Меѓународна возачка дозвола

  • Креатор на темата Креатор на темата macedon89
  • Време на започнување Време на започнување

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Локација
Што подалеку од Македонија.
Дали некој знае дали сега се ваѓа меѓународна возачка дозвола зошто на сајтот на мвр не најдов ништо или може да се користи новата возачка како меѓународна. Неможам да прашам во МВР зошто сум во странство.
Ваши мислења или искуства...
 
Обичната возачка дозвола не е валидна во други земји.
Меѓународна возачка дозвола се вади во АМСМ, не во МВР.
http://www.amsm.com.mk/Uslugi/Mdokumenti/megjunarodniDokumenti.aspx
Се' што треба е да отидеш во АМСМ, да ги дадеш сликите и обичната возачка, да платиш и веднаш ти даваат меѓународна.
 
MVD.gif

Потребни документи
- 2 фотографии (45мм x 35 мм)
- документ за идентификација (лична карта или пасош)
- национална возачка дозвола

Важност
3 години, но со истекот на важноста на националната возачка дозвола истекува и важноста на меѓународната возачка дозвола.

Цена - 845,00 МКД

Продажни места АМСМ Центар и АМСМ Чаир- Скопје
Авто-Мото Друштва во Македонија
Повеќе информации

tel.gif

02 / 3181-181
fax.gif

02 / 3181-119
 
Koja e celta na ovaa vozacka dozvola? Aj razbiram koga gi imavme tefeterite na koi pisuvase na MK i FR mozda i imase potreba, ama na novive ima i na Angliski.
Jas sekade niz svet vozam so obicnata dozvola (plasticnata) i nikade-ama bas nikade ne mi pobarle megjunarodna osven na granica pri vlez vo Albanija i toa my dadov 5 evra i bese resen problemot.
Vo Anglija i vo USA sum rental kola, pak samo so obicna dozvola
 
Со новиве возачки, јас мислам дека тоа меѓународната е више застарена работа. Ама стално има некој кој ќе пере пари во државава, ќе измислува некои работи.
Јас колку пати сум сопрел странец, и ако споредам колку од нив имале меѓународна возачка дозвола, немале ни 20 % од нив.
Абе нема потреба, си пишува таму све, си има на возачкиве ( барем овие што доаѓаат од светскиве земји ), на англиски а и ке се снајдеш де, ќе споредиш со пасош ова она. Е сега тоа бугарските до пред некое време им беа забаталени, на бугарски, па со фамилијарно презиме некое плус, или албанските беа исто проблематични. А кога ќе извадеа меѓународна и таа пишана со ракописно :tapp:, оди па дешифрирај :jaj:
Како може во официјален документ да се пишува со ракописно бе, и да се признава тоа повише од самата возачка дозвола, оди па свати :)
 
Значи може и со обичната, (розевата), или мора новата да биде?

Муабетот ми беше дали ако не извадиш меѓународна, може да одиш и со розевата, и дали ако те застанат прават проблем ако немаш меѓународна во странство, а си ја носиш регуларната.
 
Може да те тупат во Србија на пример, таму се во последно време цајковците наострени да пишуваат казни, па во јајце влакно бараат.
Во принцип би требало да ја имаш меѓународната дозвола како документ, иако новиве дозволи се и на англиски па може да поминат како валиден документ. Иако, по некоја логика, како што и личната карта не ти важи меѓународно, така би било и со таа возачка :toe: Јас си извадив меѓународна, 850 денари не се многу, а ако ти пишат казна сигурно ќе биде повеќе.
 
Извади си болје, оти ке има некој што не знае ни кирилица ни латиница ама ке се фати за тоа дека немаш меѓународна, а тој не знае ни еден од јазиците во дозволата :pos2:
 
Дали тоа важи и за другите земји, т.е. дали пример и Србија, Грција, Бугарија итн имаат меѓународни посебни дозволи?

Баш ме интересира дали кај нас се тотално непотребни 850 денари, или има некоја меѓународна основа. Ако се непотребни 850 денари, треба да се реагира, слично како што се непотребни пари за атест на плин, за некои тестови на увезени коли (кои ги прочитав деновиве, дека немале потреба да се прават а ги прават за да земаат пари) итн.
 
бивша југославија цела не ти треба меѓународна возачка, бугарија не грција не турција ич. со овие се има склучено мегудржавен договор за патните дукументи и нема тука што да вадиш таква иначе секаде кај што се оди по земјен пат сум возел меѓународна ми имаат побарано само во русија, иначе сега и со русија е потпишан таков договор, а ако си превозник со ТИР конвенција се укинати мегународните возачки со обврска во возачките да пишува барем еден светски јазик , истото важи и за сите останати категории на возила единствено ако ти е еднојазична возачката тогаш мораш да имаш превод на некој светски јазик тоест податоците да се напишат на дупликат возачка дозвола позната како меѓународна возачка . иначе не давај пари тоа тие апашана само

Може да те тупат во Србија на пример, таму се во последно време цајковците наострени да пишуваат казни, па во јајце влакно бараат.
Во принцип би требало да ја имаш меѓународната дозвола како документ, иако новиве дозволи се и на англиски па може да поминат како валиден документ. Иако, по некоја логика, како што и личната карта не ти важи меѓународно, така би било и со таа возачка :toe: Јас си извадив меѓународна, 850 денари не се многу, а ако ти пишат казна сигурно ќе биде повеќе.
Чим си имала пари за фрлање тогаш твој проблем иначе возачката дозвола се смета за меѓународна ако во неа податоците се запишани барем на еден светски јазик во случајов кај нас француски
 
Минатата Сабота (6.3.2010) бев за Бугарија. И нормално, на излезот од Софија ме застанаа милиционерите, ми побраа документи и им ја дадов НОВАТА пластична дозвола (меџународна намерно ни си купив) и немаше никаков проблем. Инаку беа (беше) МНОГУ љубезен полицаецот.
Пред 2 години во Германија ме застанаа полицајци (undercover) и му ја дадов меџународната оти домашната (розевата) ја заборавив во Македонија. Цајканот ми побара национална. Му реков: што ми бараш национална кога ти давам меѓународна? Ако ја имав националната, му велам, ќе ми ја бараше меџународната.
Така цајканот ме пушти, но можеше и да ме казни.

Јас решив, со новата дозвола, нема да дадам 850 мкд на нашиве. А за странскиве полисмени ќе му ја мислам.
 
MENE VO GRCIJA I TURCIJA MI BARAA MEGUNARDONA VOZACKA ZA SREKA JA IMAV INACE KE JADEV NEKOJA KAZNA PODOBRO E DA SE IMA ZA SEKOJ SLUCAJ :)
 
Значит розевава не е по некој интернационален стандард ако имат само бројки однапред?
 
Poarno vadete ,lugje,850 den.za 3 godini e da mu se nevidi...gjaolot ni ora ni kopa.
Ednas pisav prethodno,mi pobaraa megjunarodna na tursko-grcka granica-Ipsala preminot ,mi potencirase grkot(na vlez za Grcija ,koga se vrakjavme nazad) za megjunarodnata.`Raspolozen` bese policaecot za chalam.
Zosto da se kompliciraat rabotite.
 
Кај се вади? Во АМСМ или во Здружение на возачи? Ај ако вадел некој нека пише како оди процесот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom