CafeDelMar
Luminance
Се надевам нема да ви пречи ако напишам еден текст за тоа како јас ја сфаќам среќата:wink:.
Хулио Кортасар-Губење и пронаоѓање на влакна

Во борбата против прагматизмот и ужасната тенденција кон потикнување корист,мојот најстар братучед ја предлага следната постапка:треба да се исќине едно влакно подолго од главата,да му се направии јазол во средина и да се пушти меко да падне низ дупката на лавабото.Ако влакното
се закачи на решетката ,која обично се става врз дотичните дупки,доволно е славината малку да се одврти па влакното да се изгуби пред погледот.
Не губејќи ни секунда,треба да се започне акцијата за пронаоѓањето на влакното.
Првата операција би била демонтирање на коленото на лавабото ,да се провери влакното случајно да не е закачено за некој набор на цефќите.Ако тука го нема треба да се отвори делот од цефката меѓу коленото и главната одвидна цефка.Во тој дел секако ќе се најдат многу влакна и ќе биде потребно на помош да се повика и семејството за да се прегледа влакно по влакно барајќи го она со јазолчето.Ако влакното не биде пронајдено ќе се постави занимлив проблем:да се искрши водоводот до приземјето,но тоа бара значително поголем напор,односно,би требало следните 8-10 години да се работи во некое министерство или во трговска фирма за да се заштедат доволно пари
за купување сите четири стана под станот на мојот најстар братучед,со огромен ризик дека работејќи тие 8-10 години не може да се избегне мачниот впечаток дека влакното веќе не е во цефќите и дека постои само најмала веројатност дека се задржало на некое рѓосано испарување на цефќите.
И ќе дојде денот кога ќе можеме да ги разбиеме цефќите од сите станови,па со месеци ке живееме опкружени со легени и слични садови во кои ќе ги пребаруваме влакната,ќе ги одвојуваме,класифицираме.Доколу влакното не го најдеме ке влеземе во многу понејасна и посложена фаза,бидејќи следниот дел од патот не води во големите градски цефќи.Купувајќи специјална облека ќе научиме и да полземе низ прокопите во доцните часови опремени со силни ламби,маски за кислород,ќе ги пребаруваме малите и големите ходници со помош на типови од подземјето доколку тоа е можно и би требало да им го дадеме поголемиот дел од парите што сме ѓи собирале 8 години.
Често ќе ни се причинува дека во нашето настојување сме стигнале до крајот ,бидејќи ќе има влакна што наликуваат на бараното,но бидејќи не е познат случај некое влакно да имало јазол на средината што не го направил човечка рака,ќе се случува да заклучиме дека дотичниот јазол е само задебелување,во радиус на влакното или останат оксид.
Така веројатно ќе напредуваме низ малите и големите цефководи,додека не стигнеме до местото каде што вече никој не би се осмелил да дојде:главната цефка ,што води во реката,со порои од наноси каде што ни парите ни чамецот ни соработката не можат да ни помогнат да ја продолжиме потрагата.
Но, пред тоа,можеби и многу порано да кажеме недалеку од устата на лавабото,во висина на станот од вториот кат или во првиот подземен ходник,би можело да ни се случи да го најдеме влакното.
Доволно е да се помисли на радоста што тоа би ни ја донело,на запрепастувачки точната пресметка и заштедата на сили само благодарејќи му на среќниот случај-па веќе е оправдан изборот и изведувањето на една таква работа,која секој совесен наставник би требал да им ја издава на своите ученици,на место да им ѓи инспира мозоците со правилото тројно или лекцијата за некоја
загубена битка.
Релативна е среќата доколку ја доживувам како нешто што сакам во моментот да го имам но кога станува збор за нешто што ми е потребно низ целиот живот,да се чувствувам среќна тогаш треба многу напор:wink:.
Извинете ако ве изморив читајќи:smir:.