Зимски олимписки игри - Ванкувер 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Plux
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 октомври 2008
Мислења
1.016
Поени од реакции
50
winterolympicgames_2010_vancouver_canada.png


Околу две недели не делат до започнувањето на 21-те зимски олимписки игри. Зимските олимписки игри ќе се одржат од 12 до 28 февруари во Ванкувер, Канада. Ова ќе се трети олимписки игри организирани од Канада, претходно Канада беше домаќин во 1976 во Монтреал и во 1988 година во Калгари, Алберта. Уште не се знае колку земји ќе учествуваат, али се предвидува бројка околу 80. Оваа година учесниците ќе се натпреваруваат во 15 спортови:
43693876.jpg



Нашата земја ќе излезе со тројца претставници на зимските олимписки игри. На 21-те зимски олимписки игри ќе скијаат и трчаат алпинецот Антонио Ристевски и нордијците Дарко Дамјановски и Росана Кироска. Епа со среќа!

По се изгледа програмата ќе ја отворат ски скокачите..
February 12, 2010
Код:
         9:00 - Ski Jumping - NH Individual Trial Qualification 
         10:00 - Ski Jumping - NH Individual Qualification Round 
         18:00 - General - Opening Ceremony

Лоша работа е тоа што многу од натпреварите ќе треба да ги следиме од сабајле. Времето на одржување на натпреварите не е според нашата временска зона, туку според нивната. Тие се 7-8 сати поназад од нас, тоа значи свеченото отворање ќе е околу 10-11 часот.

За мене најинтересни дисциплини се Alpine skiing, Freestyle skiing и Ski jumping и се надевам ќе ги даваат ако не на МТВ, барем на некоја од кабловските телевизии.
 
Значи на 12-ти во 9 отвараат скокачите ? :)
Ех многу рано е али ќе гледам да станам, сигурно ќе даваат на ЕуроСпорт ако не на МТВ.
 
Што направија дали ќе имало доволно снег? Кажаа дека за тој период се очекувале пролетни температури таму и дека им представува огромен проблем тоа. За да следнат времето како ќе биде што ќе биде потрочиле неколку милиони долари.
 
Што направија дали ќе имало доволно снег? Кажаа дека за тој период се очекувале пролетни температури таму и дека им представува огромен проблем тоа. За да следнат времето како ќе биде што ќе биде потрочиле неколку милиони долари.

Пред некој ден измериле 10 метра снег, така да не верувам дека ќе имаат недостаток :)
 
Лоша работа е тоа што многу од натпреварите ќе треба да ги следиме од сабајле. Времето на одржување на натпреварите не е според нашата временска зона, туку според нивната. Тие се 7-8 сати поназад од нас, тоа значи свеченото отворање ќе е околу 10-11 часот.
Мислам дека си грешка, баш натпреварите ќе ги следиме во попладневните часови. Ванкувер е 7 часа поназад од Скопје или Скопје е 7 часа понапред од Ванкувер, значи ако кај нив еден натпревар почне во 9 часот наутро, кај нас ќе го гледаме во 16 часот.
 
Нека се подоцна само да не се порано натпреварите.За снег не верувам дека ќе имаат проблеми носат со камиони од секаде.Ако нема таму не знам каде има на друго место.А отварањево во 18 ч по нивно?-ако е така значи ќе биде оклу 23 ч по наше.
 
Какви баксизу Канаѓаните, 5-6 години чекале Олимпијада и баш кога треба да се одржи имаат недостаток на основниот ресурс- снегот.
Сепак сигурна сум дека нема да ги остават така, т.е барем со денешниве технологии, кога во Дубаи направија скијачки центри, барем за овде не ќе е проблем

Инаку прочитав дека свечената церемонија за отворањето на олимпијадата ќе почне во 2.55 минути по полноќ и ќе трае до 6 часот сабајле. (веројатно ќе има и реприза утре преку ден)

Многу ми се интересни Зимските олимпијади, и термините за гледање ми се погаѓаат така да едвај чекам да почне :helou:
 
Пред некој ден измериле 10 метра снег, така да не верувам дека ќе имаат недостаток :)
Друже да измериле 10 метра снег не верувам и дека воопшто ќе почне да се одржи олимпијадата
Пред некој ден гледав на еуроспорт како ја спремаат патеката за скијање со машина додаваат снег за да биде рамномерно низ цела стаза и цврстината да биде иста ,затоа што доколку е помек снегот скијачите кои први ќе стартуваат нема да имаат исти услови како скијачите кои ќе стартуваат подоцна на натапкан снег ...
А еве и најнови вести

Планината каде што треба да се одржат натпреварите во скијање на Зимските олимписки игри во Ванкувер е погодена од силен дожд, што речиси го изми снегот што вчера ја прекри патеката. Организаторите го одложија тренингот во спуст на натпреварувачките.
Ванкувер се соочува со високи температури и недостаток од снег.
Организаторите се надеваат дека дека ќе падне нов снег за натпреварите во спуст-мажи да се одржат според распоредот. Олимпијадата почнува вечерва.

Свечената церемонија на отварање е вечерва односно 03:00 после полноќ на МТВ 1
 
Свечената церемонија на отварање е вечерва односно 03:00 после полноќ на МТВ 1

одлично, таман откога ќе се вратам утепан вечерва да се релаксирам со отварањето :tv:

let the game begin!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom