Скандал на хируршките клиники!

  • Креатор на темата Креатор на темата експерт
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е само уште еден доказ дека тие воопшто и не приметиле дека зад нив има некој... едноставно девојката е дел од инвентарот од работа...

во нормална држава тие би станале дел од инвентарот во агенцијата за вработување.
 
Мамата , оваа десно ми изглеа познато .... Ко ја коа бев на Токсик :pos2::pos2::pos2:


Шала на страна : Дебили ....толку имам да кажам за овие ...се надевам дека ке јадат приватна тужба и кариерите ке им завршат на мизерен начин ...

Преку к*р со докториве више ...
 
Греота е бре ова што го прават...
 
Моментално се прашувам една работа, колкав треба да си идиот да ставиш компромитирачки слики од тебе на фб, па уште и да коментираш ?!

Јас би ги тргнала од работа поради тоа што очигледно не размислуваат со мозокот, а за да работиш во ургентно каде бара брзо размислување .
 
во нормална држава тие би станале дел од инвентарот во агенцијата за вработување.
со шкртната диплома за било какво медицинско (не)образование.

Калипсо има право, не треба забрана за мобилен со камера. Замислете зад камера што се такви типови прават. Треба забрана за такви луѓе да пријдат до било каква работа пошто секоја работа си сака професионализам.
Што ако некој од нив работи у банка и пушти копии од влогови и сметки од одредени фирми и лица, што ако работи во полиција и пушти слики од ..., ако работи во мртовечница во градски гробишта...има многу занимања "погодни" за изживување. Дури и молерот треба да има непишан кодекс на однесување. Штом аплицира за работа и се вработи, секој од нас има пишан и непишан.
 
Не знам дали размислуваат овие луѓе, толку години поминуваат на медицински факултет и прават вакви глупости. Па ова е недозволиво, се надевам дека дипломите што го добиле наскоро ќе вредат исто колку и тоалетна хартија :raz: Инаку, не сакам да спомнувам имиња, но докторкава многу ми личи на една докторка која беше дел од докторскиот тим на една од нашите репрезентации.
 
Прво, Она на што треба да се обрне внимание е дека девојките работа во Ургентен центар - тоа е место каде што сите со најтешки повреди се упатувани за после тоа да ги сместат не некое од одделенијата.

Второ, не може да станува збор за пијанство затоа што тој проблем се третира на токсикологија и нема никаква врска со ургентен центар.

Трето, секоја работа и професија си налага одредени стандарди и кодекси на работа кои треба да се почитуваат и доколку не се почитуваат следуваат дисциплински казни. Сликање на пациенти и објавување на нивните фотографии на фб сигурно е забрането од проста причина што тоа е сигурно спротивно на законот за заштита на личните податоци.

Четврто, речникот и начинот на кој се коментирани сликите не доликува прво на еден возрасен и сериозен човек а уште помалку на ДОКТОР на кој исклучиво работа му е да помага и лечи а да не кажува кој/како е облечен.

Петто, замислете како ќе се чувстува девојката што лежи позади кога ќе ја гледа сликава. Ако е така тоа лесно ќе ги сликаат сите пациенти за време на хируршките интервенции и пред да излезат од болница ќе им даваат подарок фото албум.

И на крај факт е дека ова е една од работите по кои може да увиди трулоста на нашето здравство. Само не знам уште колку време ќе ни треба за да сфатиме дека тоа е сериозен дел од секоја држава на кој треба да се обрнува многу внимание. Ова е една од лошите работи кои ни ги донесе глобализација. И на крај се чудам како може една ваква свиња од човек како докторкава да заврши Медицински факултет и да и дозволат да лечи луѓе.
 
Бог да чува,свашта се случуваат.Срамота.
 
Бидејќи никој нема слики од работа на фб, нели?



Ќе се сложам дека многу работи се случуваат поради докторска негрижа. Не многу, премногу. Но ова не е една од нив. Ја примиле девојката, ја прегледале, ја оставиле да лежи, се сликале. Тоа последното им е огромна глупост. Објавувањето на фб исто така моронштина.
Не е вест. Не е скандал.

Скандал е што секој ден оперираат доктори со пола литро виски во себе.
Скандал е бебето слепо да го вратиш дома бидејќи не го прегледале.



Не екстремно саркастичен, малку :)
Ако успеам денојве ќе ти цитирам мал дел од докторската заклетва,па ќе видиш на што се` се колнат докториве.
Пациенти се, какви сака нека се и пијани и претепани и психички растроени сепак се пациенти.
Скандал е и те каков.
Нарушување на приватноста.
Неможам да најдам соодветен епитет со кој можам да ги именувам овие суштества.
Го кажуваш ова ко да е сосема нормална работа.
И можеби за тебе е сосема нормална работа оптегнат на каучот гледаш ТВ и коментираш,но никогаш нема да знајш колку е нешто трагично,ако не го осетиш на своја кожа.
Не си доктор само ако примиш некој, го легниш на кревет и му дајш инфузија и после сликај се,спијај шо сакаш прај.
И ова е дел од докторска негрижа,бидејќи негрижа не значи само да го умриш на пациентот.
Да беа толку загрижени за пациентот,немаше да му ја нарушуваат приватноста.
 
уфф бљувотини... па уште и на ФБ си ги апдејтнале... изглеа овие биле волонтерки, незнам како не им е јасно дека вакви работи не се дозволени.. то ти е исто ко да снимаш во стрип клуб
 
уфф бљувотини... па уште и на ФБ си ги апдејтнале... изглеа овие биле волонтерки, незнам како не им е јасно дека вакви работи не се дозволени.. то ти е исто ко да снимаш во стрип клуб
Волонтерки... :pos:
Меѓу другото... Кој ти волонтира на Нова Година жити се :pos:
 
Арно викаше дедо ми „НЕ ОДИ НА ДОКТОР - УМРИ СИ КО ЧОЕК“
 
а кој ги прашува нив, баш тие ги ставаат за вонредни состојби, гуштерите...
 
Волонтерки... :pos:
Меѓу другото... Кој ти волонтира на Нова Година жити се :pos:

Изгледа не си добро запознаен со концептот на волонтирање во здравствените установи, па затоа му се изнасмеа на тоа што го напиша дечкото погоре.
Волонтерите имаат работно време и работни обврски, само што не се платени (или им даваат некоја симболична сума) за тоа.
Нивното волонтирање не се должи на желба да помогнат, туку најчесто им треба стаж, искуство или немаат што да прават, па волонтираат надевајќи се дека ќе ги примат.
За овој скандал треба да се преземат сите законски мерки затоа што е направен страшен прекршок во секој поглед, етички, морален, професионален.
И да е случајно фатена девојката во позадина (што не верувам), сигурно ја виделе сликата кога ја префрлиле на компјутер и ја забележале девојката.
За жал кај нас ретко се почитува докторската етика и правилото на доверливост, па се дознава се' и ретко кој доктор се држи до правилата.
 
Арно викаше дедо ми „НЕ ОДИ НА ДОКТОР - УМРИ СИ КО ЧОЕК“
А дедо ти жив е?
Језиво делува сликата за нас посебно дека не се среќаваме често со такви проблеми како и докторите.Сум имал шанса да работам во амбуланта 6 месеци и да сватам колку човек на моменти отрпнува на туѓите маки иако знам дека не треба.
муабетот мие дека не ги осудувам бидејќи знам дека како и за сите луѓе и за нив било нова година и не било може толку страшно како што изгледало.
Лошото според мене е што е ставено на facebook.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom