Во Струмица ќе се гради плоштад во вредност од четири милиони евра

  • Креатор на темата Креатор на темата bama
  • Време на започнување Време на започнување
Проектот за Струмица = општински пари (пари на населението кое редовно си ги исполнува обврските за плаќање на даноци и другите давачки и живее во истата општина)

Проект Скопје = пари од државниот буџет (државно ниво, од цела земја)

Колку ли пати треба да се објаснува само...

И? И едните и другите пари се од населението кое редовно си ги исполнува обврските за плаќање на даноците и другите давачки во државата која живее.
 
И за Струмица ќе е за осуда ако се фрлат 4 милиони за плоштад единствено заслужува подршка затоа што сообраќајно ќе го реши проблемот во центарот подземно.Значи Струмица не троши 4 милиони за украс туку за подземна раскрсница со подземни гаражи.
 
И едните и другите се, ОК е тоа, АМА едните даваат пари за да си ги решат собраќајните проблеми во градот, а сите даваме за да ми стават украси на плоштадот во Скопје (иако 50%-50% го подржувам проектот).

Мислиш дека на некого од некое затунтано село од Мариово му е гајле за плочките што ќе се вратат на плоштад или за Алекс Македонски или сака да му асфалтират пат со тие средства кои преку давачките редовно ги подмирувал со години?

И за Струмица ќе е за осуда ако се фрлат 4 милиони за плоштад единствено заслужува подршка затоа што сообраќајно ќе го реши проблемот во центарот подземно.Значи Струмица не троши 4 милиони за украс туку за подземна раскрсница со подземни гаражи.

Токму така, убаво ќе изгледа поради тоа што ќе биде ново и ненатрупано.

Единствени украси (ако ги сметаме) се гранитните плочки од кој ќе биде направен и сонцето Вергина.
 
И? И едните и другите пари се од населението кое редовно си ги исполнува обврските за плаќање на даноците и другите давачки во државата која живее.

На тебе изгледа не ти е јасно дека општината сама обезбеди пари за градење на овој проект? НИТУ ДЕНАР ОД ДРЖАВНИТЕ ПАРИ
 
Општината се финансира од општински даноци, како и од дел од ДДВ-то...
Значи, секако, тоа се пари од народот.
Општината ги обезбедува од народот, дали директно или индиректно исто ти се фаќа.
 
На тебе изгледа не ти е јасно дека општината сама обезбеди пари за градење на овој проект? НИТУ ДЕНАР ОД ДРЖАВНИТЕ ПАРИ

Дечко пред да напишеш со големи букви прво осигурај се дали е така :)
Им префрла по основ на ддв како што кажа Стумикс и по основ децентрализација.
 
Неколку позитивни работи
1.Некој решил парите наместо у џеп да ги стави , да гради плоштад , подземни гаражи , и подземена сообраќајница ако не се лажам...
2.Добро е што другите градови во државата почнуваат да се развиваат.
Пример земја швајцарија , каде се е распределно скоро еднакво по целата територија на државата ... Скопје е многу поголем град по жители од било кој град во швајцарија.
Многу е лошо тоа што кај нас се се случува во Скопје.А Скопје нема капацитет да стане метропола , градот неможе тоа да го издржи , инфраструктурата му е НУЛА.
3.Добро е што ова барем ќе му биде на некој од корист , нема да биде уште една бескорисна статуа што ќе има улога да го грди градот , како Скопските скулптури.
 
Да префрла цели 2% од ДДВ кое се собира во општина Струмица другите 98% во буџетот на РМ.Општините секогаш ќе се уназадени кога ќе имаме ваква поделба на средства.Треба поголема децентрализација на средтвата а не сите пари на едно место.И сега од Буџетот ќе добијат општините Владата кои ќе каже.
Струмица 100 илјади регион поврзана со патишта со РМ од времето на Флинстоун.
Инаку морам да ја пофалам Владата конечно почна да ги прави патиштата околу Струмица .
Сакам да кажам срамно е државата 3 милијарди буџет,а општина како Василево има буџет колку една Владина реклама,треба поголема децентрализација.
 
Проектот за Струмица = општински пари (пари на населението кое редовно си ги исполнува обврските за плаќање на даноци и другите давачки и живее во истата општина)

Проект Скопје = пари од државниот буџет (државно ниво, од цела земја)

Колку ли пати треба да се објаснува само...
Струмица-живеаат 100% Струмичани-горе доле
Скопје-од година на година се повеќе и повеќе население населено од провинција(не мислев никога да навредам)

колку пати треба ЈАС да објаснам ДЕКА се гради за ЦЕЛ НАРОД,а не само за Скопјаните:nenene:
 
И што ќе ми е мене статуа?
 
па да не идете низ Европа за да се сликате:smir:

И кога немаше што да кажеш - тропаш глупости. Или глупави првоаприлски "шеги".

Ете бе, одговорот е даден, за Струмица зошто се реновира плоштадот:

Неколку позитивни работи
1.Некој решил парите наместо у џеп да ги стави , да гради плоштад , подземни гаражи , и подземена сообраќајница ако не се лажам...
2.Добро е што другите градови во државата почнуваат да се развиваат.
Пример земја швајцарија , каде се е распределно скоро еднакво по целата територија на државата ... Скопје е многу поголем град по жители од било кој град во швајцарија.
Многу е лошо тоа што кај нас се се случува во Скопје.А Скопје нема капацитет да стане метропола , градот неможе тоа да го издржи , инфраструктурата му е НУЛА.
3.Добро е што ова барем ќе му биде на некој од корист , нема да биде уште една бескорисна статуа што ќе има улога да го грди градот , како Скопските скулптури.

Ај сега фино, објасни ми ти зошто се прави во Скопје?
 
Да префрла цели 2% од ДДВ кое се собира во општина Струмица другите 98% во буџетот на РМ.

Од ддв кое се собира во цела Македонија,се одвојува и за Струмица.Плус и средствата од децентрализација не се баш мали за градови како Струмица.12 894 707 одат за децентрализација за споредба со реформи во здравство 5 405.
Што одат пари одат,што се тие премалку тука си во право.Бидејќи со данок на имот и наследство град неможе да се одржува.

А Струмица слободно може да си вложи во инфраструктура, патишта,подземни гаражи (нема каде да се паркира и да се движи возило) во крпење улици и слично.Лошо е ако поче да си го мери со овој како да го наречам и да ви нареди статуи.Се додека се вложува во инфраструктура и патиша ниту еден денар не е за џабе фрлен.
 
И кога немаше што да кажеш - тропаш глупости. Или глупави првоаприлски "шеги".

Ете бе, одговорот е даден, за Струмица зошто се реновира плоштадот:

Ај сега фино, објасни ми ти зошто се прави во Скопје?
па скоро сите што одат шетаат во Европа се воодушевени од тие скулптури и градби,па не гледам причина и зашто кај нас да нема такви скулптури па да можеме и ние сиромашните да се сликаме пред такви знаменитости:toe:(и не е ова априлска шега)

1)кој ги става парите во џеб од тој проект????-работниците кои ги поставаат темелите,вајарите и скулпторите кои ги прават тие дела,водоводџиите/парногреачите/електричарите кои поставуваа инсталации во новите згради?????
2)Дали Скопје има капацитет за град-држава???Дали само Скопје е град во Македонија,па што сите доаѓаат да студираат,живеаат и работат во Скопје?? .....ЕПА НЕ Е,да не беше Скопје "ветената земја" тогаш не треба Владата на РМ да го финансира овој проект,а се додека Скопје е тоа-тогаш ДЕФИНИТИВНО треба да го финансираат
3)Сите скулптури ќе бидат дел од Македонската историја,нешто што сите европски градови со векови го имаат!!!!!
 
Хахахаахахаха......
само шо скулптурите низ европа се пред век и векови затоа се интересни, сега се градаат модерни градби со функции за 21 век, сега никаде не се прават скулптури од минатато, туку се модернизира општеството.....
Подобро да ги направат сите патишта низ Македонија како шо треба со тие пари, отколку за коњи и лавови...... бидејќи од патот имаме повеќе корист......:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom