Скандал на хируршките клиники!

  • Креатор на темата Креатор на темата експерт
  • Време на започнување Време на започнување
Едната ја отпуштиле а за другата сеуште немале податоци кај работи но и против неа имало постапка - А1

Инаку за односот: нависитна им е никаков неколкупати сум бил сведок на директен потсмев од нив спрема пациентите но преќутував се додека еднаш не се погоди онака понервозен да и вратам кога се мајтапеше со дедо ми кој ја имаше оперирано ногата, и така весело ми се дереше тоа сестрата се до моментот кога ја прашав во кој правец е канцеларијата на дежурниот доктор и на директорот, е потоа беше весело да се гледа како трчка низ ходник и ми објаснува дека има син на мои години дека им требаат пари и сл.
 
Правдата е задоволена. Кога го видов настанов просто ми се згади животов. Знаев дека повеќето доктори се бездушни суштества гладни за пари, али ова веќе беше претерано. Не ја задоволуваа основната цел на својата работа, етиката и моралот. СРАМОТА!!!
 
Едната ја отпуштиле а за другата сеуште немале податоци кај работи но и против неа имало постапка - А1

Ако не работела таму тогаш кој кур барала таму, сега имаме и присуство на неовластено лице во медицинска установа, 100% ги имало уште само што не се сликани, овие бе журка си организирале за дочек на нова година:vozbud:
 
Оваа стварно наеба... :raz:
Според изјавата на министерот за здравство, оваа лекарка најверојатно ќе биде првата на која трајно ќе и биде одземена лиценцата за работа. Тоа го побарал Османи од Етичкиот комитет при лекарската комора, кои пак дури во петок ќе излезат со став за случајот.
- Како министер не можам, но како лекар побарав сериозно да биде разгледан случајот за да го вратиме угледот на останатите лекари кои ја губат довербата кај пациентите од вакви случаи, вели Османи.
 
Отказ за докторката која ги објави скандалозните фотографии на фејсбук

Докторката Маја Неделковска доби отказ од Ургентен центар. Директорот Реџеп Селмани не го прифатил извинувањето на докторката која жалела за објавените фотографии од новогодишното дежурство.
“Потпишав решение за отстранување на д-рката Маја Неделковска од работа и се поведува дисциплинска постапка за конечно отстранување од работното место. “-изјави директорот на Ургентен центар Реџеп Селмани.
Како министер бара случајот да има комплетна разрешница, како лекар е згрозен од тоа што го видел. Бујар Османи вели дека на пациентката од фотографиите ќе и понуди правна помош, а на лекарската комора и сугерира серозно да ги испита постапките на докторката.
“Апелирам до етичкиот комитет сериозно да го испита случајот. Затоа што вакви сличаи може неповратно да го нарушат угледот на лекарската заедница и на лекарската професија.”-изјави министерот за здравство Бујар Османи.
Од лекарската комора веќе испитуваат. Не сакаат однапред да судат како ќе постапат. До сега разгледувале многу случаи кога лекарите грешеле, но на ниту еден не му било трајно одземена лиценцата за работа.
“На пациентите треба да им бидат заштитени правата. Во болница не доаѓаат затоа што им е добро, туку затоа што имаат мака.”- вели д-р Здравко Чакар, претседател на Етичкиот комитет на Лекарската комора на Македонија.
Лекарката ја нема никаде. Не одговара на телефонските повици за објаснување зошто така постапила. Останува енигма и која е личноста во зелениот мантил која се слика заедно со Неделковска. Од Ургентен велат дека не е нивна колешка. Испитуваат како се нашла на новогодишната ноќ на нивната клиника. Скандалозните и невкусни фотографии ги објави докторката на нејзиниот профил на фејсбук. Стоеја три дена, а за пациентката имаше многу навредливи и сеирџиски коментари, меѓу кои и на Неделковска.

А ова на количкава позади вас е жив пациент или? Може и кукла да е нели? – прашала пријателка...
Мачко, како избегана од спот на тв планет беше облечена. Во една салфетка од сукња со светликави карнери и едно светликаво боди се вика изгледа...-одговара докторката

Пациентката се препознала на фотографиите. Нејзините родители биле разочарани од лекарите во чии раце било нивното дете. Засега не најавуваат никаква постапка.

Извор: Канал 5 Телевизија

Алал да и е на докторката...Жално што ова не е единствениот случај...
 
Ова е (очигледно дека ништо друго не делува) единствен лек за одредени појави во здравството,образованието, јавната и државна администрација... сите оние каде нема приватен капитал.
Не е нешто тема ама пошто сите бараме поажурна државна администрација можеби редно е неколкумина да страдаат, но да се средат работите и во тој домен. Едноставно за сите вакви и слични институции (каде е очигледна своеволноста, слободниот пристап кон работата и неработењето) најверојатно ваков вид казна е неминовен.
 
Тоа ти е кога нема професионалност и морал, кога немаш добри privacy settings на facebook или имаш пријатели предавници.

видете во videos, изгледа и е навика да снима на работно место
 
Ајде ги избркаа од работа многу нормално,дали вредеше за да се се пофалиш на фајсбук и тоа да го платиш со отказ од работа, е што ни направи facebook, правиме недозволени работи само за да не видат другите.
 
Па време беше нашето здравство да го погледнеме однатре.Еве како умирале пациенти под неразјаснети околности.Живеј и смеј се додека си здрав.Кому му е грижа што си се разболел?На докторите најмалку.Наравно секоја чест на поштените кои кој знае и дали ги има.
 
П.М. паразити едни бе, за нив и лиценци да му се одземат треба и казни за злоупотреба на должност да јадат. И сите доктори со загубени пациенти треба истото да го добијат јзк да му е, морони бе еј. Да одат такси треба да возат да му се плукнам во дипломите.
 
П.М. паразити едни бе, за нив и лиценци да му се одземат треба и казни за злоупотреба на должност да јадат. И сите доктори со загубени пациенти треба истото да го добијат јзк да му е, морони бе еј. Да одат такси треба да возат да му се плукнам во дипломите.

Уште полошо, ќе тргне раце од воланот за да се слика, а и ќе те фати тебе од позади и ете ти пак проблем...не зафркавај...
 
Толку од Хипократовата заклетва :(

Зарем мислеше сите ја почитуваат.

А сакаш да ми кажеш дека тоа што го направиле е оправдано.Па клада ами како.Поради ваквите овци недоквакани ке се плука на сите доктори и ке се фрлаат камења на тие што се обидуваат да си ја вршат работата совесно.Какво испитување случај, да можам јас да одлучувам, двете ке летаат од работ и плус парична казна. Овие не заслужуваат титулата да ја носат бе а не со луѓе да работат и нечиј живот да биде во нивни раце.Не знам дали имаат деца ама знам дека нема да се смеат толку убаво ако нивна ќерка е на некоја ваква слика.

АПСОЛУТНО.

Треба казна....ама не клада:vozbud:

Ако не работела таму тогаш кој кур барала таму, сега имаме и присуство на неовластено лице во медицинска установа, 100% ги имало уште само што не се сликани, овие бе журка си организирале за дочек на нова година:vozbud:

Епа....нова година е..


:pos2::vozbud::vozbud:

Си шибнале од тоа наркотиците што ги имаат...и чекале:pos2: нова година:vozbud:
 
Не дека ја почитуваат сите, ама демек се заколнуваат во неа па сеа... :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom