Просечна плата 29.000? Епа еве ти дисциплинска тогаш :)

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Возраст
41
Работник против кој се води дисциплинска постапка наместо цела плата, како досега, ќе добива само 30 отсто од последната плата. Ова се предвидува со последните измени на Законот за работни односи, кои треба да ги усвои Собранието. За синдикатот, со оваа мерка, Владата продолжува со кастрење на работничките права без никого да консултира. Според нив, со вакво решение работникот се осудува предвреме, додека трае постапката на докажување на прекршокот. За Министерството за труд, кое ги носи измените, станува збор за мала измена во законот. Владата се решила на ваков чекор бидејќи искуството покажало оти залудно се трошат многу пари.

Извор: Дневник

Дали ова требаше? Сега секој работодавец ќе пушта дисциплински, па оди докажувај, со 30% плата дека си невин.
 
Правата на работниците постојано се помали и помали. Имаше овде и една тема -како да го избркам работникот- како да е куче. Доколку не работи не треба повод, доколку работи зошто да се "избрка". Со вакви размислувања на работодавците, газдите и со вакви закони нема напред, тешко се наоѓа продуктивност во работникот ако нема стимул, каде наместо награди се даваат казни...лоша политика водат со ова.
За измената, можеби е подобро да се добие плус 10 или 20% плата, а не минус 70% за случајот што поскоро да се протурка кон решение од страна на работодавецот.

,оф
Се очекувам загрижените за дискриминации и разноразни права да се јават и закажат демонстрации (на чело со Фуере и холанѓанката)
 
Само напред!Удри додека можеш.
Колку малверзации може со ова да се направат,божеее.Оди па докажувај се со газда дека не си крив,да видиме до кога ќе работиш таму :))
 
Се додека нема медиуми (бидејки 90% од граѓаните во земјава така го оформуваат мислењето) каде вистински и критично ќе се однесува спрема било која власт и овој закон ќе помине под радарот и никој нема да знае што ни се случило.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom