- Член од
- 6 септември 2007
- Мислења
- 8.262
- Поени од реакции
- 8.378
>само
>WB требаше да продадат 2 франшизи за да го финансираат
Интерстелар е меѓу 100 најскапи филмови на сите времиња (inflation not adjusted)
Што продале WB?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
>само
>WB требаше да продадат 2 франшизи за да го финансираат
Интерстелар е меѓу 100 најскапи филмови на сите времиња (inflation not adjusted)
Пишав некоја страна поназадШто продале WB?
Режисерот си имал идеја за Луси заработка 450милиона.
Да беше некое софт порн со Скарлет и малце повише nudity, мислиш немаРежисерот си имал идеја за Луси заработка 450милиона.
Да беше некое софт порн со Скарлет и малце повише nudity, мислиш нема
Тапа е филмот, не знам ни како го излгедав до крај, особено крајот.![]()
A првите два да не беа добри случајно? Општа катастрофа се и двата. Третиов го немам гледано, ама ти верувам, и најверојатно нема да ја правам истата грешка и да го гледам, само ќе си упропастам впечатоци од книгата.[DOUBLEPOST=1416675862][/DOUBLEPOST]Внимание, внимание!
До сите оние кои планираат да одат на Mockingjay: останете дома! Потрошете ги парите на друг филм. Ако веќе сте купиле карти, подарете ги на некој што го мразите, или барем генерално ви оди на нерви. За мене е доцна, но вие сѐ уште можете да спасите два саати од вашите животи.
What has been seen, cannot be unseen.
Under the skin е поим за овој бе, не ме заебавајDa poso full front nudity so Scarlet u Under the Skin zaraboti 450.
Ja go cekam lucy blu, se simnuva.![]()
Без разлика дали сме во онаа група на која и се допаднале првите два па го очекувале третиот со нетрпение, или во онаа група на која не и се допаднале филмовите воопшто... првите два филма се Кум 1 и Кум 2 во споредба со третиот.A првите два да не беа добри случајно? Општа катастрофа се и двата. Третиов го немам гледано, ама ти верувам, и најверојатно нема да ја правам истата грешка и да го гледам, само ќе си упропастам впечатоци од книгата.
Сеа пак ме заинтересира да го зирнам третиот и тоа на CAM снимка, чисто колку сеир да фаќамБез разлика дали сме во онаа група на која и се допаднале првите два па го очекувале третиот со нетрпение, или во онаа група на која не и се допаднале филмовите воопшто... првите два филма се Кум 1 и Кум 2 во споредба со третиот.
Земи си крстозбор.Мене уште не ми се верува толку да го утнале. Ќе видам за некој ден.
I am legend
Never underestimate the power of fangirls.Коа спомна веќе
да те надоврзам
Twilight
Budget $385 million
Box office $3,345,177,904
The Hunger Games: Mockingjay - Part 1
![]()
Го гледате постеров? Ви се допаѓа? Да?
Погледнете го подобро, или побарајте го во поголеми димензии и уживајте малку во него. Затоа постерот е единственото што вреди во ова фијаско од филм, а згора на тоа и бесплатен е.
Јас како фан на предходните делови не можев да бидам поразочаран од тројката. Толку беше лош што морав веднаш да се фрлам во спасувачка мисија на форумов и да предупредам луѓе да не се изложуваат на трошок и нервози. Освен ако сакаат да видат како не треба да изгледа еден филм. За тоа претпоставувам може и да се одвои време, во име на науката.
Значи од која страна да го затепам попрво и сам не знам. Да почнам од сценариото: се што се прикажа во филмов лесно можеше да се прикаже во 20 минути. Ништо не се случува. Ама ништо. Дејствието едвај малку се помрднува нанапред од вториот дел. Кому му текнало да ја подели втората книга во два филма треба да одговара за измама и да враќа пари на народот.
