија.
Субјективноста во пристапот, како и кај прозаистите, ликовните уметници, драматурзите, во секоја сфера на уметноста не може да биде тука, во овој даден случај, параметар за толкување.
За среќа, тоа што тука не е појмено како шунд, не значи дека во рамките на литературата, на соодветното ниво, како таква и појмена правилно, нема да се најде во рангот на сериозноста на речта и мислата ова стихоклепствие и својот максимален дострел ќе го достигне евентуално биднувајќи на поличката до Дитас или Дим Дон, значи онаму, каде сонцето нема многу да засјае и ќе биде воодушевувачка книшка за оние кои немаат способност да восприемат сериозна реч и на оние на кои им е тешко да се надминат себе си читајќи евентуално и појмувајќи ја за нешто повеќе дури и книшката, да речеме, Децата од нашата улица.
Од друга страна, јас сум горд што постојат македонски поети, кои во светот ги ценат и почитуваат, поети, кои скоро ако не и веќе се рангуваат рамот до рамо со едне Превер, Верлен, Шели, Бодлер, Рембо ( не Рамбо - Сталоне, туку францускиот поет А. Рембо) итн.
Видиш, тука не се разбираме. јас немам ништо против да има вакви обиди, колку и да звучат грубо на мојата поетска и книжевничка душа, но на соодветното место, со соодветна цена и критика.
Мое е на отворен и јавен форум да го искажам своето мислење, не очекувам да се сложат со мене, но сепак имам право да го кажам.
Нели.
Или да плукаме по сестрите Бронте, а да го величаме Дитас?
да плукаме по еден Гане или Анте за да го величаме Мастапе?
Не!
Секоја си има свое место, некој на пиедесталот и рамо до рамо до великаните, а некој на рафотвите кои собираат прашина заедно со Димче Донески, популарниот ДимДон.