Apokalipto
Tredici
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 15.576
- Поени од реакции
- 2.586
Научниците ги открија најстарите стапки од четвороножно суштество на планетава, за кои тврдат дека се стари 395 милиони години. Според нив, ова отвора нови прашања во теоријата за еволуцијата на човекот.
Се претпоставува дека стапките се 18 милиони години постари од оние за кои се сметаше дека се од првиот 'рбетник кој од водата "се преселил" на копното. Откритието би можело да го доведе во прашање овој пресуден период на еволуцијата.
Стапките биле најдени во еден каменолом во Југоисточна Полска, а јасно покажувале дека се работи за четвороножец кој најверојатно бил долг околу 2,5 метри и кој не го влечел своето тело.
"Отпечатоциве го поместуваат преминувањето на ‘рбетниците од вода на копно наназад за речиси 20 милиони години. Дрвото на еволуцијата останува како што го знаеме, само што сега се менува тајмингот. Ова откритие е онолку важно колку и стапките на Нил Армстронг на Месечината.," изјавил Филип Јанвиер од Националниот природен музеј во Париз.
До сега се сметаше дека четвороношците еволуирале од фамилијата на риби познати како елпистостеги, кои наводно со времето перките ги "замениле со нозе и раце."
Новото откритие укажува на дупка од 10 милиони години меѓу најстариот воден фосил и овие стапки, што посочува дека елпистостегите изумреле, а не се трансформирале во четвороношци.
"Трагите од стапки бараат радикално преиспитување на тајмингот, екологијата и околината на транзицијата од риби во четвороношци, но за да биде целосно ни требаат остатоци од фосили," стои во извештајот кој е објавен во журналот Природа.
х + х
Ново светло во еволуцијата т.е теоријата на еволуција и настанокот на човештвото од водоземците, по се изгледа дека некој доста порано си играл со калапите... чудни калапи