Во Струмица ќе се гради плоштад во вредност од четири милиони евра

  • Креатор на темата Креатор на темата bama
  • Време на започнување Време на започнување

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
Централниот градски плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица ќе биде целосно реконструиран, односно ќе добие сосема нов лик и ново архитектонско решение, за што од општинскиот буџет ќе бидат издвоени околу четири милиони евра

- Плоштадот, кој ќе биде еден од најубавите во Републикава, ќе се гради во две фази, при што инвестицијата ќе биде поделена на половина: 120 милиони денари за оваа и исто толку во 2011 година. Тоа практично претставува една третина од вкупните проектирани средства за капитални проекти за годинава, вели градоначалникот Зоран Заев. Под нивото на плоштадот кој ќе има три влезно-излезни отвори, ќе биде изграден нов паркин простор за стотина возила. Плоштадот ќе биде поплочен со најквалитетен материјал и во значителна мера ќе го растовари сообраќајниот метеж во центарот на градот. Самиот плоштад ќе претставува пешачко острово и ќе биде дел од познатото струмичко корзо.


извор - kirilica.com.mk



http://www.a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=10/suzana-06-02.wmv&VestID=119595
 
Дојде време кога градовите се натпреваруваат кој појќе пари
е потроши на глупости.
 
Дојде време кога градовите се натпреваруваат кој појќе пари
е потроши на глупости.



кажи ми која е глупоста оти ке се гради нов плоштад ?
 
кажи ми која е глупоста оти ке се гради нов плоштад ?

плоштад во вредност од четири милиони евра

Би било убаво да ставите некоја слика да видиме сега каков плоштат имате.
 
Барам референдум за плоштадот во Струмица.
Толку гладни има, толку боси, многу населени места немаат основни инфраструктурни објекти.
 
Дојде време кога градовите се натпреваруваат кој појќе пари
е потроши на глупости.

Во Струмица си плаќаме ние од Струмица од општински буџет не од буџет на РМ како што е проектот во Скопје.
Проектот во Струмица не е плоштад туку сообраќајно решение.Сообраќајот се преместува под плоштадот а ќе има и подземни гаражи.
Овој проект не е од вчера ова го спомнуваше уште Кирил Јанев кога го направи подлезот кај собранието но тогаш се немаше пари.
 
Барам референдум за плоштадот во Струмица.
Толку гладни има, толку боси, многу населени места немаат основни инфраструктурни објекти.
Исто и трговскиот центар да се продаде и да им се дадат средствата на сиромашните. :)
 
Барам референдум за плоштадот во Струмица.
Толку гладни има, толку боси, многу населени места немаат основни инфраструктурни објекти.
Се придружувам кон барањето, што работа и вработувања ќе се направи со овие пари во тој крај :smir:

Епа mite84 плаќате од општински, а невработеност постои, луѓето се населуваат Скопје и странство, 1200 ветени вработувања...
Да не ги редам, ако забележуваш паралела со скопскиот случај, причините за користење на парите во други насоки...сето тоа зачинето со малку повеќе медиумска кампања (зошто подвозник, па ќе мочаат кучиња, па ќе се дрогираат под мостот...) и соодветен "експертски" притисок и збирање на плоштад може да се измени во нечија полза. На се може да му се најде замерка.
 
плоштад во вредност од четири милиони евра

Би било убаво да ставите некоја слика да видиме сега каков плоштат имате.


ева имаш на линкот што е на а1 телевизија
 
Во Струмица си плаќаме ние од Струмица од општински буџет не од буџет на РМ како што е проектот во Скопје.
Проектот во Струмица не е плоштад туку сообраќајно решение.Сообраќајот се преместува под плоштадот а ќе има и подземни гаражи.
Овој проект не е од вчера ова го спомнуваше уште Кирил Јанев кога го направи подлезот кај собранието но тогаш се немаше пари.
прво референдум па да видиме за што граѓаните ќе се одлучат,крадење или градење:tapp:
 
Барам референдум за плоштадот во Струмица.
Толку гладни има, толку боси, многу населени места немаат основни инфраструктурни објекти.
Што, мислиш нема да помине? Виде како нема вмроиди да се бунат против оваа идеја? Оти пред добрите идеи и кичерашите молчат.
 
прво референдум па да видиме за што граѓаните ќе се одлучат,крадење или градење:tapp:

Значи со партиски определени не се разговара овде кој краде се знае кај му е местото.
Јас велам дека овој проект е сообраќајно решение а не плоштад а ти пак демек не е само во Скопје еве гледај го и Заев.
До сега кој е од Струмица знае летото се затвараше плоштадот за сообраќај .Сега со новиот нема автомобилите ќе поминуват одоздола.Плоштадот ќе е само за пешаци.
И секако општината нема надлежнос за социјала таа е за инфраструктура да им го олесни животот на граѓаните.
Јас сум за поголема моќ на општините да не зависи се централно.
 
прво референдум па да видиме за што граѓаните ќе се одлучат,крадење или градење:tapp:



како што ти напишааа тоа е од буџетот на општина струмица а не од буџетот на Македонија а референдум ке нема бидејки веке се е подготвено за почнување на изработка во март ,а и ако има референдум што не верувам сигурно ке го подржат 98% од граганите
 
а не се иселуваат од Скопје во странство, нели? Што бладаш, бе?
Се иселуваат од сите места, но паралелата на одредени медиуми, експерти и партии оди натаму...сиромаштијата.
Инаку струмичката општина важеше за рекордер по број на невработени лица. Сега гледам невработеност е 40% (многу повеќе од државниот просек), а индекс на сиромаштија 28,7.
Зошто г-динот кој бара референдум за Скопје, не побара референдум за Струмица? Нека се и општински пари, далеку подобро би се искористиле (според негово резонирање).
Суштината е таа, паралела...а аршините на одредени лица се различни за иста проблематика-пари, подобра искористеност и сиромаштија
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom