10-те најголеми настани во астрономијата во 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата vrkolak
  • Време на започнување Време на започнување
Според мене:

06. Лансирање на Хершел и Планк

На 14. мај 2009 беа лансирани двата најсофистицирани телескопи, Хершел и Планк. Тие се дел од мисијата на ЕСА за истражување на вселената. Хершел ќе ги проучува најстудените објекти во вселената, оние кои се на крајот од инфрацрвениот спектар, кој како дел од ЕМ спектарот боглавно е неистражен. Планк, од друга страна, ќе ги мапира т.н. „фосилни светла“ на универзумот, односно микробрановата радијација останата од големата експлозија, со досега невидена прецизност и точност. Двете мисии се најамбициозните досега на Европа.
 
Јас едвај чекам резултати од Кеплер!! :vozbud:
 
Јас едвај чекам резултати од Кеплер!! :vozbud:


Првите резултати од Кеплер:
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=47645

„Кеплер“ откри пет нови егзопланети
Астрономите ги открија првите пет егзопланети (цврсти тела што се наоѓаат во орбитата околу други ѕвезди) со телескопот „Кеплер“ на НАСА. Опсерваторијата, која беше лансирана во март минатата година со цел да се пронајдат „нови Земји“, ги обезбеди првите резултати само неколку недели по нејзиното активирање. Иако новооткриените планети претставуваат гиганти поголеми од гасовитиот џин Нептун, од НАСА велат дека овие наоди претставуваат доказ за големата чувствителност на инструментите на телескопот, кој засега функционира одлично. Сите пет планети кружат многу блиску до своите матични ѕвезди, полна орбита завршуваат за околу три до четири дена и се толку врели, што дури и железото на нивната површина веднаш би се стопило. „Кеплер“ е создаден да открие карпести планети со големина на Земјата мерејќи ја закривеноста на светлината од ѕвездата што покажува кога некое цврсто тело поминува пред ѕвездата (од перспектива на Земјата). Меѓу другото, со помош на „Кеплер“ астрономите открија и мистериозен објект што е поврел од ѕвездата околу која кружи, а е премногу крупен за да се објасни како бело џуџе. Засега научниците немаат теорија со која би го објасниле постоењето на едно такво небеско тело.:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom