Tonchie
BATTERY +
ЈугоИсток 24-7 Маратон за фотографија претставува десет фотографии во седум града во текот на 24 часа.
Што го прави градот во кој живеам мој град? Што е типично во него за земјата и за регионот во кои живеам? Дали е урбан или рурален, повеќе е брз или бавен, зелен или сив?
На 13. и 14. февруари - од 11 до 11 часот – ЈугоИсток 24-7 ве поканува на интернационален маратон за фотографија базиран врз поими, кој ќе се одвива во седум југоисточни европски градови истовремено. Може да учествуваат поединци или тимови. Сè што ви е потребно е остар поглед, креативност, 24 часа и дигитален фотоапарат.
Почетокот е на 13. февруари 2010 во 11 часот. Сите учесници имаат точно 24 часа да ги лоцираат поимите и да ги овековечат во фотографии.
Најинтересните, најкритичните, најсмешните фотографии од Скопје ќе бидат изложени на 13. март во Културниот центар Точка, а најдобрата фотографија за секој поим ќе биде испечатена во форма на разгледница. Трите најдобри фотографии од секој поим од седумте градови продолжуваат понатаму на интернационален натпревар и на почетокот на април 2010 година ќе бидат претставени на завршна изложба во унгарскиот град Печ, којa се одвива во рамките на манифестацијата Печ, град на културата 2010. Авторите на најдобрите фотографии ќе бидат поканети на отворањето на изложбата и десетте најдобри фотографии од седумте Градови ќе бидат испечатени.
http://www.skopje.south-east.info/