Најбаранитe терористи во Русија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
После ова што и се случи на Москва денес не ми се верува дека муџахединов ќе остане жив. Односно прашање е за колку дена ќе биде пронајден.

Мртов беше пред нападите. Прочитај ја првата страна.
 
^Нели е тоа спот или нешто слично?
 
не е убиен, туку истиот (Умаров) ја превзема одговорноста за нападите во Москва и Дагестан. Гледајте го на видео клипов:



.
 
Чеченецот Умаров одговорен за нападите во Москва

Чеченецот Умаров одговорен за нападите во Москва
Милитантниот лидер Доку Умаров, преку видео порака објавенa на сајтот на чеченските сепаратисти, лично ја презеде одговорноста за експлозиите на московските метро станици Љубјанка и Парк на Културата и на Русите им вети дека војна нема да гледаат само на телевизија туку во своите градови.
43F0F3F251A05E4E9543896577C0FBD4.jpg

“На 29-ти март, во Москва беа изведени две специјални операции чија цел беше уништување на неверниците и испраќање поздрав до Федералната служба за безбедност. И двете операции беа изведени на моја команда и тие нема да бидат последни”, вели Умаров.

Интернет страната kavkazcenter.com, на која е аплоудувано видеото, вели дека причината поради која лидерот издал наредба за напади е одмазда за убиството на неговите луѓе во февруарската операција во близина на селото Аршти, на границата помеѓу Чеченија и Ингушетија. За двете експлозии во Дагестан, во кои загинаа 12 лица, сe уште никој ја нема преземано одговорноста.
BCF57AE73A8628438845B23F273C068B.jpg

45-годишниот Доку Умаров е роден во Харсеној, дел од чеченско-ингушетската автономна република од Советскиот Сојуз. Активно учествуваше во Првата чеченска војна а по нејзиното завршување беше прогласен за шеф на Чеченскиот совет за безбедност. Подоцна беше принуден да си даде оставка, поради обвиненијата дека учествувал во киднапирање на рускиот дипломатски претставник во Чеченија.

Тој го одржа својот отпор и за време на Втората чеченска војна. При неколку наврати кружеа лажни информации за неговата смрт. Се претпоставуваше дека тој стоел и зад масакрот на училиштето во Беслан во 2004-та година, во која беа убиени 334 цивили, повеќето деца. Но, тој лично ги отфрли тие обвиненија.
2506245892F9C94F9CC9FD4B1FDB79DA.jpg

"Ќе се обидеме колку е можно да ги избегнеме цивилните жртви, но според мене во Русија не постојат цивили. Зошто? Затоа што геноцидот врз нашите луѓе се врши со нивно молчаливо одобрение. Нивните даноци ги финансираат полициските тела. Со тоа што им даваат пари им даваат и благослов за убиствата. Затоа, зошто би ги сметале тие луѓе за цивилна популација?", изјавил Умаров во едно интервју од 2009-та.

На негова наредба беше извршен и последниот терористички акт, пред оној во метрото во Москва, кога при експлозија на патнички воз кој се движел од Москва за Санкт Петербург, беа убиени 26 лица.

Погледнете го видеото ТУКА
многу мирно кажува човекот.:jaj:
 
"Ќе се обидеме колку е можно да ги избегнеме цивилните жртви, но според мене во Русија не постојат цивили. Зошто? Затоа што геноцидот врз нашите луѓе се врши со нивно молчаливо одобрение. Нивните даноци ги финансираат полициските тела. Со тоа што им даваат пари им даваат и благослов за убиствата. Затоа, зошто би ги сметале тие луѓе за цивилна популација?"

Многу интересно гледиште на господинот.

Еве едно друго гледиште со кое тој верувам ќе се сложи:

"Ќе се обидеме колку е можно да ги избегнеме цивилните жртви, но според мене кај Муслиманите не постојат цивили. Зошто? Затоа што геноцидот врз нашите луѓе се врши со нивно молчаливо одобрение. Нивните пари ги финансираат терористичките тела. Со тоа што им даваат пари им даваат и благослов за убиствата. Затоа, зошто би ги сметале тие луѓе за цивилна популација?"
 
Има голема разлика.......во нападите ќе загинат и деца... Што финансираат децата? Тие плаќаат данок???

Не е тоа тоа....Терористите намерно нишанат на цивилни цели, а Русите (без разлика, и САД и Израел) се обидуваат да избегнат цивилни жртви, но можеби одвреме на време треба да ја употребат тактиката на терористите....
 
CECENIJA denes lici na dobrite horor filmovi.mislam nema po uzasno mesto na planetava zemja.nepostoi zdrav objekt nema nisto osven izorana zemja .avganistan vo sporedba so cecenija e raj na zaemja.sto storija tie cecenski lideri za svojot narod.edno me interesira zasto prakjaat mladi da se samoubijat zasto nese samoubijat tie samite :(ako tolku saka odmazda toj doku i sl na nego neka si zemat samite dinamit i neka se raznesat , a ne nevini mladi deca.
 
Многу интересно гледиште на господинот.

Еве едно друго гледиште со кое тој верувам ќе се сложи:

"Ќе се обидеме колку е можно да ги избегнеме цивилните жртви, но според мене кај Муслиманите не постојат цивили. Зошто?

А бе зошто зборуваш како што сакаш а не како што е. Зошто генерализираш и општиш. Па таерористички напади има секаде во светот, во западот во колку само школи масовно се убиваат деца, нацизмот - на нацистичките војници на нивниот каиш им пишувало „бог е со нас“ дали тоа значи дека христијаните убија 6000 000 евреи и се терористи.

Дали ти се познати руските убиства на цивили во Чеченија.

За да видиш дали кај муслиманите се дозволени убиства на цивили прочитај го Коранот и сунетот (традицијата - животот) на пратеникот Мухаммед с.а.в.с. и потоа критикувај го Исламот.

Дали знаеш како се однесувале крстоносците кон невиното муслиманско население и како се однесувал Саладин кон невиното христијанско население?

Доку Умаров има стратегија убивањето да го премести во Русија за да осетат и русите малку од тоа.:toe:
 
Оууу стратегијата мало морген, па ако се толку бе моќни што пуштаат бе жени да напаѓаат, а ти како пички седат, жените за нив се разнесуваат меѓу цивили, тоа е таа војна со Русија?? ако е толку моќен што не ја нападни бе Москва со војска, со тенкови, со авијација, е тоа е рамо до рамо војна, или ако излези од канализацијата ќе го легнат па му е страв и испраќа жени да се тепаат за него.
 
Доку Умаров има стратегија убивањето да го премести во Русија за да осетат и русите малку од тоа.:toe:
Викаш???
Целата стратегија му е да докажи дека Чеченските бунтовници уште постојат (тие што постојат се длабоко во некои недостапни планини и пештери, а другите под земја), дека борбата не престанала...
За среќа ова му е еден од последните обиди да го докажи тоа...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom