Велешката полицијата осомничи полицаец

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Велешката полицијата осомничи полицаец

getImageThumbnail.php

Велешката полицијата осомничи полицаец. Од четириесет и три годишниот сообраќаец, МЛ, бара кривично да одговара оти во 9 сообраќајки низ прсти им прогледал на возачите и против нив не поднел прекршочни или кривични пријави. Сообраќаецот, спротивно на законот, по увидот на местото на несреќата им дозволувал на оштетениот и предизвикувачот да се пазарат за штетата. Потоа тој наместо да подготви службен записник, да го евидентира во полициските документи и да поднесе соодветни пријави пишувал само службени белешки од кои прекршителите на законот не подлежат на санкции, велат од полицијата.

Половина од овие девет сообраќајки завршиле со повредени патници. Во три несреќи учествувале возила со странски регистерски таблички, една сообраќајка ја предизвикале нерегистрирани возила како и возач без возачка дозвола. Последнава сообраќајка М.Л воопшто не ја регистрирал во службените документи на СВР Велес.

#
 
Како ова вака плукате врз Полицијата,мислам јасно е дека има некои подмитливи ама јас како што гледам си ја вршат работата и бааѓи пратки(у килограми) успејаа да фанат.

И на крај краеви ова е веќе црна хроника-не свет и случувања,тој "полицаец" фактички е престапник,мерки ќе се преземат.

Не ја резилете полицијата..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom