Стефус-Рефус
Jesus Loves Macedonia
- Член од
- 30 август 2009
- Мислења
- 3.452
- Поени од реакции
- 1.210
Како ќе се доставува избирачкиот материјал, како ќе се формираат избирачките органи во амбасадите каде што нема доволно луѓе, кога ќе се испраќаат луѓе од Македонија во дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) за спроведување на изборите... Ова се последните отворени прашања на работната група за измени на Изборниот законик во однос на гласањето на дијаспората
- Постојат резерви како ќе се направи евиденцијата на избирачите, а и дали ќе има време оние што ќе се пријават да гласаат во странство, да се избришат од избирачкиот список во Македонија - вели Јован Јосифовски од Државната изборна комисија (ДИК), кој е член и на работната група.
Тој наведува дека има големи дилеми и за тоа како ќе се реши заштитата на избирачкото право затоа што, според законот, не е дозволено доставување на приговорите да се прави по пошта.
- Засега нема решение. Можеби во овој момент најпаметно е да се размислува за одложување на изборите во дијаспората - истакнува Јосифовски.