Дримот почна да се излева

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Возраст
39
Локација
@home
photo-0177.jpg

Надојдената вода од Црн Дрим, попладнето се излеала поплавувајќи дел од патот Струга Дебар во близина на Луково. Од Центарот за управување со кризи потврдија дека имало мало излевање, што предизвикало стопирање на сообраќајот на патниот правец кај насипите што пред неколку дена беа поставени за заштита на речното корито од излевање на водата.

Според портпаролот на центарот Мишко Талевски причина за излевањето е поголемиот испуст на Дримот од Охридското Езеро, што денес во Струга истекува со 62 метри кубни во секунда, што било дополнето со излевањето на вода од шахта кај патот, на пониско ниво од реката.
Екипи на Македонија пат и хидроцентралата Глобочица се на терен и со механизација поставуваат насипи за заштита на коритото на Дрим од нови излевања. Дознаваме дека поголеми штети освен патот што плива во вода засега немало.
Инаку, по неколкудневните интензивни врнежи од дожд во Охридско-Струшкиот регион, водостојот е во постојан пораст и нивото на Охридското езеро денес е на 17 сантиметри над максимално дозволената точка.
За да се спасат од катастрофа Охрид и езерото кои се светско природно и културно наследство под заштита на Унеско, Охридскиот градоначалник Петрески вели дека поради отсуство на слух на владата, меѓу чии приоритети не бил Охрид и решавање на проблемот со надојденото езеро и поплавите, тој ќе барал помош од странски влади и премиери.
„Јас сум принуден да побарам помош од цел свет, а нормално е прво да побарам помош од најблиските, од комшиите. Веќе стапувам во контакт со премиерот на Бугарија Бојко Борисов, од причини што ми е личен пријател и бидејќи се надевам дека најбрзо од него можам да добијам помош. Очекувам во наредните денови да имам средба со него како би се договориле конкретно што му е на Охрид приоритет“, изјави градоначалникот на Охрид Александар Петрески.
Вечерва во Охрид на трибина со владиниот тим ќе дојде премиерот Никола Груевски. Останува неизвесно дали тој ќе се сретне со градоначалникот Петрески и со граѓаните на крајбрежјето погодени од поплавите, дали ќе оди во куќите под вода, кај излеаните реки и на другите критични места.
122.jpg

abcd0013.jpg

photo-0177.jpg

photo-0163.jpg

photo-0166.jpg

Сатеска
125.jpg

photo-0171.jpg

photo-0172.jpg

photo-0178.jpg


извор
 
Од кое место се овие слики ? гледам некои се од Струга
 
На излезот од Струга е ова, кон селата кога се оди.

Во градот неможе да се излее пошто има висок кеј
 
Сочувствувам со поплавените, навистина го мислам тоа. Знам како е да се биде немоќен против природна катастрофа. Пред неколку години имаше поплава во Гевгелија, само беше многу полоша од оваа. Човечки жртви немаше, но само ние претрпевме материјална штета во висина од минимум 30,000 евра.
Се надевам деќа ќе се нормализира работата во најскоро време.
 
Нема место за паника се е под контрола!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom