Пофалби или критики за туристичките агенции

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
МИСЛЕЊЕ ЗА Т.А ДИПЛОМАТИК ТРАВЕЛ СЕРВИС? ДАЛИ СЕ ДОБРИ ? ПОФАЛБИ/КРИТИКИ?

Два пати има патувано со нив, двата пати било се во најдобар ред. Еднаш бев на апсолвентска екскурзија со нив и немам апсолутно никаква поплака, се си знаеја луѓето, каде да не упатат, каде да влеземе, што да видиме, како да се протнеме таму каде што може, апсолутно уиграни во шемата и организирани.
Вториот пат бев со нив на одмор во Лорет. ПОвторно се супер од хотел до организација, ги препорачувам (y)
 
Два пати има патувано со нив, двата пати било се во најдобар ред. Еднаш бев на апсолвентска екскурзија со нив и немам апсолутно никаква поплака, се си знаеја луѓето, каде да не упатат, каде да влеземе, што да видиме, како да се протнеме таму каде што може, апсолутно уиграни во шемата и организирани.
Вториот пат бев со нив на одмор во Лорет. ПОвторно се супер од хотел до организација, ги препорачувам (y)
Kако помина во Лорет? Храната скапа/ефтина? алкохолот,водата,грицките,чипсовите,сендвичите ефтини или ? и дали се плаќа лежалки на плажа?
 
Kако помина во Лорет? Храната скапа/ефтина? алкохолот,водата,грицките,чипсовите,сендвичите ефтини или ? и дали се плаќа лежалки на плажа?

Конкретно за Лорет, нема лежалки на плажа има една огромна плажа и си ставаш пешкир каде сакаш, нема лежалки. Чипсови, грицки, вода и се за јадење во маркетите ефтино и алкохолот ефтин, но алкохол се купува до 6 часот мислам или 7 навечер. Алкохол во дискотека - скап. Нема пијачка под 10 евра. Во глобала јадењето во Лорет и ванпансионските услуги за наш стандард се релативно ОК. Малкуу поскапо од кај нас, но ништо страшно. Инаку забава, ноќен живот, екскурзии, аква паркови, ролер костери, факултативни излети имаш милион, само треба да најдеш што тебе ти одговара најмногу бидејќи немаш време се да видиш за тие 8-10 дена.
 
Мислење за ТА Фалкон и за ТА ЈК Травел???
 
Мислење за туристичката агенција Арка? Нека каже некој што побрзо итно ми е. Благодарам однапред. :)
 
Знае ли некој која агенција организира превоз до Неи Пори?
 
Патувал ли некој со Балакан Турист во Макарска да сподели искуство?
 
Дали можете да ми дадете мислење за агенција Виор2?
 
mail
Дајте мислење за горенаведената агенција.Имаат гратис смештај само плаќаш пат до КРФ Грција....Колку се веродостојни овие награди? Искуство некој да сподели....Ми пратија меил за бесплатен сместај , ама????Ова е дел од понудата што ми пристигна како награда.
Добивте ексклузивна награда – 7 дена ПЛАТЕНО СМЕСТУВАЊЕ во ПРИВАТНИ АПАРТМАНИ на островот КРФ!


Достапни се двокреветни и трокреветни апартмани.

Со себе треба да поканиш минимум 1,а максимум до 5 луѓе.

Секое лицe плаќа само превоз,туристичка такса и осигурување.Сместувањето им е платено од нас!

ТЕРМИН
БР.НОЌЕВАЊА
ЦЕНА
СЕЗОНА
РАТИ
30-06.09.2013
7
87 €
висока
3 x 29
06-12.09.2013
6
57
ниска
3 x 19
12-18.09.2013
6
57
ниска
3 x 19
18-24.09.2013
6
57
ниска
3 x 19
24-30.09.2013
6
57
ниска
3 x 19


АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ (СКОПЈЕ- КРФ -СКОПЈЕ)

· ВИСОКА СЕЗОНА 3 х 29€
· НИСКА СЕЗОНА 3 x 19€


Или со картичка на 12 рати.


*Редовната цена е 177€ + 10€ пријава + 6€ туристичка такса. Цената вклучува 6 ноќевања во приватни апартмани, автобуски превоз Скопје - Крф - Скопје, придружник на патувањето.

За добитниците на платено сместување, цената за превозот се плаќа на 3(три) еднакви пати:

*Во цената не е вклучена т.такса 1€/ден и задолжително патничко осигурување 5€ (11 евра вкупно, се плаќаат пред тргнување)


Препорачуваме ЈУПИТЕР АЛКА (29€) која вклучува:

ü 1 х ПОВРАТНА КАРТА ЗА ТРАЕКТ (ИГУМЕНИЦА-КРФ-ИГУМЕНИЦА)
ü 4 х бесплатни пијалоци во JUPITER BAR ( Купи 1 –Добиј 1 Гратис)

Влезници и учество на следните настани :
ü 1 х влезница за ПЕНА party во Montecristo Club
ü 1 x излет на вечерна WHITE PARTY(организиран превоз+влезница)
ü 1 х Pool Party@ Vila & Bar Theo Tzoros, Ipsos
ü JUPITER Opening party
ü After beach party @ ALOHA WHITE Beach Bar
ü Одржување во апартманите
ü Дежурна служба за 24ч customer care
ü Организирани дневни и ноќни забави со аниматорите на ЈУПИТЕР
ü Попуст на сите факултативни екскурзии и разгледи организирани на островот
ü 10-15% Попуст на храна, менија и пијалоци во рестораните-соработници на ЈУПИТЕР во Ипсос:
ü Jimmi’s gyro; Papagalos Fast food; Bonita Pizza & Restaurant; Stathis Tavern; Cocoon Cocktail Bar; Mohitos Cocktail Bar; Ipsos Gift Shop; Phatom Rent a bike.


Напомена: Алката со бенефиции и попусти ви е не задолжителна и се одлучувате на патувањето доколку сакате!

За потврда за тебе, и оние кои ќе патуваат со тебе, ќе ми требаат следниве податоци:

· Термин на патување
· Име и презиме, датум на раѓање
· Адреса
· Број на мобилен телефон
· е-маил
· Јупитер Алка Да/ Не


Деталната програма можете да ја погледнете http://jupiter.mk/page/view/krf-2013

Деца од 6 до 12 години 39 евра, алката доколку ја одберат 19 евра

ПОРАДИ ТОА ШТО ОВАА ЕКСКЛУЗИВНА НАГРАДА, ИМА ОДРЕДЕН РОК НА ВАЖЕЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈАТА

Се што треба да направиш е, да ги собереш горенаведените податоци на најблиските или на личноста со којашто патуваш и да ми ги пратите на меил до ПОНЕДЕЛНИК. За се останато ќе се погрижиме ние!
 
mail
Дајте мислење за горенаведената агенција.Имаат гратис смештај само плаќаш пат до КРФ Грција....Колку се веродостојни овие награди? Искуство некој да сподели....Ми пратија меил за бесплатен сместај , ама????Ова е дел од понудата што ми пристигна како награда.
!
http://www.forum.kajgana.com/threads/Бесплатен-одмор-од-туристичките-агенции.54408/ цела тема има па прочитај си
 
постојат ли уште оние понуди кои ги даваа агенциите да си платиш превоз а они ти обезбедуваат сместување (освен Јупитер) за неколку дестинации?!
 
Некоја агенција кај што нудат да си одбереш колку ноќевања сакаш?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom