ПП30-ПП20

  • Креатор на темата Креатор на темата Dejan]
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 ноември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
11
Веб-сајт
www.macedonium.org
Дечки ајде малку помош, не можам да средам како да направам програмче кое ќе печати податоци на ПП10 и ПП30 обрасците за плаќање во банка... како да го изведам... јас работам ВБ.НЕТ.. значи графички го имам целиот образец... е сега како... само со текст боксови да го направам, па потоа да оди на принт или...? размислувања ако може...
 
Друже, јас за овој програм за принтање на фактурите користам Crystal Report.
Значи имам имиџ темплејт и во GUI-то се креира фактурата автоматски според зададени „параметри“ од страна на корисникот, потоа податоците одат до Crystal Report и таму се принтаат соодветно со имиџ темплејтот.

Програмот е пишуван во C#.NET, али и во VB.NET имаш исто таква опција, е сеа кај мене фактурите се на A4 формат, а во твојот случај незнам дали би ти завршило работа таквата опција, ама мислам дека би можел да го средиш.

Е сега во врска со Crystal Report... незнам како би можел да ти објаснам во еден пост што и како одат работите, малце е комплицирано барем за C#.NET, во VB.NET немам работено со Crystal Report.
 
Ок сум работел кристал рипортс, како да го принтам формот без позадинска слика?
Значи планирам да ја ставам сликата на образецот во позадина, и со текс бокс да ги направам полињата, но како да принтам без сликата, само пишуваното? Не е проблем да е и C#

Значи нема запишувања во база нема ништо, многу едноставно само да може да се пополнат полињата во образецот и да се испринта, нема потреба од никаквои запишување на било што....
 
ај кога ке го направи некој програмов нека ми го даде мене бидејќи имам многу потреба од него.благодарам однапред:helou:
 
Dejan];3306158 напиша:
Ок сум работел кристал рипортс, како да го принтам формот без позадинска слика?
Значи планирам да ја ставам сликата на образецот во позадина, и со текс бокс да ги направам полињата, но како да принтам без сликата, само пишуваното? Не е проблем да е и C#

Значи нема запишувања во база нема ништо, многу едноставно само да може да се пополнат полињата во образецот и да се испринта, нема потреба од никаквои запишување на било што....

Хмм, чекај, во ToolBox имаше една опција „Visual Basic Compatibility > PrintForm“, ти со тоа сакаш да го принташ образецот ?
- Ако е со тоа, ондак мислам дека неможеш да ја тргнеш позадинската слика затоа што тоа ја принта целата форма.

Е сега, ако користиш Crystal Report, ондак нели податоците се принтаат дирекно на обрасците ?
- Ако е така, ондак се што треба да направиш е во Crystal Report да поставиш лабели кои ќе примаат информации од формата и да ги нацентрираш соодветно со образецот и секако форматот на обрасоците треба да биде соодветен.
Значи во Crystal Report ќе го подесиш форматот на обрасците, ќе ги нацентрираш лабелите соодветно со образецот и потоа во формата ставаш да речеме позадина со слика од образецот, полињата се пополнуваат во текст боксови и потоа кога корисникот ќе притисне „Принтај“ тогаш внесените податоци се испраќаат до претходно сетираниот Crystal Report и таму се принтаат, бидејки листот на кој се принтаат е уствари самиот образец ондак податоците ќе бидат испринтани онака како што ќе ги нацентрираш во Crystal Report.

Иначе до сега немам работено ваква ствар, немам работено ни друг формат освен A4, такада ова што го кажав е на памет кажано, можеби и не е тоа вистинското решение, али според логиката мислам дека тоа би требало да ти заврши работа. :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom