Ваши предлози за изгледот на Скопје во иднина

Капијата може да се стави негде стара чаршија или кај калето,слушам дека таму и веќе постоела капија

Башка друга работа, покрај Цар Самуил, зошто да има споменик на Гемиџиите во Скопје? (уште многу прашалници)
Тие немале ама баш никаква допирна точка со Скопје.

Немаат со Скопје али имаат со Македонија
 
А бе изорај тоа таму сето кај со државни пари ќе им улепшаат плоштад уште се бунат, нива да биде кал да газат со чизми гумени :tapp:.
 
вака сега мое мислење јас да дојдам на власт некад ова ке се деси :pos2::pos2:
прво градење на споменици нема шанси видете вака ама ич не ми е гајле кој бил важен за Македонија кој не ја не живеам у антиката јас сум у 21 век а сега за што би сменил
1.плоштадот-нема да градам ништо зошто ке биде натрупан цел и нема да личи на ништо само повеќе зелени површини ке направам и клупи за луѓе да одмараат вака нешто мислам зборам само за зелените површини и паркот на сликава
Photo%2Bof%2Bpark%2Bfrom%2B20%2BCity%2BSquare%2B713x470.jpg

2.сите објекти околу плоштадот фасадите ке им бидат обновени
3.изградба на модерни високи згради во центарот на градот да заличиме малку на светски град и ние секако и приватни фирми може да си изградат модерни деловни згради вака нешто ама што повеќе зошто од старомоднине објекти во центар ми се лоши
Invest-banka%282%29.jpg

4.под итно реновирање на ГТЦ срамота е како изгледа сакаме напред сакаме инвестиции а нема луѓено асален дуќан каде да купат гтц не личи на ништо катастрофа е би го срушил и од ново модерен трговски центар ке изградам кој ке се одржува а не како сега еден дожд и по скалине на гтц гомна паѓаат :tapp:\
вака нешто добро сега не иста големина ама во овој стил
pentagon_city_mall.jpg

5.изградба на концертна/спортска сала со 30.000 седишта нешто како белградска арена
Belgrade_Arena_north-west.jpg

6.може еве и музеј асален да направам ама модерна градба вака нешто
Muzej_suvremene_umjetnosti_Zg_111209_1.jpg

и тоа сеа со 200 мил доста е :pos2:
 
Гледам некои коментари за високи модерни згради во Скопје. Да во ред но тие локации обично не се на главниот плоштад. Еве за пример таква локација е карши Холидеј ин тоа е голем простор што чека во иднина да стане урбанизиран простор се надевам со високи згради.
----
Инаку за сегашниот проект сметам дека до сега ништо не се градеше во Скопје или истите проекти беа од минимални размери и со тоа Скопје со овие градби ќе добие дух, препознатлив дел и со градбите кои биле и пред земјотресот.
Ионака денес имаме би рекол комунистички објекти како МНТ и ГТЦ што се во сред град па очигледно никој нема забелешка за истите грди решенија.
Според тоа поддршка за проектот со минимални несогласувања од моја страна во делот за црквата но сепак не би коментирал за тоа.
 
Од високи, до модерни има голема разлика. Значи, не целата современа архитектура се ослонува на градење облакодери. Може се најприметливи за око кај народот, но далеку од тоа дека ја дефинираат современата архитектура.

Башка, имам кажано, Скопје не е подрачје за високи згради и облакодери. Опасно е, историјата го докажала тоа - не бил само еден земјотрес на ова тло.

И, високите згради менуваат микроклима на просторот. Во Скопје, во последните 20 години ионака е драстично изменета микроклимата, опасно е да се присилува тоа уште повеќе.

----

Реков, нема да коментирам и да разубедувам за тоа дали на некого му се допаѓа проектот или не - секој има вкус, овде сме да го искажеме. Но морам, затоа што навистина го сметам како навреда, лично кон мојата професија, да се осврнам на „комунистичките“ МНТ и ГТЦ.

МНТ е единствен објект во Скопје кој го претставува еден од најавантгардните стилови во архитектурата на 20 век - експресионизмот. Изучуван и земан како пример е, не само од македонските, туку и од сите европски архитекти. Неговата форма, која мнозината милувате да ја наречете „истурен бетон“ (навредувачки, само заради периодот во кој е граден) комплетно ги изразува принципите на стилот кој го претставува. Единствено жално за тој објект е неквалитетната изработка, и тоа што проектот не е довршен.

(И експресионизмот е стил, исто како барокот. Ако ви се допаѓа да го има едното, зошто плукате по другото?)

ГТЦ... сум пишувал и во други теми за него. Самиот чин на негово осмислување, а понатаму и развивање на проектот како креација, крие длабока симболика и на мајсторски модерен начин, во него е пресликан концептот на старата чаршија - растерот на улици и модулите на дуќани. Воедно, не се заборавило продлабочено да се анализирает неговата ефикасност, функционалност и технички карактеристики. Повторно, дело кое било за пример во периодот кога е градено. Тој објект, самиот по себе „и симиња капа“ на автентичната македонска архитектура која се наоѓа во чаршијата, и оддава почит, паралелно неа, и на времето во кое е граден. Никогаш повеќе, во Скопје нема да биде изграден објект, повеќе осмислен и подлабоко анализиран.

Заклучок: „грдите решенија“ ни ги ценат сите европски архитекти. И кога ги посетуваат, ги гледаат со почит. Но, ете, тој пусти комунизам шо ни напраи, толку да сме затворени од што го мразиме, па ни уметноста да не можеме да ја испочитуваме.
 
Ми дојде една идеја,може со овие 80 милиона или 200 колку се незнам, да се срушат сите згради од комуњарскиот период (а ги има у изобилие у Скопје) и после да се гради на нивно место зданија што личат на згради :wink:
 
А ти ако живееш во зграда од комуњарски период што би рекол ако решат да ти ја рушат?

Спомениците кои се планираат не ми сметаат сум за нивна изградба, со исклучок да речеме на капијата, а и не се потребни толку мостови во центарот. Може на други делови од градот.

Повеќе внимание треба да се опсвети на другите општини не само на строгиот центар, повеќе паркинзи или катни гаражи, паркчиња и дрвореди и слично.
 
За среќа не живеам фала богу, а да живеам би се согласил под кирија да идам некое време док се сруши и изгради,зш имам гастроинтестинални тешкотии кога гледам такви грдосии :jaj:
 
Од високи, до модерни има голема разлика. Значи, не целата современа архитектура се ослонува на градење облакодери. Може се најприметливи за око кај народот, но далеку од тоа дека ја дефинираат современата архитектура.

Башка, имам кажано, Скопје не е подрачје за високи згради и облакодери. Опасно е, историјата го докажала тоа - не бил само еден земјотрес на ова тло.

И, високите згради менуваат микроклима на просторот. Во Скопје, во последните 20 години ионака е драстично изменета микроклимата, опасно е да се присилува тоа уште повеќе.

Не се согласувам со твојот став дека Скопје не е погодно место за изградба на облакодери затоа што ако се мисли на многубројните земјотреси тогаш што би рекле за 100 катниците на далечниот исток кои трпат секоја година по најмалку 1 земјотрес. Сакам да кажам дека постои технологија и архитекти кои го решиле тој проблем со трусните земјишта.

А за проектот на ввладата за изгледот на центарот во 2014 немам ништо против, само не ми е јасно која е логиката за изградба на таа ТРИУМФАЛНА КАПИЈА и кој триумф ние сме го имале во скоро време, а исто така ме збунува и нејзината локација подобро би било да биде сместена некаде пред холидеј ин над булеварот веднаш пред мостот.
 
Ние немаме таква градежна технологија, нити толку пари, за да можеме да изведеме градба како некоја банка во Токио што може да си дозволи да изведе. Имај во предвид кај живеш :)
 
еееее.....малку машта може да направи чуда, но за жал кај нас се' е само нечии интерес , а најмалку се гледа интересот на граѓаните
.А така лесно и просто би можеле да направат туристичка атракција од градот,плус нешто за деца, плус нешто за пензионери....сума сумаеум- сите задоволни
Ко за почеток би требало хоризонталната синализација да ја средат и да ја модернизираат по примерите на големите европски градови и да користат поквалитетна т.е. најквалитетна боја оти оваа се брише за само месец дена , да ги фарбаат зебрите ИСКЛУЧИВО по полноќ, а истово важи и за било какви изведби, работи по улиците-
НИКАДЕ во свет НЕ се работи преку ден кога е најжив сообраќајот, дури и чистењето на улиците, парковите, контејнерите.... исклучиво ноќе да се изведува
 
Ми можеле малку да поработат на флора во градов. На пример можеле околу плоштадот нешто да стават. Слабо и во други населби има некои дрва, цвеќиња итн. Мислам дека повеќе би заличил градов доколку малце повеќе флора би ставиле.
--- надополнето: 17 декември 2011 во 12:55 ---
Друго мислење е дека ГТЦ треба да изреновира целосно. Паркот да се среди со повеќе летниковци (наместо да седат луѓето на тревата). Да се изгради сала како Белградска Арена за концерти. Универзална на ништо не личи од надвор, а од внатре е премногу мала. Тоа ми текнува во моментов само....
 
а бе ДИИИИИИИИЗНИЛЕЕЕЕЕЕЕЕНД:X3: и тоа во блиска иднина;)

1318020430_paris-disneyland-205.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom