аллександар
Вечно ненаспан
- Член од
- 5 мај 2006
- Мислења
- 7.381
- Поени од реакции
- 2.523
Свлечиште однесе две коловозни ленти кај Ѓавато. Свлечиште долго седумдесет метри и широко шеесет метри е причина поради која е оштетен и опасен за сообраќај, магистралниот пат Битола-Ресен, на еден километар после планинскиот превој Ѓавато.
Денеска, поради свлечиштето кое се уште е активно, две коловозни ленти пропаднаа до еден метар длабочина и се појави огромна пукнатина, крајно опасна за учесниците на сообраќајот на третата лента по која се движат возилата.
Поради тоа, министерот Јанакиевски го донесе својот тим на местото на настанот за да се утврдат штетите.
„Ова е класична појава на свлечиште што се случува после интензивни врнежи, топење на снег, заситување на подлогата со прекумерна влага“, рече денеска Д-р Милорад Јовановски, професор на Градежниот факултет од Скопје.
Заради фреквентноста на магистралниот пат и нарушената безбедност, ќе се преземат повеќе зафати.
„Од денес започнува реконструкција на стариот пат меѓу Битола и Ресен, за да има алтернативен коловоз за тешките товарни возила, пред се. „Македонија пат“ во текот на утрешниот ден ќе започне мала санација, значи, времена санација на овој патен правец, а паралелно, Агенцијата за патишта ќе започне проект за поголеми зафати каде што треба да се направат, заради трајна санација на ова свлечиште“, рече Миле Јанакиевски, министер за транспорт и врски.
Трајна санација, со потпорни ѕидови и други оперативни зафати, се планира во летниот период од јуни до септември, во време на најголема сообраќајна фреквенција поради туристичката сезона во Преспа и Охрид.
Извор