Добромир Хрс

  • Креатор на темата Креатор на темата Salitos
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
Добромир Хрс бил средновековен македонски владетел на областа околу денешниот град Струмица, со центар во Просек, околу денешниот град Демир Капија. Во 1191 година бил нападнат од Византија, а во 1202 година му се губат секакви траги по што неговите територии ги презела Бугарската држава.
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%80_%D0%A5%D1%80%D1%81

Да ли некој знае нешто повеќе да каже за Добромир Хрс?
 
Добромир Хрс бил средновековен македонски владетел на областа околу денешниот град Струмица, со центар во Просек, околу денешниот град Демир Капија. Во 1191 година бил нападнат од Византија, а во 1202 година му се губат секакви траги по што неговите територии ги презела Бугарската држава.
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%80_%D0%A5%D1%80%D1%81

Да ли некој знае нешто повеќе да каже за Добромир Хрс?

Мислиш Добромир Хрст?
 
Па пишува Добромир Хрс не Хрст

Епа ти викам дека сегде пишува Добромир ХрсТ. Нигде освен тука не е запишан како Хрс. Ваљда си учел по историја кој бил,каде бил,зашто бил и најважно како се викал.
 
Околу 15 килограми византиски монети од периодот на втората половина на 12 век се пронајдени при археолошките истражувања на Цареви кули во Струмица.
Станува збор за 4.300 монети кои според археолозите, служеле како платежно средство во градот Цареви кули во времето на првиот самостоен господар на Струмица Добромир Хрст. Монетите се пронајдени во два купа на платото на тврдината.
"Ова претставува една од најголемата оставина на монети што се пронајдени на македонска почва. Истите го потврдуваат владеењето на самостојниот господар Добромир Хрст со Цареви кули во нестабилно време, бидејќи тогаш номадите го заземаат Солун односно се формира второто бугарско царство", вели Зоран Рујак раководител на археолошките истражувања на Цареви кули.
Пред една недела на овој локалитет беа пронајдени монети од времето на Филип Втори. Археолошкиот локалитет Цареви кули интензивно се истражува веќе две години.
Таму со пронајдената праисториска населба од лани и сите докази укажуваат дека на овој локалитет имало цивилизација цели 7.000 години поради што за археолозите, Цареви кули и понатаму претставува голема мистерија.
 
Добромир Хрс (Хрис)

Почетокот на владеењето на византискиот император Исак II Aнгел (1185-1195) е време кога новонараснатите феудални моќници ќе прераснат во значаен политички фактор. Голем дел во слабеењето на централната византиска власт имале и норманските навлегувања на Балканот кои ќе обезбедат плодни услови за осамостојување на некои феудалци од разлабавената централна власт. Еден од нив били Добромир Хрс кој бил активен во централниот дел на Македонија. Напочеток Хрс располагал со 500 вооружени луѓе и одржувал мирни односи со цариградскиот двор. Во 1189 година крстоносците на чело со Фридрих I Барбароса (oд III Kрстоносен поход) навлегле на Балканот ,на тоа се надоврзале и српските власти при што успеале од Византија да и го преземат и градот Скопје, сета таа мешаница Хрс ќе је искористи да се осамостои во струмичката област. Како владател на тој дел тој успеал дури да стапи во контакт и со Фридрих I,при што и делегација од Крстоносците му била во официјална посета на дворецот. После заминувањето на крстоносците од Балканот ,Хрс бил затворен,но за брзо време бил помилуван. За време на Алексиј III Ангел (1195-1203) Хрс повторно се осамостојува во Струмица,и го освојува градот Просек кој бил со извонредна положба во демиркаписката клисура на левиот брег на Вардар. Во својата нова база просек откако обезбедил доволно оружје и намирници презел голем поход при што неговата територија ја проширил на запад и југ до Прилепската тема (тема е административна област),на север до Скопје , на исток до Малешевијата до Мородвизд и на југо-исток до Струмица. На својата територија ги укинал византиските закони и вовел свои. После катастрофалниот пораз што и го нанел Хрс на Византија 1199 кај Просек,византискиот император се согласил на безусловен мир,при што му била признаена власта над Струмица и Просек и бил назначен за жупан над истите. Својата власт ја зацврстил и со брак со ќерката на византискиот протостратор Маноил Камиц. Со овој чин Хрс на свое (самостојно) располагање ја имал речиси цела централна Македонија. После апсењето на неговиот дедо Маноил од страна на Бугарите,Хрс повторно ги заладил односите со визнатискиот двор бидејќи не сакал да плати откупни на за истот на бугарските власти. Хрс со свои средства го ослободува и презема одмазднучки акции во делот на Пелагонија,при што движејќи се на југ успева да продре до Тесалија и да иницира востание во Елада кое резултирало со отклонување на пелопонез од византиската власт. Гледајќи ја сериозноста Византија ја мобилизирала речиси целата војска и на Хрс и неговиот дедо Маноил Камиц им задале голема контраофанзива при што за кратко време војниците на Хрс биле приморани да се повлечат во Просек.Целата територија на Хрс веќе била повторно во рацете на Византијците. 1201 византиските војски ја зазеле Струмица. Хрс бил сега потиснат во изолираниот Просек,но успева некако со своите телохранители да се извлече,при што понатака му се губи секаков траг.Неговата понатамошна судбина не ја пренесува нитуеден историски извор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom