Алергии

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Алергиски ринитис / Алергија на полен / Сезонски ринитис

Доколку секоја пролет имате затнат нос, очите ви се зацрвенети и ве чешаат и имате кивавица-можно е да имате алергија - алергиски ринитис ( најчесто алергија на полен.). Алергија на полен е најчесто употрeбуваниот термин, иако постојат огромен број на материи кои можат да предизвикат алергија.

Доколку симптомите се јавуваат секоја година во ист период, најверојатно се работи за сезонска алергија, предизвикана од полен кој се јавува токму во тој период. Но доколку постои преосетливост (алергија) кон алергени како прашина на пример симптомите може да траат цела година.

Лековите кои се земаат без рецепт обично се доволни за смирување на симптомите на лесна форма на алергиски ринитис, но доколку симптомите се поизразени и посебно доколку се присутни во текот на цела година, треба да се обрне повеќе внимание, за да се намали ризикот од посериозни форми на алергија како астма и екцем.

Знаци и симптоми

Знаците и симптомите на алергиски ринитис варираат од лесни до многу изразени. Симптомите на алергиски ринитис обично се развиваат веднаш по изложување на алергенот, но и материи како парфем и чад од цигари можат да ги влошат симптомите.
Симптомите на алергиски ринитис се: :
  • Течен секрет од носот
  • Насолзени очи
  • Чувство на притиок во носот, очите и лицето
  • Често кивање
  • Чешање во грлото, носот и очите
  • Кашлица
  • Несоница
  • Малаксалост
709bbc0419fc4c7d8ba16ed8a72d46e3.jpg



f99fe080e3f3498c847a8fa2bd22fdcd.jpg

Обично тешко се прави разлика меѓу настинка и алергиски ринитис, поради речиси истите симптоми. Ова се главните разлики:

Алергија/Алергиски ринитис
Настинка
Знаци и симптоми
Течен бистар секрет од носот: нормална температура
Течен воденикав секрет со жолта пребоеност; благо покачена температура
Старт на симптомите
Веднаш по контакт со алергените (полен)
Еден до три дена по изложеност на вирус
Траење на симптомите
Се додека трае изложеноста на алергените
Од еден до седум дена

Доколку имате чести настинки кои се развиваат одеднадеш и се јавуваат во исто време во годината, можно е да се работи за алергиски ринитис. Иако алергиите и настинките имаат многу слична клиничка слика, тие се сепак многу различни болести. Еве зошто:
  • Причина Настинките се предизвикани од вируси, додека алергијата е преосетливост, претеран одговор на имуниот систем при контакт со одредена материја, алерген-како полен, влакна од животни, прашина и сл. Вирусите лесно се пренесуваат од човек на човек, но алергијата не е заразна болест, и не можете да добиете алергија од човек кој има алергија.
  • Траење Симптомите на настинка траат од еден до седум дена, ретко повеќе. Спротивно, симптомите на алергиски ринит се јавуваат секоја година во ист период и траат по неклку месеци, а доколку се работи за алергија кон материја која е секојдневно присутна, како прашина, симптомите се присутни постојано .
  • Лечење. Третманот на настинка и алергиски ринитис е донекаде сличен, во смисла на одмор, капки за нос, но при поизразени форми на алергиски ринит ќе бидат потребни и лекови против алергија, како кортикостероиди, анти-хистаминици и сл.
  • Превенција. За да се спречи појавата на настинка, потребно е да се избегнува контакт со лица кои се веќе заразени. За да се спречи појавата на симптомите на алергија, лицето треба да ги избегнува материите за кои е познато дека кај него предизвикуваат алергиска реакција.
Единствениот начин точно да дознаете дали имате алергија или настинка е да се обратите на лекар!

Иако алергискиот ринитис може да се појави во било која возраст, најчесто се јавува во детството и раната младост. Со стареење симптомите може да се влошат или подобрат, но сепак симптомите имаат тенденција да се намалуваат со текот на годините.

webcontent%5C035adf689e944ce1a09dd046bef57ee8.jpg
webcontent%5C2dc20c144bdc4fd9ab7a2d945879b12f.jpg


Лицата кои имаат алергиски ринитис можат да бидат алергични на повеќе материи истовремено. Без разлика која материја ја предизвикува алергијата, причината е секогаш иста: преку процес наречен сензибилизација, имуниот систем погрешно ја идентификува таа материја како закана за организмот и произведува анти-тела против алергенот, имуноглобулин Е. Наредниот пат кога ќе дојдете во контакт со алергенот, имуниот систем ја започнува алергиската реакција. ИгЕ антителата го иницираат ослободувањето на хистамин, супстанца која предизвикува отекување на слузокожата и мукозната мембрана во носот, синусите и очите, предизвикувајќи кивање, течење на секрет од носот, зацрвенети очи и тн.

Ризик фактори
Следнива фактори го зголемуваат ризикот од поленска грозница (стар назив за алергија кон полен):
  • Фамилијарна историја за алергии
  • Машки пол
  • Изложеност на чад од цигари во првата година од животот
  • Изложеност на домашни алергени, како прашина на пр.
 
колку секси се осеќам со сликата на алергизиран нос... мојот за две до три недели ке биде баш таков... уффф... у шема ќе сум :pos2:
 
Џоа џанки :)
Од страв нема да ти идам на гости... мож и мене џанки ќе ме напраиш. :pos:
 
На се сум алергична бе....ко појов да ми кажат листа од 500 работи:nesum:
 
Jas sum alergicen na se sto se smeta za rastenie.Duri sum i alergicen na cigari,prasina i perduvi.Taka da kaj mene doma e pocisto od hotel so 5zvezdicki.Sala na strana preku prolet i leto e najgadno!!!!!!
 
Мене сите кои ке слушнат дека сум алергична на јаболки ми викаат Ај не се занесувај , па јаболкото е најздраво , незнам ова , она, ама јас лично си занам како завршив во болница од едно јаболко пред неколку години.
И од тогаш па навака не јадам.
 
Jas nemam nekoi strasni alergii (skraja da e). Mi izleguvaat mozolcinja po teloto. Alergija dobivam koga ke preteram so nesto. Primer pred nekolku godini jadev po 100 praski na den i posle stanav alergicna na praski. Ama posle nekoe vreme veke bese bezbedno da gi jadam. Isto i so smoki mi se desi da stanam alergicna
 
поради астмата алергична сум на :прашина, трева, полен, животни, а кивам од многу јаки парфеми или зачадени простории, а од мед ми се повраќа...иам направено и алергии на помади и креми како црвенило по цело тело
 
Ауффф... од кај да почнам...Поленов прав(најчесто пролет и есен коа цветаат тие лишаи корови),прашина,животински влакна,чад од цигари,влага и уште ептен такви срања. Коа ке отечам у очите као питбул сум.
 
Така је. Кај ја отворив темава кај си .. :nerv::zid:
Ме чешаат дланките и полека почнува да ми се прави црвенило до утре ќе сум .. му е*ам!:icon_frow:cry:
Не се нервирај тоа е реалноста, ама мислам дека алергијата добро се поднесува кога си ги земаш лекарствата кога ќе почувствуваш потреба.
 
Од неодамна ми се појави алергија на парацетамол :uvo: Исто така смрт за очите ми е хлорирана вода,ако алучајно очите ми дојдат во допир со хлорирана вода,2 недели ми се црвени и ужасно ме чешаат.
 
алергична сум на пеницилин, на прашина и на усте неколку работи и сето тоа е премногу неподносливо (црвен нос, чешање, црвенило на кожата) :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom