Европските медиуми се натпреваруваат во гледаност со документарни програми кај нас го имаме братот. Па добро можеби на овој народ му е се пуно и рамно сите во фамилијата му се запослени земаат редовна плата секој викенд се на скијање па бараат мала доза на сеир . Шехерезат vs Маричуи борба за гледаност сите дома заковани да гледат лубов,тага, злобни луге после една доза повторно се враќаш во реалноста се купуваат статуи , се градат игралишта,мостови се е розово освен реалноста. Затупување до крај. Понатаму нашите политички емисии има спремни водители нема доволен број на гости се е исто само тие истите другите се во некоја дупка од каде го цицаат нашето млеко додека не прешуши па после продолжуваат со крв. Морам да ги пофалам имаме солидна спортска програма футбалче па ракомет понекогаш не ги пренесуваат нашите ракометари кога играт али затоа имаме македонско радио цццц чудо од радио неколку пати постаро од мена а како штотуку да има проодено. Абе красен пренос знаеш МРТВ програма никој не ја гледа ама лига на шампиони тамо се гледа Гостин во студио па муабети имаше некој шмек сега имаме некој фудбал што ни во кладилници не е актуелен ама битно ТОМИЌ го имаме човекот за лечење на нашите историско патриотски рани. Има уште али сега толку .
Пишани медиуми таканаречени весници. Насловна страна Политика е сега зависи од накаде е свртен позиција или опозиција. Доколку е на опозицијата отприлика би изгледал вака некоја слика која треба да не асоцира на пагање на економијата или некоја слика од некој политичар од власта како е замижан или си брка во носот над сликата наслов поврзан со некој наместен тендер . Доколку весникот близок до власта тогаш имаме слика примиерот или некој близок до него како е сликан до некој европеец или пак слика на некој таен состанок на лугето од опозицијата. Внатре одкако ке ги пролисташ првите страни кој се посветени на нашата внатрешна трагикомична политика следуваат наслови : Си го отепал братаси,со удар од секира го отепал таткаси,во селото ххх 76 годишниот Трајко падна од трактор и загинал, и уште ред други наслови и прикаски кој можеби би биле добри за трачење но не се вест за која плаќаме. Има и еден дел каде се пишува за некој новитет од областа на електрониката , наука ,зоологија, вселена ама никаде нема од каде е тој материјал па да видеме нешто повеќе ние лугето сме многу лубопитни. Информациите кој ги има од областа на културата и уметноста се тапа освен по стопати во годината пишувајки за едни исти престави кој играле или ке играат. Модерна уметнос нема па не ни треба таква уметност Европа е модерна а ние не сме дел од европа . Па и подобро е вака. Доколку медиумите би се занимавале со вест која ни доага од некоја земја од ЕУ како изгледа таму студенскиот живот колкави се каматите на студенски кредити, колкава е невработеноста, просечна плата, како некој министер преземал одговорност и си дал оставка поради морална одговорност затоа што си ја вработил ќерката како секретарка и одкако ке направиме споредба народот ке падне во депресија. Затоа подобро е вака медиумите ни го продолжуваат животот подобро биди глуп и ограничен ама биди жив и здрав.