Филмот упорно турка на емоции, како во првиот дел, но овој пат поради погрешен агол кој го земале одговорните, ни една емоција не допира до вас, а наместо тоа морате да ја трпите Кетнис како цмиздри цел ебен филм. Значи како не и се смачи и сам не знам. А за дел од тоа што викам дека филмот е сработен од погрешен агол морам да го ставам во спојлер:
Прво и најважно, сите сцени кои можеа да направат филм од ова, не се во филмот. Требаше да ја почувствуваме суровоста на Капитол? Па зошто не покажаа како го бомбардираат Дистрикт 12, туку ни ги покажаа само рушевините? Се што се случувало таму Гејл ни го прераскажа во 2 минути. Зошто наместо да покажат како ја бомбардираат болницата, ни покажаа експлозија однадвор. Зошто немаше ни една сцена со интензитет на онаа со камшикувањето на Гејл во вториот дел? Ниту еден актер-негативец да одработи како тој капетанот во двојката.
Понатаму, трагично склопени сцени, како онаа во која луѓето бегаат пред полицијата, со план оние што се најнапред да се качат на дрвата побрзо од мајмуните во Planet of the Apes (при што избегнаа 10000 куршуми зошто полицајците не можеа да ги погодат од 10 метри), па да фрлат бомба врз нив извикувајќи јуначка парола. И да беше тоа се, не беше- сценава завршува со извикот, нит се гледа aftermath, нити дијалог, ништо... Полоша од оваа беше сцената во која толпата се движи кон браната, пеејќи ултра-глупава песничка на Катнис, со план да изгинат за да ја дигнат во воздух (што е во ред) но во моментот кога ја дигаат во воздух бегаат како да може да се побегне од браната што се руши директно врз нив. Генијална замисла!
И сцената во центарот за обука, кое купување времеОдат од соба до соба, ќе подотворат врата, ќе фрлат од тоа спрејот. Нема ништо таму. Па следна соба, истото. Па следна, па следна... и си викаш нешто ќе се случи на крајот. А крај нема, ништо не се случува, се враќаат назад и Гејл пак раскажува што направиле
Како да не можеа таму да покажат како ги спасуваат трибјутите па како се извлекуваат.
Врвот сеуште не е достигнат: Сцените со пропагандата. Немогуќе, ама целиов филм е филм за снимање пропагандни клипови. Па пола филм поминува во тоа како Катнис ќе застанела, што да кажела, па заврти се наваму, гледај натаму... Таа кутрата освен што се утепа од плачење ништо друго не направи во филмот, покрај тоа што испука вкупно една стрела и го престигна Рамбо во ефикасност. Тој кутриот само едно Апачи сруши а таа две хај-тек леталици. Тука не мислам да хејтам пошто знаеме за Холивуд и акцијата. Лошо е што немаше повеќе стрели и акција, тоа колку толку ќе го извадеше филмот. А кај немаше акција правеа бучава со леталиците, веројатно за да мислиме дека нешто кај и да е ќе се случи.
Како љубител на дистописки филмови морам да кажам дека ме изеде срам од сцените со говорите и митинзите. Толку очајно лоши говори не памтам да сум видел, она кога скандираат дури и смешно е. И целата скрипта има ужасни дијалози, ужасни.
Покрај сето ова, филмов нема никакво темпо, како рандом сцени прикачени една до друга. Нема почеток а нема ни крај, стои во место цело време. Глумата ако се исклучат ликовите на кои навикнавме е лоша, почнувајќи од Марџори од Гејм оф Тронс, кој ли и даде улога... Хејмич и Ефи ги нема никаде цел филм, по нешто ќе гугнат колку да не заборавиме дека се присутни и тоа е се од нив. Од Кетнис требаше да направат лидер, а направија мрсулеста плачка. И на крај, кому му е гајле за Пита, драга Кетнис, ако питата не е со сирење и со јогурт?
На крајот ќе беше подобро Гејл да ни го раскажеше филмот во 5-6 минути, или јас да ви го раскажам и да ве куртулам.
Седете си дома, имам чувство дека на мал екран помалку мани ќе забележите.
Оцена 1/10. Asylum продукција подобри филмови имаат.