Црц Милојче

.
Компаниите со над 35 вработени ќе мора да вработат лице со инвалидност
13/11/2014 // Пред 2 часа //
ЕКОНОМИЈА //
Коментирај
inShare
Сите јавни институции и приватни компании кои имаат повеќе од 35 вработени ќе мора да вработат лице со инвалидитет, предвидува новиот предлог-закон за вработување на лица со инвалидност, за кој веќе започна јавната расправа.
Според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, станува збор за еден сосема нов концепт и сосема нов закон, а на јавната дебата за неговиот конечен текст се повикани да учествуваат сите релевантни претставници на здруженијата на лицата со инвалидност, националните сојузи, како и претставници на работодавачите.
„Сите компании како и институции и од јавниот и од приватниот сектор кои што имаат над 35 вработени ќе имаат законска обврска да вработат по едно лице со инвалидност. Највисок број на вработени кои што теба да ги вработат е до 20 лица со инвалидност, а тоа е за оние компании кои имаат над 1000 вработени“, појасни Спасов.
Доколку биде усвоен овој закон, планирана е одложена примена од октомври 2016 година, со цел сите институции и компании да се подготват за имплементацијата.
За вработување на лице со инвалидност предвидени се ослободувања од плаќање на придонеси и персонален данок, како и дополнителна помош од 200.000 денари за прилагодување на работното место за потребите на овие лица.
„Доколку компаниите со над 35 вработени не вработат лице со инвалидитет, како и во сите земји каде што е воведен квотниот систем, се предвидува паричен надоместок од една бруто-минимална плата која ќе оди во посебен фонд заедно со 10% од придонесите по основ на невработеност кои се плаќаат за сите вработени. Од посебниот фонд ќе се обезбедуваат средства за ресоцијализација и реинтеграција и стручно оспособвање на лицата со инвалидност за подготовка за работа како и за финансиска помош и за поддршка за приватните компании“, додава Спасов.
http://faktor.mk/archives/131463