СЕХА - ГСС лига

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе стартува утре лигата?
Глеам се откажал Партизан од неа.
Се` е отидено во неповрат, една салам работа неможи да се организира, плус трошоците до крајот на годината ќе си ги плаќале екипите. А спонзорот официјално ќе бил од Јануари 2012 година. (ако воопшто најдат некој..)
Има сајт официјален за оваа лига?:confused:
 
R.K. Metalurg
Odlozen denesniot natprevar so rk bosna

најверојатно нема да стартува регионалната лига оваа сезона ..
 
R.K. Metalurg
Odlozen denesniot natprevar so rk bosna

најверојатно нема да стартува регионалната лига оваа сезона ..

Босна побара одложување на овој натпревар уште пред една недела, Вардар игра во 17:30 со Борац во Бања Лука...
 
Второ коло (17-18 септември)

Вардар - Босна
Сутјеска - Металург
Металопластика - Извиѓач
Нексе - Кроација Оси.
Татран - Црвена Звезда
Борац - Ловќен
 
Колку шо знам не ги продале телевизиските права така да нема да има.
Клубовите добиле гаранции дека од јануари ќе има спонзор, „Дигитал комјуникејшн“ постигнал договор со некои ТВ куќи за преноси, па дел од парите ќе бидат добиени од тука. Потоа би требало да има спонзор кој следните пет сезони ќе ги покрие сите трошоци на клубовите.
 
Клубовите добиле гаранции дека од јануари ќе има спонзор, „Дигитал комјуникејшн“ постигнал договор со некои ТВ куќи за преноси, па дел од парите ќе бидат добиени од тука. Потоа би требало да има спонзор кој следните пет сезони ќе ги покрие сите трошоци на клубовите.

Искрено не верувам, но дај Боже да е така... Само ваква лига е спас за балканскиот ракомет :)
 
Искрено не верувам, но дај Боже да е така... Само ваква лига е спас за балканскиот ракомет :)
Mислам дека се збореше за Канал 5 дека ќе ги пренесуваат натпреварите на Вардар и Металург, изгледа само на домашен терен.
Па ќе видиме што ќе испадни и од тоа. Во секој случај не е сфатена работата сериозно како што треба со овој проект, а мислам дека со СЕХА лигата ќе се популаризира уште толку ракометот, и барем ќе гледаме плус неколку квалитетни мечеви.
 
Богами добра утакмица ќе има утре очекувам Вардар со победа да се заборави срамот што го доживеа од Борац. Составот го немам видено освен пдоготвидетлните мечеви каде играа рералтнивно добро ме интересира што бековска постава ќе има за оваа сезона.
 
Вардар - Босна -директен пренос на МТВ 1, сабота, 18 часот.

Само да надополнам, сите домашни натпревари на Вардар и Металург ќе ги пренесува МТВ... :)

Исто така сите екипи добиле тригодишна гаранција за настап во СЕХА лигата.
 
Леле колку аматерско е организирано сето ова. Од клубови, од телевизија, па се до посетеност на натпреварот. :confused:
Неможи да те привлечи да го гледаш натпреварот, како некој пријателски меч, ма пријателски мечеви има подобри од овој.
 
Ја гледав утакмицата Звезда - НЕХЕ............... ако игра Вардар како до сега со НЕХЕ црно ни се пишува.Тоа е стварно една јака и озбилна екипа.Со Звезда можеби и ќе можеме да се носиме само ради фактот што и тие ич не се уиграни.13 играчи сменија.
 
Oфицијална страна нема лигата?
Кај може да видам распоред на натпревари, знам дека денеска се играат некои мечеви, ама целосен распоред за ово коло неможам да најдам.
Прашањето може ќе испадни дебилно, ако се знај фактот дека лигата можи и да не опстани за некое време.:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom