Незнам дали ќе можам да ти доловам,но ќе се обидам
На долг рок економијата функционира во состојба на целосна вработеност(долг рок ти е над 10 години).Домашното производство на долг рок зависи само од факторите на производство капитал и работна сила.За да се зголеми производството,потребно е да се зголеми целокупната побарувачка за домашното производство (агрегатна побарувачка се вика) од страна на цел свет.Е сега таа агрегатна побарувачка зависи од личната (она што ние трошиме,колку ни се платите и потрошувачката кошница),инвестици (странски капитал кој ќе го раздрма производството или домашен пткрепен на природни ресурси),државната потрошувачка (рекламите на владата и лиењето споменици во Италија) и тековна сметка (извоз-увоз).
Елемент по елемент мислам дека нема потреба да ти ги објаснувам, бидејќи знаеш какви се цифрите кај нас.Кога се тоа фино лепо ќе собереш според формула,добиваш Македонија и 35% невработеност 16 години.Како што гледаш како ние се движиме моментално,пресметај што ќе биде по 10 години со продуктивните трошења на фискалната власт,фиксниот девизен курс и телињата како нас.
Со наједноставни зборови,силата на економијата ја одразува стапката на невработеност во земјата.Неможеме без капитал да имаме 8% невработеност,што значи природно си млацкаме во гомца))
Пријави