Абе луѓе да ви кажам јас два три збора за тикото

, тој што збори лошо за тико као кола може само за инат да збори

. Е сега се прашувате зошто, епа еве, можеби за безбедност не е многу сигурно, можеби не е многу големо, можеби е со три клипа, читам коментари од неписмени форумџии демек мотор од чамец имало

те ова те она но... едно големо НО.
За потрошувачка е закон

, за паркирање е закон

, подвижност, управливост, одржување.... е закон

. Е сеа да кажам два три збора за батките со поголеми коли таканаречените силеџии, кои се фалат со големината на колите зошто немаат со што друго (по големина) да се пофалат

, да не се фрустрираат многу кога ке ги помине некое тикце зашо треба да јадат уште многу фурни леб за да ја сватат поентата на тикото. А целата поента е: кој вози и како вози. Џабе ти е бе батка кола од 50 илјадарки кога не знаеш да ја возиш

, зошто татковците парајлии не им објасниле на синчињата дека не е работата да имаш и да седиш во јака кола,треба и да знаеш да ја возиш, а они баш тоа не го знаат- за жал. А и уште нешто за силеџиите, тие најчесто од многу ку_чење завршуваат неславно на некоја бандера или ендек па после си се возат со точаци

, а ако било пишано да ти се деси нешто во сообраќај ке ти се деси и со мерцедес и со тико (многу луге имаат испозагинато и со мерцедеси и со многу други појаки коли, за жал) а јас му се молам на бога да ме чува со моето тикце само од тие таквите силеџии и фалбаџии зашто со било која кола па и со тико човек може да настрада само од тие таквите.Патем видете го видеото погоре тоа ви е бонус, а е реален показател на односот сопственик на мало возило и сопственик на оние "поголемите".