На која македонска ТВ и обраќате најмногу внимание?

На која македонска ТВ и обраќате најмногу внимание?


  • Вкупно гласачи
    60

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.523
Ај да видиме која ТВ има најголема гледаност од граѓаните. ке набројам неколку телевизии кои ги знам а ако има некоја што мислите дека треба да се стави во анкетата пишете па.. модератори нека преправаат :)
 
Канал 5, Телма и Наша ТВ. Порано омилена ми беше и А1, но последнава сезона ептен ја свртеа на кичерај.
 
Сител поради преживеан и добрите филмови, вестите им се провмровски ама барем не се антидржавни како на А1.
Телма поради Италијанско првенство.
 
Кога сум чист и испран, и сакам да уживам во документарци, гледам МТВ3 (собраниски канал, кога нема парламент), а кога незнам што да гледам, шетам со далечинскиот по сите програми и ништо не гледам како што треба. Кога мозокот ми е за перење гледам А1, Сител, Телма... После центрифуга вртам сателитска на К-15 ТВ да ме фати провев за да си го засушам мозокот. Кога треба да ми се дигне...патриотскиот дух, гледам МТВ1. Кога добијам нагон за пцуење, го гасам телевизорот и ги терам сите во... во преиспитување на квалитетот на својата програма...со „врло одабрани“ зборови... и пуштам компјутер и уживам со Кајгана :vozbud:
 
Не можам да кажам дека одреден канал го гледам најмногу. Зависи од тоа што сакам да гледам. Ако ми се гледа спорт тогаш Канал 5, Наша ТВ и Телма, многу ретко и А2(само за македонското кошаркарско првенство:)). Ако сакам да гледам филм (што ретко се случува бидејќи најчесто гледам на dvd) тогаш А1.
 
машала машала А1 гледам води бајаги... мислев канал 5 дека ке биде на прво место ама сум се излажал изгледа.. ај ке видиме и понатаму како ке иде..
Инаку модераторот го замолувам да ја достави Алсат телевизија (сум ја заборавил јебига :toe:)
 
Најмногу време тепам на А1, а на Сител гледам само фудбал и Преживеан :toe:
 
На А1 за филмови, Сител за English Barclays, Телма за Serie A, Канал 5 за Champions League, другите телевизии помалку ги гледам или ич.:wink:
 
а1 бе таму ми игра шехерезад :pipi: се зезам....ама стварно таму најубави филмови пуштаат. до душа и на алфа не се лоши филмчињата ама гласав за А1
 
  1. Канал 5 за ЛШ и чат-пат Во центар, Зевзекманија, Миленко.
  2. Телма за италијанско првенство и понекогаш знаат да изненадат со некој филм.
  3. Сител за англиско првенство.
За се друго постои компјутерот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom